Како на филм: Цел месец талкале низ Пацификот по преживеана бродска несреќа (ВИДЕО) - Канал 5

Како на филм: Цел месец талкале низ Пацификот по преживеана бродска несреќа (ВИДЕО)

Четворицата преживеани биле меѓу 12 патници кои тргнале од Папуа Нова Гвинеја кон крајот на минатата година. На пат кон островите Картерте, доживеале бродолом во кој загинале осум лица.

Како на филм: Цел месец талкале низ Пацификот по преживеана бродска несреќа (ВИДЕО)

Другите патници успеале да останат на површината на Пацификот, каде чекале цел месец на спас или смрт.

Патниците велат дека успеале да преживеат благодарение на дождовница и кокос. Тие беа спасени кон крајот на минатиот месец и раскажуваат како изгледала нивната борба за гол живот.

Преживеаните вклучуваат жена, нејзино 12-годишно дете, маж во 20-тите години и уште еден маж по име Доминик Стали. Соломон Стар Њуз пишува дека тие биле спасени на 23 јануари, еден месец откако заминале на патување.

Бродот испловил од местото Бука, лоциран на островот Бугаинвил во Југоисточен Пацифик. Патниците се упатиле кон островите Картерте, каде требало да го поминат Божиќ. Конечната дестинација е околу 100 километри оддалечена .

Стали вели дека бродот потонал и тогаш загинале осум патници, меѓу кои и едно бебе. Тој не објасни што ја предизвикало ужасната несреќа.

Преживеаните, според Стали, успеале да го свртат чамецот и да ја исфрлат целата вода од него.

"Не можевме да сториме ништо. Кога сфативме дека се мртви, ги фрливме нивните тела во водата. Двојката со која бебето патувало ја преживеа несреќата. “, наведува Стали.

На 23 јануари, рибар го забележал чамецот во кој преживеале луѓето.

„Бевме пронајдени во близина на брегот на Нова Каледонија. Рибарите ни дадоа вода и храна. Потоа, на 8 февруари стигнавме до Хоњара, главниот град на Соломонските острови“, рече Стали.

Четворица преживеани патници биле во болница поради дехидрација. Секој од нив рече дека преживеале благодарение на кокосите и дождовницата. Останува нејасно каде ги нашле кокосите и дали собирале дождовница од чамецот од каде претходно ја исфрлиле водата.

YouTube video

Тие во моментов се наоѓаат во болница, под заштита на високиот комесар на Папуа Нова Гвинеја, Џон Балаву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 11. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 11. ноември 2026 година.

Дневен хороскоп за 11. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место.

Кариера

Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело.

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали.

Кариера

Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе.

Здравје и совет

Посветете му се на вашето хоби.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис.

Кариера

Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации.

Здравје и совет

Прифатете ги другите какви што се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место.

Кариера

Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба.

Здравје и совет

Радувајте се .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша.

Кариера

На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено.

Здравје и совет

Будете поумерени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте.

Кариера

Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани.

Здравје и совет

Однесувајте се природно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста.

Кариера

Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата.

Здравје и совет

Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека.

Здравје и совет

Ќе ви се спие.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност.

Кариера

Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени.

Кариера

Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе.

Здравје и совет

Повеќе живејте во сегашноста.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат.

Кариера

Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени.

Здравје и совет

Држете се до фактите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас.

Кариера

Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација.

Здравје и совет

Чувајте се од провев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер