Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
2Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
ЖивотКако да го зајакнете вашиот брак додека одгледувате деца? Осум совети од психологДали некогаш сте се запрашале како паровите кои се заедно со децении успеваат да ја одржат својата врска? Многумина кои се во долгогодишна врска доживеале подеми и падови, а понекогаш тие падови се чинат непремостливи. Психологот д-р Александра Соломон за Parents.com изјави дека клучниот аспект на еден здрав однос е подготвеноста да гледате на вашиот однос како на училница. „Мораме да прифатиме дека промената е неизбежна и најдоброто нешто што можеме да го направиме е да пристапиме кон неа со љубопитност, а не со отпор“, вели д-р Соломон. „Да се гледа на бракот како на училница, делумно значи да бидеме свесни дека во него го внесуваме сопственото минато во него. Важно е да бидете спремни да видите како старите рани, обрасци и поттикнувачи (тригери) се реактивираат во нашиот однос во партнерот.“ Еве ги советите на д-р Соломон кои можат да ви помогнат да негувате здрав однос со вашиот партнер, особено додека заедно ги одгледувате децата. Грижете се за вашите основни потреби Да се биде добар партнер започнува од грижата за вашите основни потреби, како што се здравата исхрана, вежбањето, справувањето со стресот и квалитетниот сон. „Знам дека сум подобра сопруга кога се грижам за себе. Кога не спијам доволно, не вежбам и не се смеам, станувам огорчена и раздразлива“, вели д-р Соломон. „Колку повеќе сум под стрес, толку повеќе своите обврски кон сопругот и децата ги доживувам како товар, а не како благослов. Кога сум исцрпена, почнувам да се чувствувам како жртва, а тоа ја намалува мојата способност да го побарам она што ми е потребно - помош, пофалби, одмор.“ Другиот аспект од грижата за себе е да правите работи што ве прават среќни, како што е одењето на ручек со пријатели или вклучувањето во активности што ги уживате, како што се читање или танцување. „Не можеме да даваме од празна чаша, па затоа треба да се вклучиме во активности што ни даваат значење, поврзаност и радост“, вели таа. „Тешко е да се грижите за другите, а правењето работи што нè обновуваат и ја поттикнуваат нашата страст спречува ‘прегорување’.“ Ако се чувствувате преоптоварени, важно е да се повлечете и да направите пауза, наместо да кажете нешто за кое можеби ќе зажалите подоцна. Поврзете се преку допир Д-р Соломон објаснува дека допирот му кажува на вашиот партнер дека сте на иста страна. „Допирот им помага на паровите да останат поврзани и го ублажува ударот од неизбежните секојдневни фрустрации во семејниот живот“, споделува таа. „Важно е паровите да имаат разни видови допир во нивната врска, не само сексуален допир.“ Преку работа со различни парови, д-р Соломон открила дека допирот често се толкува како прашање: „Сакаш ли да водиме љубов?“, што преоптоварениот партнер го доживува како уште едно барање. Таа препорачува допир надвор од спалната соба за да се намали стресот и да се зајакне поврзаноста. Држењето за рака, седењето блиску еден до друг, па дури и кратка прегратка при доаѓање или заминување се прекрасен начин на поврзување. Одвојте време за да излезете Д-р Соломон ја нагласува важноста на минувањето време сами со вашиот партнер, особено ако сте родител или имате тешка работа. „Многу е важно да запомните дека сте партнери, љубовници и пријатели, а не само двајца луѓе кои водат „мало претпријатие“ или домаќинство. Ако вечерите се комплицирани поради децата и работата, секогаш можете да се најдете во текот на денот“, вели таа. Иако вечера надвор може да звучи одлично, излегувањето не мора да биде скапо или комплицирано. Може да биде вечерна прошетка низ соседството, гледање филм на каучот, ручек во паркот или играње друштвена игра за парови. Проверете како се чувствува вашиот партнер Важно е редовно да проверувате како е вашиот партнер и да помислите на него во текот на денот. Д-р Соломон препорачува да бидете свесни за она што го загрижува или го прави среќен, а потоа да поставувате прашање за тоа како се чувствува. „Увидот во светот на другата личност гради поврзаност“, вели д-р Соломон. Ова не мора да биде обврска; понекогаш едноставно прашање: „Здраво, како помина денеска?“ е одличен начин да му покажете на вашиот партнер дека ви е грижа. Некои парови остануваат поврзани во текот на денот со испраќање пораки, па дури и испраќање смешни кратки видеа за комуникацијата да остане отворена. Пристап без обвинувања Д-р Соломон сугерира дека ако сте вознемирени за нешто што го направил вашиот партнер, пристапете кон ситуацијата описно, а не со обвинување. Таа препорачува да размислувате вака: „Ова се случи, а ваква е приказната што си ја раскажувам себеси.“ „Вложувањето напор да ги одделите фактите од сопствената интерпретација на тие факти ќе ви помогне да добиете многу повеќе од она што го сакате и ви треба – потврда, признание, одговорност, емпатија - а помалку од она што не го сакате – одбранбен став и обвинувања“, вели таа. Ако сте виновни, преземете одговорност и извинете се. Запомнете, вие не сте вашиот партнер Кога сте вознемирени поради проблем, д-р Соломон препорачува да кажете: „Вознемирен/а сум поради тоа што го направи. Можеш ли да ми помогнеш да разберам што се случува со тебе?“ Ако пристапите кон ситуацијата со љубопитност, а не со осуда, признавате дека вашиот партнер светот го доживува поинаку. Ова ќе го намали конфликтот и ќе доведе до подобра врска. Како што вели д-р Соломон, „среќните парови прифаќаат дека се различни личности и пристапуваат кон несогласувањата со љубопитство, а не со обвинување“. Гледајте го конфликтот како можност Работејќи со парови, д-р Соломон открила дека паровите во здравите односи врски несогласувањата ги гледаат како можност да го разберат внатрешниот свет на својот партнер, а не како битка за „победа“. Тоа не значи дека нема да се случуваат расправии, но ако сте спремни да пристапите кон несогласувањата како кон можност за учење и раст, вашата комуникација ќе напредува врз основа на меѓусебно почитување и сочувство. Прашајте, не претпоставувајте Ако нешто ви е важно, побарајте го. Некои од клиентите на д-р Соломон се спротивставуваат на оваа идеја, велејќи: „Ако морам да барам, тогаш тоа нема смисла“. Но, таа вели дека тоа е грешка бидејќи луѓето не можат да читаат мисли. Таа објаснува дека кога не го бараме она што го сакаме, нашата потреба се доживува погрешно, најчесто како приговор, поплака. Кога барате нешто што сакате, можете да ги подобрите идните интеракции. На пример, ако не ви се допаѓа вашиот партнер да остава валкани чорапи на подот, кажете му го тоа. Ова може да му помогне да разбере како се чувствувате и, се надеваме, да го промени своето однесување. Кога барате нешто што сакате, помага комуникацијата да ја држите отворена, додека претпоставките за мислите и чувствата на вашиот партнер можат да создадат недоразбирања што водат до расправии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНикол Кидман предизвика коментари: Фотошоп или вештачка интелигенција?Холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман се појави на насловната страница на австралиското издание на „Вог“ (Vogue), што предизвика дебата на социјалните мрежи за тоа дали е користена вештачка интелигенција при уредувањето на фотографиите. Познатата холивудска ѕвезда позира во многу младешки комбинации и изгледа неверојатно младо – иако има 59 години – поради што многу корисници на интернет заклучија дека вештачката интелигенција можеби имала удел во тоа. Никол е прикажана во црн костим за капење од „Шанел“, фармерки со низок струк од истиот бренд, елегантен фустан, како и комплет што се состои од капа и горен дел, меѓу другите изданија. Во преден план се нејзините извајани стомачни мускули, косата со „ефект на влажен изглед“ и младешкото лице, а секоја од комбинациите зрачи со гламур. Нејасно е дали сликите се обработени во „Фотошоп“ или се создадени со помош на вештачка интелигенција, како што шпекулираат корисниците на социјалните мрежи. Многумина се согласуваат дека „таа изгледа како да има 35 години“ и дека нејзината облека во „тинејџерски стил“ не е соодветна за нејзината возраст, пренесува „Superžena“. „Ја обожавам Никол, но овие фотографии се толку очигледно обработени во ’Фотошоп‘ што е смешно“, како и „Телото ѝ е одлично, но облеката повеќе му прилега на тинејџер“, гласеа некои од коментарите – додека други беа воодушевени од фотографиите, фалејќи го изгледот на актерката: „Педесет и девет! Изгледа неверојатно!“, „Фантастична е!“ и „Само продолжете да ѝ завидувате“.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаНиколоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморјеМакедонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната година со два лета неделно. Ова го најави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, по денешната билатерална средба со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ. Николоски посочи дека станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави. -Денеска заедно со потпретседателот на Владата на Црна Гора договоривме и веќе станува реалност директна авионска линија од Тиват до Скопје. Истата ќе оперира два пати неделно, ќе стартува од 1 мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници и размената помеѓу двете држави, туку и за развојот на туризмот и бизнисот, истакна Николоски. Дополнителнопланираме во текот на следната година да организираме еден бизнис форум, кадешто ќе можат да се запознаат компаниите од двете држави и заеднички да зборуваат за нови можности, во делот на стопаска соработкa”-истакна Николоски. Тој нагласи дека со црногорската влада се преговара и за воведување на линија Скопје -Подгорица и Тиват-Охрид. Како значајна тема на денешните разговори беше посочено и инфраструктурното поврзување, особено можностите што ги отвора изградбата на автопатот Скопје – Блаце за регионалната транспортна и економска комуникација. “ Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, којшто значи директно поврзување со Црна Гора, и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето во Бар. Имајќи предвид дека имаме добро поврзување со пристаништето во Солун, градиме поврзување со пристаништето во Драч, со изградбата на овој автопат ќе имаме добро поврзување и со пристаништето во Бар, и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која не излегува на море, да имаме излез на најмалку 3 пристаништа, рече вицепремиерот Александар Николоски. На билатералната средба бeше потврдена и одличната политичка соработка меѓу двете држави, потенцириајќи ја можноста за унапредување на односите во сите области. Вицепремиерот Николоски упати честитки за реформските процеси што ги спроведува Црна Гора и за постигнатиот напредок на нејзиниот европски пат, истакнувајќи дека членството на Црна Гора во Унијата би претставувало значаен поттик не само за земјата, туку и за целиот регион и процесот на проширување на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформаКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа и им нанеле финансиска штета.Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа и им нанеле финансиска штета Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и А.С.(38) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација, на канал со неколку стотици претплатници, со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика доставени се пет пријави од оштетени граѓани, кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената, во измамата оштетени се стотици граѓани од државата, но повеќето од нив не го пријавиле случајот. Во врска со случајот беше спроведена повеќемесечна истрага во која беа вклучени повеќе домашни и странски институции и беа разменети информации, што резултитраше со откривање на идентитетот на сторителите. Исто така, во рамки на истрагата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши информативен разговор со првопријавената, одзеде електронски уреди кои ги користела за остварување пишана комуникација преку апликацијата, а со форензичката анализа на екстрахираните податоци од одземените уреди, докажано е кривичното дело за кое е поднесена кривичната пријава. Во однос на меѓународниот аспект на истрага, по претходно извршена стручна анализа на крипто трансакциите, преку меѓународни безбедносни платформи обезбедени се целосни информации за сопственикот на крипто паричникот. Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамниците преку социјалните мрежи, лажни профили и телефонски повици нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно.Тагови: измама мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter