3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотКако Мурињо го разделил Озил од провокативна манекенка- Со неа спиеше целиот тим на Милан...Германската фудбалска ѕвезда Месут Озил неодамна одлучи да ги закачи копачките и да замине во заслужена пензија.Можеби ова е најдобрата одлука за него, со оглед на тоа што со години не игра на своето препознатливо ниво. Славниот Германец зад себе има феноменална и богата кариера, а најдобрите партии ги одигра во дресот на најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид каде настапуваше од 2010 до 2013 година. Пред неколку години шпанскиот весник „El Konfidential“ објави снимки од разговорите на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, на кои се слуша дека тој знаел се за љубовниот живот на Месут Озил и немал ништо убаво да каже за неговата тогашна девојка. Инаку, Озил во тоа време бил во врска со венецуелската манекенка Аида Јеспика. "Озил се заљуби во манекенка од Милано. Мурињо му рече "целиот тим на Милан, целиот тим на Интер и целиот тренерски штаб спиеја со твојата девојка". Мислам дека Озил раскина со неа по таа изјава. -Месут имаше само 21 година кога со девојката пристигна во Шпанија, но брзо ги открил „волшебствата“ на Мадрид и драстично го променил својот стил на живот. Од скромно момче станал голем заводник. Озил прво се раздели од својата девојка и започна врска со убавата венецуелска манекенка Аида Јеспика . Поради неа започна да користи приватен авион за да лета до Милано каде живееше Аида и потоа да се врати во Мадрид, изјави Перез на видеото, а може да се каже дека после изјавата на португалскиот тренер за убавата Аида, Мурињо и Озил беа во конфликт бидејќи на германскиот фудбалер не му се допадна тоа што тренерот го зборува за Аида. Недолго потоа Озил и Аида ставија точка на врската, а потоа германскиот фудбалер се ожени со шведската актерка со турско потекло Амина Ѓулсе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржиниГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче, а извршена е и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците. - За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно е поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно и дека за првпат е поставено ЛЕД-осветлување. Дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација. - Од Водно најубаво се гледа колку е убаво нашето Скопје. Затоа, да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“, за поддршката во уредувањето на овој простор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банкаИ кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка. Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка. Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери. Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните. Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08