Како ѕвездите се подготвуваат за Оскар: Вампирски фејслифтинг, тестиси од бик, измет од птици, дијамантски маникир...

Холивудските ѕвезди, кои сакаат во најдобро издание да се појават на доделувањето на Оскар, користат различни козметички третмани, од најраскошните до крајно бизарните.

Доделувањето на Оскарите се гледа подеднакво и поради филмовите и поради модата. Преносот од црвениот килим го следат милијарди гледачи. Тоа е ноќ кога ниту жените, ниту мажите, не штедат за да ги надминат своите колеги.

- Познатите ги користат сите средства за да ги надминат останатите. Подготвени се на се за да го усовршат својот изглед и да остават што подобар впечаток на црвениот килим – вели Сем Сабура, моден новинар на каналот TLC.


50-годишната Деми Мур, например, призна дека ставала пијавици на кожата за да си ја детоксицира крвта. Гвинет Палтроу еднаш се појавила на премиера со главата полна со модринки од акупунктура со која, наводно, сакала да си го забрза крвотокот и да го намали стресот.

Анџелина Џоли еднаш се пофалила дека ги носела синовите на педикир во кој рибички им ја јаделе мртвата кожа од стапалата. Музичкиот импресарио Сајмон Кауел, никаде на одел без џебна доза на кисик за освежување на тенот.

Третманите за израмнување на брчки, годинава добија нов хит: вампирски фејслифт. Пластичниот хирург Пол Насиф, кој ја нуди оваа услуга на Беверли Хилс, вели дека процесот подразбира земање крв од клиентот, изолирање на одредени компоненти и мешање со дермален филер, кој потоа, се враќа во кожата.

- Така убивате две муви со еден удар. Филерот веднаш реагира, а долгорочно, се формира калоген, природен волумен и поздрава кожа – објаснил Насиф за Ројтерс.

За оне кои се плашат од боцкањето, изметот од птици е вистинско решение за посветлување на кожата. Таканаречениот „гејша третман“ се нуди на Менхетн и сопственичката Шизука Бернстин вели дека нејзините клиенти се задоволни.

Кога станува збор за косата, холивудските ѕвезди одат во Санта Моника. Таму, сопственичката Самира Асеманфер им го нуди, како што вели, традиционалниот лек што нејзиното семејство го донело од Иран. Тестиси од бик се варат како чорба и се добиваат хормони и протеини што се додаваат во препарати за нега на коса.

И за ефектот на повисока и повитка става, креаторите смислија трикови што им ги продаваат на ѕвездите.

Компанијата „iiJin“ поставува невидлива платформа во обувките со што се додаваат од 5 до 12 сантиметри височина, во зависност од нарачката. Фустаните NUE на њујоршката дизајнерка Шани Грос пак, имаат вткаено компресирана ткаенина така што фигурата делува потенка и нема потреба од носење на вообичаените стезници.

За убавиот изглед на ноктите пак, се погрижил дизајнерот на луксузниот накит Азатур Погосјан, кој создал црн лак за нокти со минијатурни дијаманти, а само едно шишенце се продава по цена од 250.000 долари. Бритни Спирс го носеше на рекламата за својот парфем, а Кели Озборн на доделувањето на Еми. www.kanal5.com.mk

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер