3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ЖивотКако „КИВА“ програмата се справува со врсничкото насилство во Финска?Додека Македонија ги исчекува новите протоколи за намалување на врсничкото насилство по белградскиот маскр, во светот веќе на голема врата се интегрира моделот на најсреќната земја на светот, Финска. Програмата наречен КиВа речиси го преполови насилството во нордиската земја. Покрај жртвата на булингот и насилникот, фокусот е насочен и кон немите набљудувачи кои не преземаат ништо, а се клучен фактор во сузбивање на насилството... Во Финска функционира, но самиот факт што се почесто се интегрира ширум Европа покажува дека е успешен за различни култури и менталитети. Една од нив е Велс чии деца се чувствуваат побезбедни... Еден од главните бенефити е кога ја гледате детската интеракција, програмот им нуди вештини да се справат со одредени ситуации кои што можат да прераснат во булинг сценарио. / Мислам дека КИВА ги направи нашите деца повеќе самоуверени, внимателни и грижливи и тие мали нешта кои гледаме цело време знаеме дека се директен резулт на КИВА.- Хју Едвард Џоунс – Наставник Насочен е кон емпатија и разбирање на булингот, воедно, посочувајќи им на децата да го почитуваат убавиот збор, кажан за нив и од нив кон другите, па според експертите децата уште од мали нозе создаваат морални вредности со кои го разграничуваат доброто од лошото.. На КиВа часовите глумат сцени преку кои на најмалите им се објаснува какви рани создава булингот. Има и рекреативци кои носат рефлектирачки елеци со кои постојано ги потсетуваат учениците дека и тие се одговорни за безбедноста на сите... -Сакам да учествувам на КИВА предавањата, бидејќи не поврзуваат како одделение и како тим и ако некој страда, му помага да надмине../ КИВА не учи да ги препознаеме варијантите на булинг, како да им се спротивставиме и да ја надминеме ситуацијата и да им помогнеме на жртвите да го надминат булингот. Дека КИВА моделот е сериозен успех се сложуваат и експертите од земјава. Универзитетската професорка Ана Фрицханд, вели дека е добро запозната со моделот и малку го образложи, но сепак смета дека можеби истиот не би функционирал секаде... меѓутоа КИВА моделот многу внимание посветува на една карика која не смееме да ја заборавиме секогаш кога зборуваме за меѓуврсничкото насилство. Тоа се пасивните набљудувачи за кои истражувањта кажуваат дека надминуваат 85% од целиот контекст, значи не е само жртва насилник, туку што правиме со сите кои тоа го гледаат, снимаат и различно реагираат во такви ситуации, КИВА моделот многу работи на освестување на таа компонента.- Ана Фрицханд – Универзитетски професор Досега финскиот концепт го презедоа Белгија, Шведска, Естонија, Британија, Нов Зеланд и Шпанија…Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00