Како Евро-изборите ќе се одразат на очекувањата за датум за преговори?

Одржувањето на фер и демократски избори е еден од основните предуслови за добивањето на датум за почеток на преговори со Европската Унија во јуни, но дали тој ќе биде одреденќе зависи и од распоредот на силите во новиот Европски Парламент.

Успешните избори се услов за земјава да го продолжи својот евроинтегративен пат – порачаа панелистите на дискусијата посветена на изборите за европскиот парламент кои ќе се одржат во мај. Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вели дека изако во Франција преовладуваат противниците на проширувањето на Европската Унија, сепак смета дека местото на Македонија и другите земји од Западен Балкан е во Унијата. Околу утрешните избори Тимоние порача дека излезноста ќе биде сигнал дека земјава нема да влезе во политичка криза.

Од Делегацијата на ЕУ сметаат дека еворскептицизмот бележи пораст поради се поголемиот број на популистички партии во Европа кои се против проширувањето. Младите европски федералисти порачуваат дека земјите со аспирации за влез во ЕУ треба да им се спротистават на овие тенденции.

Конечната одлука дали Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговорите ќе биде донесена на самитот во јуни. Освен успешно спроведување на претседателските избори, добивањето на датум зависи од самата структура на Европскиот парламент. Најспектични членки на Унијата за на земјава да и се додели датум за преговори се Франција, Данска и Холандија. Нивните забелешки во изминатиот период беа забавеното спроведување на реформите во судството и јавната администрација.

Ковачевски: Ја изборната победа на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Силјановска Давкова: Најголеми честитки за граѓаните, ова е голема одговорност

Прес-конференција на Гордана Силјановска Давкова

Таа изјави дека ќе се однесува како претседателка на сите.

притисни ентер