Како да се стигне до Холивуд по сценарио на Игор Томески од Тетово - Канал 5

Како да се стигне до Холивуд по сценарио на Игор Томески од Тетово

Уште како дете креираше и продуцираше аматерски филмови, па талентот и ангажираноста беа основа да добие американска факултетска стипендија од 250 илјади долари.

Како да се стигне до Холивуд по сценарио на Игор Томески од Тетово

Сега веќе е апсолвент по филмска и телевизиска продукција во Њујорк, но воедно и со силно темпо граби кон филмскиот бизнис и кон Холивуд. Ваква е животната патека на 22-годишниот Игор Томески од Тетово, по која се движи со силни и одлучни чекори, стекнувајќи успех со силната мотивираност, но и талент, трудољубивост и креативност.

Стекнатото искуство веќе го користи за заземање место во американскиот филмски бизнис. Со колегата од факултет Џереми де Бери отвориле филмска и телевизиска продукција со седиште во Њујорк и во Џексонвил. Веќе работат на првиот професионален долгометражен холивудски игран филм „Раса", акциона авантура, за кој се преговара за државно и приватно финансирање. Со оглед на тоа дека се работи за високобуџетен дебитантски филм што ќе биде проект и на Здружението на филмски актери на Америка (Screen Actors Guild of America) и Здружението на писатели на Америка (Writers Guild of America), таргетирани се актери од А и Б-категорија и други креативци од овие професионални здруженија, а веќе се планираат учества и на филмските фестивали во Кан и Санденс.

– Во филмот сум сценарист и продуцент. Режисер е Конор Бреј, кој има повеќе меѓународни награди. Меѓутоа, во нашиот опус на работа не се ограничуваме само на играната комерцијална продукција од типот на Холивуд. Освен такви типови проекти, веќе работиме и на алтернативната сцена, на уметнички филмови и видеа, како и реклами, спотови, документарни филмови и слично. Нашата работа ја гледале, ја препознале и покажале интерес за соработка филмски имиња како Ед Харис, Џонатан Трупер, Шерил Хил Кехејн Коперман, како и бродвејското име Кенет Вирт, и многу други, рече Томески.

За овој филм го има изработено сценариото од 200 страници, а со тоа успева да стане член на Writers Guild of America (Здружение на сценаристи/писатели од Америка), со што здружението ги заштитува правата на сценариото, како и правата на Игор Томески како сценарист, продуцент и филмски работник воопшто. На тој начин обезбедува заштита на минималната плата на час, на ден или на месец, како филмаџија во и надвор од границите на САД на професионални филмски, телевизиски и останати медиумски продукции во кои би бил вклучен или би вклучил договор за соработка.

Неговите почетоци со глумата се уште на осумгодишна возраст, кога бил дел од телевизиската играна серија за деца и млади на Весна Петрушевска „Бејби шоу" во периодот од 2003 до 2005 година.

– Дома пред гости имитирав скечови од хумористичната серија К-15, па еден роднина им препорача на моите родители да ме однесат во детското драмско студио на Весна Петрушевска во Скопје. Таму ги покажав моите способности за глума, таму беше моето прво искуство на телевизиски сет со професионална филмска опрема и со национални ѕвезди како Сенко Велинов, K-15, Ламбе Алабакоски, Ребека, и сметам дека од тој период се трасираше мојата животна патека по која одам ден-денес, се потсети Игор на почетоците.

Понатаму во детството и како ученик во „ОУ Лирија" – Тетово и во средно училиште главна преокупација на Игор беше актерството во театарски претстави за деца и возрасни, пишување сценарија, режирање и продуцирање аматерски играни филмови, скечеви и слична филмска и телевизиска продукција, како и цртање стрипови, пишување текстови и секаков вид креативна работа. Веќе на 15 години тој има напишано, продуцирано и режирано три долгометражни филма, во кои има вклучено над 200 млади учесници од Тетово. За време на средношколските студии, таа бројка и опсег на филмски и театарски проекти се зголемуваше, со повеќе регионални и национални награди и внимание. Во последната година од средното образование, со веќе богат успех, како и големо лидерско, мотивирачко, општество искуство, како и уметничко аудиовизуелно портфолио, се стекнува со членство во Нобеловото здружение за истакнати светски матуранти, како единствен од Македонија и Балканот. Од таму добива и парична награда и потврда за своите лидерски, мотивирачки и уметнички квалитети, како и за реализираните проекти, лично од Келс Нобел од Нобеловото семејство, внукот на Алфред Нобел, основач на Нобеловите награди, што го прави Игор првиот Македонец во историјата со ваква награда.

Со тоа што создава богата биографија и широко повеќестрано искуство, известен е дека е примен од осум престижни факултети што нудат стипендии во Америка и во Европа, меѓу кои и на Шангајската листа на најдобри 100 светски универзитети како Колумбија, Њујоршки универзитет и Бостон универзитет. Првата академска универзитетска година ја започна во Пидмонт колеџ во Атланта, Џорџија, САД, каде што е седиштето на Нобеловото здружение, со студии за двојна диплома и за театарска глума и режија и за филмска и телевизиска продукција.

– Стипендијата значеше целосна школарина, домување, трошоци за живот и сè потребно. Фондот беше околу 60 илјади долари годишно, или четврт милион долари за сите четири години. Моите трошоци беа само авионски карти до таму. Таму добив наградата за најдобар актер за 2015/2016 што ми овозможи да направам академски трансфер и да се преселам во големиот Њујорк. Во 2016-та се префрлив на Менхетенвил колеџ во Њујорк, каде што стекнав најсилно искуство, бидејќи покрај нашите предавања и нашата пракса на вистински холивудски филмски сетови, правевме студентски филмови буквално секој викенд со нашиот студентски филмски клуб на кампус во кој бев дел од екипата на продуцентите и за кој сме продуцирале и работеле на повеќе од 20 студентски филма. Значајно е да се спомене дека со колегите сме учествувале како асистенти на продуценти на снимање на холивудскиот блокбастер „Маршал" и во телевизиското студиото на Џими Кимел на Бродвејската улица, на форматот Сатрдеј Лајв. На универзитетскиот филмски фестивал Менхетенвил колеџ филм фестивал беа прикажани мои авторски филмови од Македонија на македонски јазик, како меѓу филмовите што се направени во рамки на факултетот, така и во меѓународната категорија на професионални филмови од светска конкуренција – вели Игор, инаку роден 1996 година во Тетово.

Не го заборава и родниот крај. Во последиве 3 месеци живее во Тетово и во Скопје и работи на повеќе проекти од национален и меѓународен карактер, со соработка со УСАИД и Европската Унија.

– Сакам да им помогнам овде на колегите, уметниците и младите со своето различно и долгогодишно светско искуство што го имам стекнато во Америка. Моментално, заедно со поголема екипа од над 150 млади продуцираме масовен мултиетнички филмско-музички видеопроект во кој темата ни се младите, нивната финансиска зависност или независност и недостигот на граѓански активизам и младинската активност во општеството и во културата, вели тој.

Исто така и во Македонија има своја филмска и телевизиска продукција, како и културно-уметничко здружение. Се надева дека и тука ќе продолжи со создавањето многу креативни продукции и проекти, со оглед на богатото портфолио на обуки во САД во однос на проектниот менаџмент во културата и планира продукцијата и здружението со исто темпо како и пред неговото заминување во САД, без разлика каде и да се наоѓа.

Во Америка се враќа ова лето, каде што во текот на 2019 година по четиригодишни универзитетски студии на Менхетенвил колеџ го очекува подигнувањето на двете американски дипломи, како за филмска и медиумска продукција така и за комуникациски науки. Исто така ќе продолжи со продукција на неговиот дебитантски долгометражен филм „Раса", други проекти, како и започнување магистерски студии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Кејти Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа, по критиките за нејзиното прво интервју со новинарите и прашањата за нејзиното прикажување како адвокат, иако не го положила правосудниот испит, објавува „CBS News“.

Службеник изјави за „CBS“ дека Закарија била невообичаено изолирана во текот на неделата и не ги извршувала своите должности како портпаролка на очекуваниот начин.

„Никој не мислеше дека ќе остане доволно долго за да биде вклучена во вистинското донесување одлуки“, рече помошник на Белата куќа.

Закарија, која беше избрана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја замени Каролин Левит, се најде под оган по нејзиниот прв и единствен брифинг во Белата куќа во вторник, за време на кој таа читаше подготвени изјави околу десет минути, а потоа одговараше на прашања од новинари од три медиуми.

Прашањата за нејзините професионални квалификации привлекоа дополнително внимание.

Закарија дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Пепердин, но не го положила правосудниот испит во Калифорнија во 2011 година, тврдење што го изнела.

Таа ги негираше тврдењата дека се претставила како адвокат, велејќи дека никогаш не тврдела дека има лиценца за практикување адвокатура.

Според извори запознаени со дискусиите, се очекува Закарија наскоро да заземе друга позиција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во петокот, Трамп за нејзината позиција рече дека ја советувал да размисли дали сака да продолжи како прес-секретар во Белата куќа.

„Тие беа толку груби кон неа“, рече Трамп, осврнувајќи се на медиумите, додавајќи дека ѝ рекол да ја преиспита својата одлука, со оглед на нејзиното семејство и притисокот под кој се наоѓаше.

Пократок мандат од Скарамучи

Закарија му се заблагодари на Трамп и ја изрази својата поддршка за американскиот претседател во објава на социјалните мрежи.

„Беше чест да работам за него“, напиша таа.

Белата куќа сè уште не објавила кој ќе ја наследи како прес-секретар во Белата куќа.

Нејзиното заминување потсетуваше на краткиот мандат на Ентони Скарамучи, кој помина само 11 дена како директор за комуникации во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, потсетува американскиот телевизиски канал.

„Рекордите се тука за да се соборат, но јас не уживам во страдањето на другите“, напиша Скарамучи на социјалната мрежа „X“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

Полесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери ​​со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама.

И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени.

„Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите.

Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство.

„Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Американски шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија.

Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот.

Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер