Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
1Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината
2Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница
СудбинаКако да знаете дали психотерапијата делува? Пет јасни знаци дека постои напредокЗа да се одлучите за психотерапијата потребно е длабоко преиспитување на сопствените слабости и вредности, соочување со болните искуства и трауми. Целта на терапијата не е само ублажување на тегобите, туку и унапредување на односот со себе и луѓето од околината. Не постои универзално правило за тоа колку време е потребно за да се видат првите резултати, секоја личност е различна, како и проблемите поради кои бара стручна помош, па напредокот се одвива со различно темпо. Се чувствувате подобро во секојдневниот живот Еден од најочигледните показатели дека терапијата делува е фактот дека се чувствувате подобро од ден на ден. Некогаш ваквата промена е воочлива, а некогаш доаѓа постепено. Може да забележите дека секојдневните обврски не ве оптоваруваат толку или дека проблемите што некогаш ви изгледале нерешливо, полека стануваат појасни. Внатрешниот критичар не е толку гласен, а светот околу вас почнува да ви изгледа попријатен. Многу луѓе почнуваат да уживаат во работи што некогаш ги радувале, стануваат поприсутни во сегашниот момент, наместо стално да размислуваат за минатото и да се грижат за иднината. Имате чувство дека терапевтот ве разбира и ве поддржува Терапевтот не е пријател што секогаш ќе ви го кажува она што сакате да го чуете. Тој помага да ги согледате проблемите од друг агол и создава сигурна средина во која можете отворено да зборувате за своите чувства, ве поттикнува да се соочите со непријатни теми или да го промените начинот на размислување. Согледувате обрасци на однесување за кои порано не сте биле свесни Секој од нас има „жолта минута“, однесување кое може да биде штетно и непродуктивно, а за кое не сме свесни. Кога ќе ги препознаете реакциите што не ви користат, се отвораат нови можности за здрави одлуки, се соочувате со сопствените слабости. Токму тогаш се доаѓа до момент на ненадеен увид, момент кога многу ситуации од минатото конечно добиваат смисла. Односите со другите луѓе стануваат поквалитетни Напредокот во психотерапијата се одразува на односите со партнерот, членовите на семејството, пријателите и колегите. Кога ќе почнеме да ги разбираме сопствените емоции, да учиме да се соочиме со стресот на поздрав начин, се менуваат нашите реакции кон другите луѓе. Ова не значи дека односите ќе станат совршени, туку ќе забележите дека имате повеќе трпение, разбирање и емпатија. Полесно ги решавате несогласиците, појасно поставувате граници и помирно реагирате во конфликтни ситуации. Постепено ги напуштате нездравите обрасци на соочување со проблемите Не е секогаш потребно детално да се анализира секоја траума од детството, но важно е да се разбере како се појавиле одредени модели на однесување што сме ги развиле за да се заштитиме. Според психолозите, некои луѓе стануваат премногу гласни и импулсивни како одговор на стресот, додека други се повлекуваат, избегнуваат конфликти или постојано бараат одобрение од другите. Со текот на времето, ваквите модели стануваат автоматски и несвесни и можат да продолжат во зрелоста, иако повеќе не ни служат. Кога ќе почнете да ги препознавате и постепено да ги менувате, ова е еден од најважните индикатори дека психотерапијата функционира. Ослободувањето од долгогодишните нездрави модели бара време, но носи поголема независност, подобро ментално здравје и поголемо задоволство од животот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општинатаДенеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво. Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо. Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век. Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други. Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница. Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРадичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во БрвеницаПочитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови. Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаМицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и СедларцеДенеска остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија. Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook