Кадилак влезе во Формула1 – Ботас и Перез ќе возат за нив од следната сезона - Канал 5

Кадилак влезе во Формула1 – Ботас и Перез ќе возат за нив од следната сезона

Финецот Валтери Ботас и Мексиканецот Серхио Перез ќе возат за американскиот тим Кадилак во шампионатот во Формула 1 следната година, беше објавено денеска.

Кадилак влезе во Формула1 – Ботас и Перез ќе возат за нив од следната сезона

Кадилак ќе стане 11-тиот тим што ќе се натпреварува во шампионатот во Формула 1 следната сезона. Шеф на американскиот тим ќе биде поранешниот спортски директор на Марусија, Греам Лаудон.

- Потпишувањето договори со двајца многу искусни возачи е храбар потег. Тие знаат што е потребно за да се успее во Ф1. Но, што е поважно, тие разбираат што значи да се помогне во изградбата на тим - рече Лаудон, објавено на официјалната веб-страница на Формула 1.

Ботас (35) во својата кариера возел за Вилијамс, Мерцедес, Алфа Ромео, Заубер и има забележано десет победи во шампионатот во Ф1.

Перез (35) возел во Ф1 за тимовите на Заубер, Мекларен, Форс Индија, Рејсинг Поинт и Ред Бул. Тој има постигнато шест победи во Ф1 во својата кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Надал најави враќање на теренот!

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.

Надал најави враќање на теренот!

По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви.

„Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“.

Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари.

„Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредени

Најмалку 38 лица се здобија со полесни повреди откако дел од гипсениот таван се урна во супермаркет во јужнокорејскиот град Даегу, соопштија денеска локалните противпожарни служби.

Се урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредени

Тие потврдија дека уште 66 лица биле евакуирани од објектот по уривањето, за кое било пријавено во 10:16 часот по локално време, пренесува „Јонхап“.

„Девет лица се пренесени во болници на лекување. Иако постои можност бројот на повредени да се зголеми, итните служби на терен проценија дека е малку веројатно некој да се здобил со сериозни повреди“, изјави претставничката на противпожарната служба, Јун Џонг-ми.

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг соопшти дека на официјалните лица им било наложено да вложат максимални напори за спасување на луѓето и да обезбедат детален и брз одговор на оваа несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

10 октомври - светски ден на менталното здравје

Светскиот ден на менталното здравје се одбележува секоја година на 10 октомври, со цел да се подигне свеста за значењето на менталното здравје и да се поттикнат активности за подобра поддршка на луѓето ширум светот.

10 октомври - светски ден на менталното здравје

Овој ден е можност отворено да се зборува за психичките тешкотии, предизвиците со кои се соочуваат луѓето и потребата од достапна, навремена и соодветна грижа. Менталното здравје е важен дел од целокупното здравје, но и понатаму многу луѓе се соочуваат со предрасуди, недоволно разбирање и тешкотии при барањето стручна помош.

Светскиот ден на менталното здравје ги обединува здравствените работници, институциите, организациите и заедниците во настојувањето психолошката поддршка да стане подостапна за сите. Тоа е можност да се претстават досегашните активности, но и да се укаже на она што сè уште треба да се направи за секој човек да може да добие соодветна помош, без оглед на местото каде што живее или неговите финансиски можности.

Стресот, анксиозноста, депресијата, осаменоста и емоционалното исцрпување можат да влијаат врз секојдневниот живот, односите со блиските и работната способност. Затоа е важно да се препознаат знаците дека некому му е потребна поддршка и да се создаде средина во која луѓето ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства и проблеми, без страв од осуда.

Грижата за менталното здравје не треба да биде ограничена само на еден ден во годината. Разговорот со блиска личност, доволниот одмор, одржувањето здрави односи и барањето стручна помош кога е потребна се важни чекори кон подобра психолошка благосостојба.

Пораката на Светскиот ден на менталното здравје е дека никој не треба да се соочува сам со своите тешкотии. Подигнувањето на свеста, намалувањето на стигмата и обезбедувањето достапна здравствена заштита се клучни за општество во кое менталното здравје ќе се третира со исто внимание и разбирање како и физичкото здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер