Кајл Кроксал забележа хет-трик во Сент Пол - Канал 5

Кајл Кроксал забележа хет-трик во Сент Пол

Рекордна публика од 140 илјади луѓе подиве во саботната вечер додека Канаѓанецот Кајл Кроксал и покрај сите предвидувања успеа да ја забележи третата победа во Ice Cross Downhill на патеката во Сент Пол. Уште една нова канадска ѕвезда, Дин Мориарити, заврши втор, додека аутсајдерот Ден Вити од САД беше трет.

Новата петнаесетта сезона на светското првенство Red Bull Crashed Ice започна со изненадувања од кои „паѓа вилицата“, бидејќи момчето од Калгари, Кајл Кроксал, употреби мускули за да ја совлада најконкурентната постава до сега, во која е и неговиот брат Скот, кој лани беше вице-шампион, и сето тоа на најдолгата патека во календарот и пред 140 навивачи кои ја даваа својата поддршка.

Кајл Кроксал беше светски првак во 2012 година, а ова е негова трета победа во низа во овој град по успесите тука во 2012 и 2013 година. Тој е изедначен со Финецот Арту Пилаинен на табелата за најмногу победи во историјата на спортот. Деин Мориарити, еден од брзите близнаци што доаѓаат од Монтреал, беше второпласиран на Купот на возачите што минатата седмица се одржа како загревање со учество на младите надежи, докажувајќи дека е ѕвезда во подем со второто место и на главната трка во Сент Пол. Третопласираниот Ден Вити е локален жител во Минесота, кој стигна до првиот подиум во кариерата оставајќи ги зад себе шампионите Камерон Наш и Марко Далаго.

- Лани имав тешка сезона, но работев напорно вон сезоната за да ги раздвижам моите нозе. Ова е тешка патека на која што има многу лизгање,- рече победникот Кроксал.

Најголемиот шок на вечерта се случи во полуфиналето кога актулениот бранител на трофејот, Марко Далаго од Австрија, воедно лански победник во Сент Пол, не успеа да се протне во следната фаза. До крајот има уште три трки од Купот на возачите и три трки од Red Bull Crashed Ice првенството, а тој знае што треба да стори ако сака да го одбрани тронот.

Во Женското финале, Сала Киала од Финска доминираше на патеката за да го освои највисокото место на пиедесталот, додека Канаѓанките Жаклин Лежер и Тамара Каџа се на второ и трето место. Следната трка од купот на возачите е во Ваграин/Клајнар, Австрија, додека втората трка во Ice Cross Downhill од светското првенство ќе се вози на 7 февруари во Хелсинки, Финска.

Резултати: 1. Кајл Кроксал (Канада), 2. Дин Мориарити (Канада), 3. Ден Вити (САД), 4. Камерон Неш (САД), 5. Марко Далаго (Австрија), 6. Дилан Мориарити (Канада), 7. Тристан Дужерди (Франција), 8. Паком Шмит (Франција), 9. Скот Кроксал (Канада), 10. Рид вајтинг (САД).

Табела: 1. Кајл Кроксал 1125 бодови, 2. Дин Мориарити 1000 бодови, 3. Камерон Наш 750 бодови, 4. Ден Вити 695 бодови, 5. Марко Далаго 562,5 бодови, 6. Дилан Мориарити 550 бодови, 7. Скот Кроксал 390 бодови, 8. Тристан Дужерди 360 бодови, 9.Паком Шмит 320 бодови, 10. Дерек Веџ 285 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

И покрај негативните коментари на социјалните мрежи,  холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. 

Фото: Сидни Свини повторно се соблече

Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот.

Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување.

Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка.

Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите.

Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата:

Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки.

„Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. 

Фото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг

Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“.

Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните.

Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен.

Изглед што потсетува на раните 2000-ти.

Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена

Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори.

„Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите.

-Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена.

Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија.

Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог.

„Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер