Кајли Џенер го претстави својот прв парфем (ВИДЕО) - Канал 5

Кајли Џенер го претстави својот прв парфем (ВИДЕО)

Кајли Џенер го претстави својот прв парфем Cosmic.

Кајли Џенер го претстави својот прв парфем (ВИДЕО)

Таа преку своите социјални мрежи покажа неправилно шише со овална форма со тркалезно капаче. „Од друг свет. Нашето скулптурно шише е обликувано така што совршено се вклопува во вашата дланка“, стои во описот на објавата на Инстаграм. Исто така, е откриено дека Cosmic од Кајли Џенер ќе пристигне на 7-ми март на kyliecosmetics.com.

„Шишето е неверојатно“, „Зошто да не Космик?“, „Некој друг гледа пингвин?“, „Многу убаво“, „Ме потсетува на Авон“, „Тоа е толку убаво шише“, „Авон, ха ха ха ха “ , „Сакам“, „Изгледа навистина убаво, едвај чекам да го помирисам“, „Шишето е преслатко“, се дел од коментарите на Инстаграм.

Кајли не е првиот член на семејството Кардашијан кој зачекори во светот на парфемите. Имено, Ким Кардашијан ја лансираше својата линија на парфеми под брендот KKW Fragrance во 2017 година. За инспирација на нејзините парфеми, Ким често користела лични спомени и емоции, што резултирало со создавање уникатни и препознатливи мириси. KKW Fragrance престана со работа во мај 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Во моментот се активни четири пожари, 24 се изгаснати, а под конторла се 24 пожари, објаснуваат од ЦУК..

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково општините Гостивар и Македонски Брод Општина Чашка – над с. Нежилово, и делови во општина Струга.

Од ЦУК со апел за внимателност, да не се палат огнови на отворено..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Синер не му е дозволено да тренира!

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер, по препорака на лекарите, нема да може да тренира најмалку до 6 септември.

На Синер не му е дозволено да тренира!

По новите прегледи на десното колено, му беше препорачан целосен одмор од сите видови тренинзи, додека Италијанецот истовремено продолжува да закрепнува од проблемот поради кој мораше да го откаже учеството на УС Опен.

Имено, Синер беше подложен на нови прегледи во Торино, каде што му беше наложено да мирува во текот на наредните десет дена. Според информациите од италијанските медиуми, прегледот не покажал пукнатина, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно санирано.

„Газета дело Спорт“ пишува дека резултатите од прегледот наложиле Синер целосно да мирува оваа недела, а не е исклучено периодот без тениски тренинзи да се продолжи и во текот на наредната. Најраниот датум за враќање на тениските тренинзи моментално е 6 септември.

Тогаш Синер би требало повторно да започне со работа на теренот, доколку состојбата на неговото десно колено се подобри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер