Како да уживате во животот! - Канал 5

Како да уживате во животот!

Постојано сте загрижени и чекате кога веќе еднаш ќе во тргне? Многу грешите.

Како да уживате во животот!
Ако сте меѓу оние кои не се задоволни од својот живот, треба да го знаете следново: Среќните луѓе немаат поинаков живот од вас, но својот живот го живеат поинаку.

Среќата е резултат на субјективна интерпретација - велат психолозите.

Еве неколку основни карактеристики на среќните луѓе.

1. Тие не се грижат дали им се допаѓаат на другите. Самите си се допаѓаат себе си и си одговараат пред себе. Ако ви се допаднат - добро, ако не - за нив е подеднакво добро. Не им е важно да бидат дел од некој тим, група, да бидат прифатени. Се што прават го прават бидејќи им се допаѓа, а не затоа што на другите ќе им се допадне или затоа што мораат.

2. Ги сакаат своите пријатели но не зависат од нив. Среќните луѓе имаат многу блиски пријатели, но ја задржуваат својата независност. Преголемата приврзаност често доведува до крај на пријателството.

3. Ако ги прашате со што се занимаваат, нема да ви кажат каде работат. Ќе ви кажат што во моментот им предизвикува заинтересираност, каква цел си поставиле, ќе сфатите дека го живеат животот сега а работата е само начин да дојдат до пари потребни за нештата во кои уживаат.

4. Патуваат многу. Не остануваат премногу долго на едно место. Бараат нови предизвици.

5. Имаат своја филозофија, условно речено своја„религија“ до која се придржуваат во животот. Имаат јасна поделба што е добро а што лошо, и самите се свои судии.

6. Знаат дека се смртни и тоа сознание го користат како поттик да ги одживеат своите животи како што сакаат. Не се плашат од смртта и го живеат животот под свои правила.

7. Цврсто веруваат дека се креатори на својата реалност. Не се покоруваат дека „некои нешта мораат да се поднесуваат“. Веруваат дека тие ја имаат контролата како ќе ги интерпретираат случувањата во животот.

8. Не се ни обидуваат да ги променат другите, само прават проценка како со кој да се однесуваат. Наместо да си го трошат времето и енергијата на невозможната мисија да променат некого, проценуваат како да дојдат до она што од некого им е потребно. Или, едноставно си заминуваат.

Ако се препознавате во овие карактеристики, би требало да сте среќни!/ извор: Elite Daily

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 21. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 21. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 21. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални.

Кариера

Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите.

Здравје и совет

Јадете помалку, движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете.

Кариера

Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето слатки.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити.

Кариера

Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете.

Здравје и совет

Подобро да верувате отколку да се сомневате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали.

Кариера

Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност.

Здравје и совет

Ви се подобрува формата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор.

Кариера

Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе.

Здравје и совет

Размислувајте додека се шетате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто.

Кариера

Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања.

Кариера

Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни.

Здравје и совет

Наспијте се

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна.

Кариера

Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно.

Здравје и совет

Останете какви што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите.

Кариера

Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски.

Здравје и совет

Динамични сништа.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами.

Кариера

Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план.

Здравје и совет

Изразувајте се слободно.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската.

Кариера

Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смртоносно количество кокаин е пронајден во бебешка цуцла- осудени се мајката и нејзиниот партнер

Мајка е затворена, заедно со нејзиниот партнер, по смртта на нејзината двегодишна ќерка, во чие шише за млеко е пронајдено дека содржи „смртоносна количина“ кокаин!

Смртоносно количество кокаин е пронајден во бебешка цуцла- осудени се мајката и нејзиниот партнер

Итните служби биле повикани на адреса во Билингам во април 2024 година, по извештаите дека девојчето, Лајла Хеч, престанало да дише, објави Би-Би-Си.

Нејзината мајка, 22-годишната Џоди Хеч, и нејзиниот партнер, 30-годишниот Дејли Матис, првично ги негираа двете обвиненија за злоупотреба на деца во кои биле вклучени Лајла и друго дете.

Тие го сменија своето признание на вина на Крунскиот суд во Тиссајд и беа осудени во понеделник.

Токсиколошкиот извештај покажал дека смртоносна количина кокаин е пронајдена во шишето за млеко на детето, а дрогата е пронајдена и во нејзината крв, желудочната содржина и прамените коса.

Главниот детектив инспектор Крис Прингл од полицијата во Кливленд изјави дека во куќата е пронајдена голема количина дрога, како и канабис.

Двојката се изјасни за виновна за поседување дрога од класа А со намера за дистрибуција. Џоди Хеч, исто така, се изјасни за виновна за вмешаност во дистрибуција на дрога од класа Б и беше осудена на пет години и четири месеци затвор.

Матис, кој беше осуден и за посебно кривично дело насилно однесување во врска со нападот во септември, беше осуден на 13 години затвор.

Прингл рече дека дрогата пронајдена во куќата била „лесно достапна за мали деца“, што ја прави „екстремно опасна средина“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Санчез е пред изборен пораз- европската левица останува без еден од најсилните адути

Сè поверојатниот изборен пораз на шпанскиот премиер Педро Санчез на претстојните избори би претставувал нов удар за европската левица, која би останала без еден од своите најгласни претставници во Европскиот совет.

Санчез е пред изборен пораз- европската левица останува без еден од најсилните адути

Вонредните избори во Шпанија, закажани за 29 ноември, би можеле дополнително да ги променат политичките односи меѓу европските лидери, а со тоа и односот на силите на состаноците на кои се одлучува за идниот правец на Европската унија.

Според резултатите од анкетите, победата на шпанските конзервативци е се поизвесна, што значи дека бројот на социјалистичките лидери во Европскиот совет би можел дополнително да се намали.

Изборите во Италија, Франција и Полска во 2027 година би можеле дополнително да ја ослабат европската левица и да доведат до фактот дека проевропските прогресивни и либерално-левичарски партии во Европскиот совет остануваат во посебно малцинство.

„Една од последните преостанати левичарски влади во Европската унија... Звучи како остаток од минатото“, му рече еден дипломат на ЕУ за известувачот.

Кој останува меѓу европските социјалисти?

Доколку Санчез загуби на изборите, меѓу социјалистичките и социјалдемократските лидери во Европскиот совет, главно ќе останат данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Малта Роберт Абела.

И двете доаѓаат од помалите земји-членки на ЕУ, а нивните политички ставови не мора да се совпаѓаат со разбирањето на Санчез за социјализмот. Социјалист е и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Евроскептичната група на европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) во моментов има двајца претставници во Европскиот совет - италијанската премиерка Џорџија Мелони и белгискиот премиер Барт Де Вевер.

Летонскиот премиер Андрис Кулбергс е независен, но неговата владина коалиција вклучува и партии поврзани со ЕЦР.

Поранешниот чешки премиер Петар Фијала, кој припаѓаше на ЕЦР, беше заменет со Андреј Бабиш, чија партија АНО е член на екстремно десничарската група Патриоти за Европа (PfE).

Умерената, проевропска десница, собрана околу Европската народна партија (ЕПП), има 12 лидери во Европскиот совет, како и претседател на Европската комисија.

„Јазот би бил огромен“, рече Хавиер Карбонел, политички аналитичар во Центарот за европска политика (EPC) со седиште во Брисел.

„Фредериксен не се смета за водечка фигура меѓу социјалистите во остатокот од Европа на начин на кој, до одреден степен, беше Санчез“, додаде тој.

Карбонел верува дека заминувањето на Санчез би можело да поттикне поширока дискусија меѓу европските социјалисти за насоката во која тие треба да се развиваат, особено затоа што ниту поумерен ниту изразито левичарски пристап во моментов не им носи изборен успех.

Големи разлики околу миграцијата

„Фредериксен, дали таа навистина е социјалист? праша друг дипломат на ЕУ, потсетувајќи на честите несогласувања меѓу Данска и Шпанија во Европскиот совет, особено кога станува збор за миграциската политика.

Данската премиерка неодамна, заедно со италијанската премиерка Џорџија Мелони и полскиот премиер Доналд Туск, го критикуваа Санчез за неговата политика на легализирање на статусот на стотици илјади мигранти.

Фредериксен се залага за многу построга миграциска политика од шпанскиот премиер.

Неодамна ги поддржа плановите за формирање центри за мигранти кои не се членки на ЕУ во Руанда, со поддршка од Германија, Австрија, Грција и Холандија.

Шпанија, заедно со Франција, постојано се спротивставуваа на ваквите предлози.

„Не би го дефинирала Фредериксен како социјалдемократ“, изјави за порталот „Репортер“ Хана Јалул, истакната членка на шпанските социјалисти во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

„Ако можете да испратите кој било мигрант во Руанда, без да ги земете предвид нивните човекови права, нивната животна ситуација или нивните лични околности, тоа е целосно неприфатлив расизам“, додаде таа.

Санчез често се судираше со Трамп

Санчез и даде на европската левица препознатлив политички профил, особено со неговите ставови за Кина, Блискиот Исток и односите со Соединетите Американски Држави.

Неговата влада беше поотворена за соработка со Кина и се спротивстави на одредени потези на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во април оваа година Санчез ја посети Кина по четврти пат во последните три години, со цел зајакнување на економските и дипломатските односи со Пекинг.

Шпанија стана една од најотворените членки на ЕУ за соработка со Кина, а Санчез постојано ја повикува Европа да се вклучи во поинтензивен дијалог со Пекинг.

Таквата политика не секогаш наидува на одобрување на другите европски лидери, а за време на неговиот втор мандат, Санчез постојано се судри со американската администрација.

Тој се спротивстави на зголемувањето на средствата за војската на пет проценти од БДП, што го бара НАТО, им забрани на американските авиони да користат заеднички воени бази и шпански воздушен простор и отворено се спротивстави на, како што рече, „нелегалната и неправедна војна“ во Иран.

Ова дополнително ја зацврсти неговата позиција како еден од најпрепознатливите претставници на меѓународната левица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер