ФудбалКако Халанд стана најзабавниот играч на СП? (ВИДЕО)Ерлинг Халанд е еден од најдоминантните фудбалери на денешницата и една од најголемите ѕвезди на Светското првенство во 2026 година, но неговата приказна ова лето не е само за голови.Додека тој го прави она што го прави најдобро на теренот, постигнувајќи голови и ја води Норвешка низ групата, тој привлекува исто толку внимание и надвор од неа - на Snapchat. Освои милиони со своите објави Норвешкиот напаѓач, познат по својата физичка сила, брзина и неверојатна голгетерска ефикасност, стана нешто сосема друго во онлајн светот: опуштен, духовит и честопати целосно непредвидлив креатор на содржина. Неговите следбеници, кои бројат повеќе од 2,5 милиони на Snapchat, се навикнати на објави кои повеќе личат на приватен разговор отколку на внимателно исчистена јавна слика. Наместо класични ПР-најави и „украсени“ моменти, Халанд споделува сè - од самопонижувачки фотографии и филтри за AR до кратки, саркастични одговори до пораките на обожавателите. На пример, тој го насмеа интернетот со едноставно „Ок, работам на тоа“, откако еден навивач му рекол да се фокусира на првенството. Неговите селфи со филтерот Шрек исто така станаа вирални, како и забавните објави каде што тој пробува различни ефекти - па дури и такви што го прават да изгледа ќелав. whoever influenced haaland to download snapchat is the best person ever pic.twitter.com/4nBwGHO1Da — maja𝜗𝜚˚⋆ (@yveslvvrs) June 17, 2026 Тој е успешен затоа што е спонтан Како што вели Џули Богаерт, шефот на партнерствата на Snapchat, токму оваа спонтаност го издвојува: „Ерлинг само објавува. Без украс. Самиот. И интернетот целосно полудува по тоа, на најдобар можен начин“. Тој додава дека најдобрите дигитални соработки се случуваат кога луѓето се чувствуваат слободни да бидат тоа што се: „Слободни да бидат чудни, спонтани, реални. Ерлинг се снимил себеси со филтерот Шрек во автобусот и го „скршил интернетот“. Тоа не може да се произведе. На овој начин, Халанд стана редок пример на спортист кој е релевантен за она што го прави на теренот, како и за она што го објавува на интернет. Опуштено на СП И на теренот - приказната е исто толку импресивна. Во првите два натпревари на Светското првенство постигна четири гола и влезе во борбата за Златната копачка заедно со Лионел Меси и Килијан Мбапе. Неговите два гола против Сенегал и донесоа победа на Норвешка со 3:2 и пласман во нокаут фазата во нивниот прв настап на Светското првенство по 1998 година. Хит се и норвешките навивачи Покрај сето тоа, Интернетот доби уште еден бонус - норвешките фанови. Нивната прослава позната како „Бродот на Викинзите“ стана вирална и заврши на Тајмс Сквер во Њујорк и во метрото, каде Норвежаните го претворија турнирот во вистинско шоу надвор од стадионот. @ahsangorayausa1 You don’t need a stadium when Norwegian fans turn Times Square into a Viking ship. 🇳🇴⚔️🔥 #norway #norway🇳🇴 #nyc #soccer #fifaworldcup ♬ original sound - Ahsan Goraya Помеѓу головите, „Снепчетс“ и еуфоријата на навивачите, Норвешка и Халанд моментално се една од најзабавните приказни на турнирот - комбинација од врвен фудбал и интернет хаос што ги освои и трибините и фидовите.Тагови: Халанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКако протестите во Европа можат да влијаат врз проширувањето на ЕУ?„Вирусот“ на протести, поттикнати од т.н. GEN Z се шири нив Европа – последниот бран ја зафати Грција, откако илјадници ученици, студенти, наставници и други административни работници излегоа на протести во Атина и ширум земјата. Се бараат подобри услови во образованието и мерки за справување со високите трошоци за живот. Во меѓувреме се заоструваат антивладините протести и во соседна Албанија. Тензијата утринава се манифестираше и во парламентот, каде што дојде до физичка пресметка. Студентите и професорите продолжија да бараат оставка од премиерот Рама пред неговиот кабинет. Рама повторно понуди „столчиња за дијалог“, овој пат бетонски, откако демонстрантите во два наврати ги искршија дрвените. Анкета: Сите политичари, од двете партии, главните партии, треба да си заминат, во основа. Тоа е она што новата генерација го сака./ Корупцијата е на невидени нивоа, невидени во било која друга светска држава. Пред нов протест е и Италија, оние кои ќе бидат насилни и ќе вршат кражби ќе подлежат на остри санкции, а се најавуваат и 500 војници на улиците на Милано за в Сабота. Оние кои протестираат возвратија дека им е доста ОД моменталните услови за живот. Доста ни беше веќе од ова. Ние сме луѓе кои работиме, ние сме луѓе кои плаќаат кирија, ние сме луѓе кои плаќаме сметки и не можеме да истуркаме до крајот на месецот дури и со две плати. Преку глава ни е, ja преминавте секоја граница. Доста е, доста е и доста е. А, дојде и до физички пресметка меѓу насобраните, односно со мигрантите. Јас сум тунижанец, дипломирав тука, со италинаско државјанство и никогаш не сум направил глупост. Не гледате ли дека главата му е полна со пајажина. Искористи шампон. Решителна акција против насилството и грабежите најави и францускиот претседател Макрон, откако улиците низ земјата се претворија во хаос. Француската полиција пак најави забрана за протести во делови од Париз и воведе полициски час за малолетници Протестите се мешавина од GEN Z тренд и реални потреби и имаат сериозен потенцијал да го опфатат целиот континент, сметаат аналитирачите. Според нив, ваквите состојби можат да бидат сериозен удар за евроинтегративните процеси. -Во моментот немирите кои се случуваат низ цела Европа, кои имаат потенцијал да ескалираат, се уште се третираат како социјален феномен на домашните земји членки, но доколку тие продолжат и се претворат во задгранично, меѓународно движење, може да влијаат на политичкиот апетит на ЕУ за проширување. Може да ги зафатат политичките елити со барања за домашни проблеми, пред да можат да се свртат на проширувањето како гео – стратегија. - Петар Арсовски – Аналитичар. Според аналитирачите, сериозна опасност по евроинтегративните процеси е и растот на десничарските партии во „носечките“ земји на Унијата, како АФД во Германија партијата на Марин Ле Пепен во Франција, кои докодлку дојадат на власт најавуваат преиспитување на мигрантските политики, а особено и проширувањето на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултатиМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети мислења за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на реформата на јавната администрација. Министерот Минчев му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи очекување дека досегашното партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива преку конкретни иницијативи, размена на искуства и експертска поддршка во реформските процеси. „Нашата цел е јасна, јавна администрација што работи професионално, одговорно и ефикасно, а граѓаните тоа да го чувствуваат преку услугите што ги добиваат. Затоа ни е важна соработката со партнерите кои можат да придонесат со знаење, искуство и добри практики што ќе ги преточиме во конкретни резултати“ истакна министерот Минчев. Посебно внимание беше посветено и на развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерот Минчев ги истакна досегашните активности и приоритетите за нејзиниот понатамошен развој. Во таа насока, беа разгледани можностите за вклучување на грчките институции во идните активности преку размена на искуства, развој на програми за обука, усовршување на обучувачите и пренесување добри практики. Министерството за јавна администрација останува посветено на градење партнерства што придонесуваат за развој на професионални и одговорни административни службеници, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Целта на реформите е промените да не останат само на хартија, туку да се препознаат во секојдневното функционирање на институциите и во квалитетот на услугите што ги добива секој граѓанин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУПотребата од забрзување на европската интеграција на Западен Балкан и постигнување конкретни резултати се во фокусот на денешниот Самит на Берлинскиот процес, кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора. Премиерот Христијан Мицкоски очекува лидерите да испратат јасни пораки за европската перспектива на регионот, но и да понудат суштински решенија за надминување на пречките во процесот. Пред почетокот на самитот, Мицкоски порача дека Македонија одамна ги исполнила очекувањата за да стане дел од Европската Унија, но дека почетокот на преговорите и натаму е блокиран поради, како што оцени, вештачки причини. – Денеска очекувам многу силни пораки во однос на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. Секако, тука ја вклучувам и мојата земја. Македонското досие е многу сложено. Одамна заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но, за жал, поради одредени вештачки причини, сè уште не сме во можност да ги започнеме преговорите. Но, денеска во моето обраќање ќе ја претставам и ќе ја пренесам пораката за силната посветеност на македонската Влада на реформската агенда на ЕУ и на европската интеграција. Практично, такво е и досегашното дејствување на мојата Влада и ќе продолжиме да се движиме по тој пат и во иднина – изјави Мицкоски. Членството на Црна Гора во ЕУ е реална и достижна цел, порача германскиот канцелар Фридрих Мерц на отворањето на самитот и нагласи дека реформите и регионалната соработка се клучни за европската интеграција на Западен Балкан. -Многу сум среќен што денес имаме можност, и формат за разговор за понатамошен напредок кон ЕУ, да разговараме за европската интеграција преку т.н. Берлински формат. Основан пред многу години на иницијатива на германската федерална влада. Се среќаваме денес во Црна Гора за да го продолжиме процесот. Заедно да разговараме за понатамошниот напредок во соработка меѓу земјите кандидати од Западен Балкан и ЕУ, -германски канцелар Фридрих Мерц. Европската интеграција на Западен Балкан влегува во важна фаза порача Еврокомесарката Марта Кос каде испрати пораки до земјите кандидати, но не ја спомена Македонија. Според Кос Црна Гора се приближува кон завршувањето на преговорите, од Албанија се очекуваат натамошни реформи, Србија се подготвува за избори, а од Косово се бара доследно почитување на меѓународното право и владеењето на правото. Инаку, премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на Берлинскиот процес во Свети Стефан, Црна Гора, на кој учествуваат лидерите од Западен Балкан и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Во фокусот се европската интеграција, економското поврзување, безбедноста и зелената транзиција. Самитот го заокружува црногорското претседавање со Берлинскиот процес, иницијатива покрената од Германија во 2014 година за забрзување на евроинтеграциите и регионалната соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter