Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Шоу бизКајли Џенер со ДНК тест докажа чија ќерка е Сторми (фото)Најмладата сестра од најпознатото риалити семејство на светот, Кајли Џенер, на почетокот на февруари на само 20 години станала мајка.Кајли со години беше во бурна врска со раперот Тига, за да само неколку дена по нивното раскинување се појави рака под рака со новото момче, Тревис Скот, кон средината на април. Набрзо потоа почнаа да се шират шпекулациите дека Кајли е бремена, а таа молчеше за тоа, се криеше, за да ја открие вистината дури по породувањето ( веста ја пушти токму на денот на Супербол – најголемиот спортски натпревар во Америка).Нејзината ќерка Сторми е родена на 1 февруари. На сите оние на кои математиката и малку им оди од рака им е јасно дека тука работите во најмала рака се чуди . Кајли имено останала бремена во април или мај. Кога и Тига и Тревис биле во „оптек“.Затоа и не е чудно што долго се шпекулираше кој е таткото на нејзиното дете – поранешното или сегашното момче. А тие ги „подгрејуваше“ и самиот Тига, кој неколку пати коментирал дека детето би можело да биде негово. Поради сето тоа, Кајли прифатил да направи ДНК тест, за да еднаш засекогаш ги прекине озборувањата.Единствениот услов бил Тига повеќе никогаш да не зборува на оваа тема, пишува Daily Mail. На сите им олесни кога ги дознале резултатите – таткото на детето на Кајли е нејзиното моментално момче Тревис (25). Тоа го дознала малку пред да ја објави фотографијата на нејзината ќерка на 23 март. На изводот од матичната книга на родените на малечката Сторми, како биолошки татко е запишан Тревис Скот. my angel baby is 1 month old today A post shared by Kylie (@kyliejenner) on Mar 1, 2018 at 2:50pm PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34