Како јагодите да ви останат свежи и до три недели! - Канал 5

Како јагодите да ви останат свежи и до три недели!

Сезоната на јагоди е во полн ек,  многумина од нас едвај ја дочекаа.

Како јагодите да ви останат свежи и до три недели!

Но, колку пати сме ги купиле, особено кога ќе се појават, па имаат висока цена, а после само една ноќ почнале да скапуваат, па сме биле принудени да ги фрлиме.

Токму тоа се случува со многу други овошја, па се препорачува доколку не ги јадете веднаш, да ги купите во не толку зрела состојба.

За среќа, Интернетот е полн со совети, луѓето ги испробале речиси сите трикови, па на социјалната мрежа TикТок се појави видео од позната блогерка која сподели совет како да ги сочуваме свежо купените јагоди и до две недели.

Стеф Џиљоти тврди дека јагодите или кое било друго овошје никогаш не треба да се чуваат во кеса, туку треба да се измијат и да се стават во стаклен сад што се затвора за да се заштитат од дополнителна влага од фрижидерот.

На пример, класична тегла со капак.

Видеото на ТикТок имаше голем број коментари каде задоволните корисници ѝ се заблагодарија за инструкциите.

@stephgigliotti28 Did you know!! It really works!! Store any berries for weeks in your mason jars in the fridge unwashed. 🤯 #hacks #WomenOwnedBusiness #tipsandtricks #kitchenhacks #freshberries ♬ original sound - Steph Gigliotti

Еден корисничка препорачува да се стави хартиена салфетка на дното од садот, под овошјето, како и под капакот, со цел да се одржи овошјето свежо. Како што објасни таа, салфетката дополнително ќе ја впие преостанатата влага, а јагодите ќе бидат сочни и вкусни исто како на денот кога се купени. Ова, како што се тврди, важи и за сите други помали овошја.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Досегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство.

Нетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за влада

Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места.

Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место.

Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер