Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници
1Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници
ЗабаваКако да ја лажирате сопствената смртИзлезе книга со совети како да се лажира сопствената смрт. Автор е Елизабет Гринвуд.Најголемиот проблем за луѓето кои сакаат „да исчезнат“ е како да убедат дека се мртви а да не им биде пробајдено телото. Многумина мислат дека тоа ќе го постигнат со лажирано давење, но истражителот Стов Рамбам чии совети ги користат осигурителните компании, вели дека тоа не е добра идеја. - Сепак во најголем број случаи при давење телото е пронајдено, па некој од истрагата ќе се сети да се посомнева. Подобар начин да се исчезне е планинарењето - вели тој. Во обид да извлече пари од неколку осигурителни компании со измама, извесна Џин Крамп која работела во погребален завод, организирала закоп на Џим Дејвис кој никогаш не постоел. Кога почнале сомнежите кај осигурителните компании, таа веднаш реагирала - во ковчегот ставила мртва крава и кукла, и ги запалила. Но, бргу била откриена. Патрик Мекдермот, поранешниот партнер на Оливија Њутн Џон, ја лажирал својата смрт во 2005, скоро по раскинувањето со неа. Изнајмил рибарско бротче од кое наводно паднал, но и тој бргу бил откриен. Поуспешен во измамата бил Бени Винт, член на банда која се занимавала со трговија со дрога. Во 1989 едноставно исчезнал, се преселил и под името Вилијам Џејмс Свит 20 години живеел во вонбрачна заедница со жена со која добил син. продавал спортска опрема. Никогаш не поднел барање за лична карта под името Свит. Признал се кога полицијата го запрела за мал сообраќаен прекршок а тој немал возачка дозвола. Даниел прокачини, судија од Род Ајленд, вели дека со лажирањето на смртта, ако не с епријави во полиција и не се покаже умреница, не се прекршува закон. - Ако се пријавите во библиотека под туѓо име го кршите законот, а ако сте ги убедиле луѓето да мислат дека сте мртви тоа не е злостор. Изненаден сум што тоа не го прават повеќе луѓе - вели тој. - Бидете што поблизу до вистината, користете го личното име и маскирајте се - советува Џон Дарвин кој во 2002 исценира несреќа со кајак да избегне да врати долгови, а потоа живееше во гостинската куќичка до својата куќа додека синовите „тагувале“ по него. Се предал на полицијата во Лондон во 2008-ма. /извор: Блиц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБотовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници„Опен АИ“, компанијата што стои зад Чет Џпт, соопшти дека нејзини агенти за вештачка интелигенција објавиле 53 фотографии од корисници и продреле на веб-страници на американски институции, вклучително и владини агенции.„Опен АИ“ не откри дали станува збор за фотографии од реални лица или за слики генерирани со вештачка интелигенција, ниту кога тие биле објавени. Од компанијата објаснија дека линковите до фотографиите не биле јавно достапни. Моделите на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ пристапувале и до податоци на американски владини институции, како Комисијата за хартии од вредност, берзи на САД и Американската статистичка служба. Се појавуваат индикации дека би можеле да следуваат уште многу откритија за самостојни хакерски активности на вештачката интелигенција на Опен АИ. Компанијата соопшти дека информирала „десетици“ организации чии веб-страници биле предмет на непланирани интеракции од софтверот на „Опен АИ“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозјеПривршува бербата на грозјето... Откако откупот формално ќе заврши, на почетокот на октомври ќе се формираат општински комисии кои треба да утврдат дали на нивите има останато неоткупено грозје.. Со последните дождови финишираат и бербите на винското грозје во тиквешијата и во останатите лозарски региони. Проблемите со откупот, слабиот интерес за вранецот и бавната динамика спроед лозарите се причина годинава голем дел од грозјето особено вранецот да остане по нивите необран, чекајки да почне интензивниот откуп за кој винариите тактизираа заради непродадените залихи на црвно вино од лани. Токму заради овие проблеми на лозарите градоначалникот на кавадарци најави дека по завршувањето на откупот некаде на почетокот на октомври владата планира да се формираат општински комисии кои ќе треба да излезат на терен и да утврдат колку точно грозје останало по нивите необрано па да се планира обештетување за овие лозари. Дека состојбата со откупот на винското грозје беше проблематична говори и фактот што се најдоа 12 милиони евра кои на винариите им се дадоа на располагање по брза постапка со камата од 1% и со можност за грејс период од една година наменски да се откупат вранецот и смедеревката од лозарите. Лозарите укажуват дека и со оваа мерка се задоцни и затоа голем дел од вранецот е останат, исушен и необран по нивите заради што бараат од државата да воведе итна помош од 150 илјади денари за хектар за обештетување и спас на лозарството. Според последите податоци од Министерството за земјоделство заклучно со понеделник 21 семптември откупени се 64 милиони килограми на винско грозје од лозарите но и од сопствените насади на винариите и има уште околу 2,7 милиони килограми извоз на винско грозје. Оваа бројка се очекува да се зголеми бидејки интензивно деновиве се откупуваше смедеревката во лозарските региони. Според најавите од следната година треба да почне изградбата на дестилеријата која вишокот на грозје и вино ќе го претвора во алкохол за кој веќе има интерес кај една од најпознатите светски компании за алкохол да го откупува целиот вишок и со тоа да се решат долгорочно проблемите со откупот на грозјето во години како оваа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништоГраѓаните се соочуваат со огромни трошоци за живот, а власта не обезбедува помош ниту за најзагрозените, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Свети Николе, по средбите со граѓаните и земјоделците од Овчеполието.„Ги споделуваат граѓаните со нас секојдневните проблеми, огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. Трошоците за горивото стигнаа и до 105 денари за литар. Никаква помош за ниту една критична категорија граѓани на кои им е навистина потребна“, истакна Филипче. Тој посочи дека без соодветна поддршка остануваат пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените, семејствата со многу деца и работниците со минимална плата. На средбите се разговараше и за предлог-законите на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра и за финансиска поддршка на земјоделците во кризата. Филипче ја повика власта да ги поддржи предложените решенија и барем еднаш да го слушне гласот на народот. „Се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка“, рече Филипче. При посетата на земјоделците од Овчеполието, регион со долгогодишна земјоделска традиција, тие укажаа на недостигот од откуп на грозјето и пченицата, ниските откупни цени на млекото и огромните трошоци за ѓубрива и нафта. Филипче предупреди дека ваквата состојба го доведува во прашање опстанокот на земјоделците и можноста да продолжат со производство следната година. „На овие луѓе им е потребна сериозна помош, поради тоа што не само што не можат оваа земјоделска сезона да ја преживеат, туку се поставува најсериозното прашање: што ќе се случува догодина со овие огромни трошоци за ѓубрива, за нафта и со ниски откупни цени, но и без откуп на земјоделските производи“, нагласи Филипче. Тој го пренесе и предупредувањето од земјоделците: ако власта продолжи да не се грижи за земјоделството, за две години во овој крај земјоделие нема да постои, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter