Кадилак сака да ја освои Европа со дизел возило

Американскиот произведува на европските купувачи им го понуди компактниот „SUV“ модел „XT4“ со дизел мотор.

Кадилак „XT4“, кој за ривали ги има моделите како што се Мерцедес „GLC“ у БМВ „X3“, дебитираше на европскиот пазар со ексклузивен дизел мотор која ќе се продава само во Европа.

На тој начин, американскиот произведувач сака што повеќе да им се приближи на купувачите во Европа кои, за разлика од оние во САД, и понатаму во голем број избираат возила со дизел мотори.

Иако учеството на дизел автомобилите во Европа во последните години опаѓа, овој вид на погонски агрегати се уште е популарна на некои големи пазари, како германскиот.

Кадилак XT4 со дизел мотор користи 2.0 литарски турбо мотор кој ги задоволува најновите Еуро 6 стандарди.

Овој дизел мотор испорачува 174 коњски сили.

Моторот е во комбинација со 9 брзински автоматски менувач, додека силата стандардно се пренесува на предните тркала, а во понудата како опција ќе биде и верзија со погон на сите 4 тркала.

Кадилак за европските купувачи подоцна ќе понуди и 2.0 литаркси турбо-бензин мотор со 230 коњски сили.

Кај бензинецот стандардни се 9 степениот автоматски менувач, но и погонот на сите 4 тркала.

Основната верзија на Кадилак „XT4“ со преден погон во Германија чини 35.800 евра.

Американскиот произведувал нуди и две ексклузивни верзии: „Launch Edition“ (од 42.900 евра) и „Launch Edition Sport“ (од 47.100 евра).

Пиоли пред реваншот со Рома: Ова е одлучувачки момент за европските амбиции на Милан

 Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, ги искажа своите очекувања за вечерашниот натпревар со Рома.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, Милан загуби на домашен терен од Римјаните со резултат 0:1.

- Одам на овој натпревар со самодоверба бидејќи знам за што се способни моите играчи. Сигурен сум дека знаат што да прават на вакви важни натпревари. Мора да подобриме некои ситници во однос на првиот натпревар. Ова е одлучувачки момент за нашите европски амбиции. Мора да ги покажеме нашите најдобри квалитети на теренот и да ја исцедиме секоја последна капка пот, изјави тренерот на Милан.

Натпреварот на „Олимпико“ во Рим ќе почне во 21 часот.

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата.

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.

притисни ентер