Кај месноста „Скоко“ во делчевското село Габрово, „три води" непрекинато течат и во лето и зима - Канал 5

Кај месноста „Скоко“ во делчевското село Габрово, „три води" непрекинато течат и во лето и зима

Во близина на делчевското село Габрово веднаш над самото село од десната страна спроти блиската река се наоѓа локалитет кој мештаните го нарекуваат „Скоко”.

Кај месноста „Скоко“ во делчевското село Габрово, „три води" непрекинато течат и во лето и зима

Карактеристично за местото е што во неговото подножје се наоѓаат високи карпи, кои од блиските дрвја не се забележуваат, но она што се забележува се капките вода под карпите, кои како што велат жителите непрекинато течат и во лето и зиме. Старите одамна знаеле за оваа вода и според нивните предавања таа била лековита и често се користела за замивање од ,,очобол”, но и се пиела за здравје.

– Водата извира од две места, една од под големата карпа во близина, другата од под местото каде што е иконата што ја гледате и десно од уште едно место. Овде и лето и зиме водата капе, капка по капка, но не престанува. Местото како што може да видите наликува на пештера, од легендите сите имаме слушнато дека поради тоа што Исус Христос е роден во пештера најчистите води ги има токму на такви места, вели габровецот Горан Анакиевски.

Од пред три години тој заедно со група граѓани започнале активности за градење на водата , а бидејки водата се спуштала од 3 места, неговата цел била да се насочи кон еден извор од каде ќе можат да си наполнат гостите намерници.

– Размислувавме што да правиме и затоа почнавме да ја градиме водата. Претходно се има сонувано на луѓе од Германија кои потекнуваат од тука да учествуваат да се направи и така започнавме да градиме. Со доста донации од странство и фирми од Делчево во близина успеавме да направиме една настрешница за луѓето да се заштитат, додаде Анакиевски.

За Габровецот ова место крие голема историја. Над самиот локалитет се наоѓа месноста Панови Трли, кое изобилува со долови и ливади, а одозгора се наоѓа таканареченото ,,Градиште” кое датира од Римско време.

– На прв поглед местото изгледа празно, но вршени се ископувања од диви копачи и најдени се голем број на предмети кои ние овде ги викаме врчви, во кои луѓето во тоа време криеле храна да се прехранат. На врвот на градиштето има гробница која датира од римско време, а местото било идеално луѓето да се бранат од напади. Такво е местото скаловито и затоа од тсму се бранеле. Местото треба да се истражи подетално од археолози. Инаку како што ни кажувале нашите постари оттука поминувал Евлија Челебија, турскиот патеписец, во времето кога Габрово се вијало Бурово со тогашни 40 жители претежно Турци и Македонци, раскажува Анакиевски.

Од пред три години на Ѓурѓовден на ова место на иницијатива на нашиот соговорник се служи ручек, додека секоја година се пријавуваат кумови кои учествуваат во неговата подготовка. За годинешниот празник еден од готвачите ни откри дека се служела посна трпеза.

– Ова полека прераснува полека во традиција кај нас. има голема историја за самото место. Водата е ,,за очи” доаѓаат луѓе. Јас годинава сум задолжен за храната која е донација од вкупно 5 кумови. Добро е што годинава има повеќе луѓе, а другата година очекуваме повеќе, вели габровскиот готвач.

На самата прослава беше присутна и иселеничката Зора Димитровска која претходно во неколку наврати со црковниот одбор организираше хуманитарни акции за доизградба на хрсмот Св.Димитрија во селото Габрово. Очекува и ова место да прерасне во катче каде мештаните ќе се дружат за Ѓурѓовден и во наредните години.

– Еве како што претходно најавија организаторите, на 6 мај се слави овде, се собравме заеднички има доста луѓе со кои по трет пат се собираме за Ѓурѓовден. Поздрав до сите иселеници од странство големо фала на поканата за организаторот Горан е главниот кој го средува местото, плановите понатаму се патот да се направи, да се направи објект, но полека полека мислам ќе се успее, кажа Димитровска.

Иницијаторот на крај апелираше младите да земат поактивно учество во доизградбата и секаде онаму каде ќе се наиде на ваква вода да се чува, бидејкожи некогаш е доволно човек само вода да се напие, но она што е уште поважно е што водата е вистински благодет од Бог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Кина преку новоизградениот мост меѓу двете соседни земји, изјави јужнокорејски владин претставник.

Ким Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)

Ким пристигна во Дандонг преку новиот мост на реката Јалу, кој ги поврзува Северна Кореја и Кина, изјави функционерот под услов на анонимност бидејќи не е овластен јавно да зборува за ова прашање.

Кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретна со Ким во пограничниот град, изјави друг јужнокорејски функционер запознаен со посетата, исто така под услов на анонимност. Посетата на Ким доаѓа еден ден пред годишнината од вмешаноста на Кина во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година.

YouTube video

Затоплување на односите

Се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во сабота, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Јужнокорејски функционер запознаен со посетата изјави за Ројтерс дека е малку веројатно Ким да го посети Пекинг пред состаноците на високо ниво на Кинеската комунистичка партија, кои започнуваат во понеделник.

Кина и Северна Кореја овој месец, по долго одложување, го отворија Новиот мост на реката Јалу. Станува збор за објект долг три километри што претставува нивен најважен копнен граничен премин. Целта е да се оживее трговијата и економската размена по години на затегнати односи и нарушувања предизвикани од пандемијата.

Посетата на Ким во овој момент се вклопува во сегашната фаза на поблиски економски врски и почести состаноци на високо ниво меѓу Кина и Северна Кореја, рече Лу Чао, експерт за односите меѓу Кина и Северна Кореја во Провинциската академија за општествени науки Лиаонинг, истражувачки институт на кинеската влада со седиште во Шенјанг.

Се очекува мостот да го олесни транспортот на тешка опрема, суровини и енергија што ѝ се потребни на Северна Кореја за развој. Отворањето е најновиот знак за одмрзнување на односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг, откако лидерите на двете земји се состанаа на два самити во изминатите 13 месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. 

Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа

Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти.

Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент.

Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година.

Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник.

Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа.

Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .

Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер