ЖивотКаде граѓаните ќе ги поминат новогодишните празници?Туристичките агнеции со полни раце работа. Истанбул, Прага, Будимпешта, Будва, Италија се топ 5 дестиинациите за македонците за прослава на новогодишните и божиќните празници.Пикот на побарувачката го очекуваат во последните десетина дена пред доаѓањето на Новата година, вели во изјава за Канал 5 Силвана Јованова, сопственичка на туристичка агенција. „Овој период од годината претежно се актуелни оние европски дестинации каде што има божиќни маркети. Има голем интерес за Прага, Будимпешта, тука се и Италија, од поблиските дестинации Белград е секогаш актуелна дестинација. Будва е доста барана годинава со оглед на добрите програми кои што ги имаат на плоштадите и нормално да не го заборавиме и Истанбул како вечно пополарна дестинација.“- Силвана Јованова – сопственик на туристичка агенција Иако и агенциите ги чувствуваат последиците од кризите, како ковид, така и енергетска и економската, сепак велат интерес за патување кај граѓаните има и покрај повисоките цени, кој од година во година се менувааат. Јованова вели цените не зависат од нас, се обидуваме да напаравиме баланс помеѓу понудата и побарувачката. „Секогаш за нова година цените на аранжманите биле поскапи, но оваа година и хотелите ги поскапеа аранжманите, самите места кој што се посетуваат, влезници во локалитети, бродови за крстарење, автобуските, авионските превози се е накачено, така што да за жал се накачени цените, но ние се обидуваме тука да бидеме некој баланс помеѓу понудата и побарувачката за да им понудиме нешто што можат да си го дозволат.“- Силвана Јованова – сопственик на туристичка агенција Во соседство, но и европските мертополи веќе се чувствува новогодишната еуфорија - светнаа и новогодишните елки, стартуваа со работа новогодишните базари. Скопјани се во исчекување на новогодишната елка на плоштад Македонија. Од градските власти побаравме одоговор дали и кога Метрополата ќе светне во новогодишно руво, но засега одговор не добивме. Лани градот беше украсен десетина дена пред дочекот на Новата година. Празничната еуфорија, пак веќе се забележува во дел од градови низ земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Да живее слободно СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски, им оддаде почит на хероите што го дадоа најскапоценото за нашиот град да живее.- На 13 Ноември стоиме исправени пред историјата и длабоко се поклонуваме пред оние што ни ја подарија слободата. На луѓето чија храброст беше посилна од стравот, а љубовта кон татковината поголема од грижата за сопствениот живот. Пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје ја извојува својата слобода. По тешките борби, по страдањата и неизвесноста, нашиот град ја дочека победата над фашистичкиот окупатор. Секоја негова улица носи дел од тоа паметење. Секое име врежано на спомениците носи приказна за еден живот, една младост, еден сон прекинат за да можат да живеат соништата на генерациите по нив. Нивната жртва засекогаш е вградена во темелите на слободно Скопје. Наша должност е да ја чуваме од заборав и да ги учиме нашите деца колку скапо е платено правото да живеат слободно. Антифашистичката борба ни остави завет да стоиме исправени пред неправдата, да го браниме човечкото достоинство и да ја чуваме силата на заедништвото. Тоа е духот на Скопје. Градот што и во најтешките мигови знаел да се издигне, да подаде рака и да покаже дека солидарноста е посилна од секоја поделба – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека денес наша обврска е тој завет да се преточи во дела и да создаваме град на ред, чистота и сигурност. - Скопје во кое нашите деца ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина. Со таа мисла работам секој ден. Пред една година затекнавме закочени проекти и наталожени проблеми. Денес, промените се гледаат, големите проекти се движат кон завршницата, а со секој нов парк, мост и обновена улица градиме подобри услови за скопјани. Круна на мојот мандат ќе биде првата подземна сообраќајница, дело што ќе им служи и на генерациите по нас.Нашите ослободители го исполнија својот завет со храброст и со жртва. Нашиот мора да го исполниме со одговорност и со дела. Да бидеме достојни за слободата што ни ја оставија. Да изградиме Скопје достојно за генерациите што доаѓаат. Нека е вечна славата на ослободителите. Нека ни е честит 13 Ноември. Да живее слободно Скопје. Да живее Македонија – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испитПо барањето на Максим Димитриевски ќе има лидерска средба на владините партнери во декември, потврди премиерот Христијан Мицкоски..Тоа ќе биде прв пат на иста маса да седнат Мицкоски-Димитриевски-Касами и Меџити, повод е новиот закон за правосудниот испит, за кој во коалицијата имаат различни ставови дали треба тој да е на македонски, на албански или комбиниран. Премиерот и денеска повтори дека предлогот кој е испратен до Венецијанската комисија е тој на правда - теоретскиот дел да може да се полага на албански, турски или англиски, но практичниот дел исклучиво на македонски јазик. За заканите на Димитриевски дека во случај ова решение да биде усвоено е можно да ја напушти коалицијата не сакаше да коментира. „Владата се избира со мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Ние имаме мнозинство кое е многу повеќе од 61 пратеник, така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа, можеби и пошироко. Продолжуваме да го испорачуваме за граѓаните она коешто е важно, еве како овој објект и друг тип политики.“ Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Наспроти ставот на премиерот, лидерите на Вреди јавно тврдат дека и практичниот дел во иднина ќе се полага на албански, а претседателот на ЗНАМ бара тој да е целосно на македонски. Предлогот за кој треба да даде мислење Венецијанска комисија според него е хибриден и само би го искомлицирал правниот систем на државата.. -ЗНАМ, без разлика од позиција на власт или опозиција, за едно такво решение доколку дојде до парламентот, ќе се произвесеме негативно. А доколку не бидеме испочитувани како владин партнер, ќе го размислиме нашето практикување на власт. Верувам дека ќе дојде до лидерска средба во демекври, бидејќи тоа го побарав од премиерот. Ние до ден денеска немаме седнато на една иста маса со владините партнери, освен онаа општа лидерска средба во поширок формат... Јас не сакам да бидам информиран, јас сакам да бидам консултиран. Сакам да бидам составен дел и јас и ЗНАМ на решението,- Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ. Во вторникот Владата соопшти дека донела одлука да побара итно мислење од Венецијанска комисија, за независна меѓународна експертска оценка дали текстот е усогласен со Уставот, меѓународното право и европските стандарди. Венецијанската комисија уште во 2019 година даде мислење и за Законот за јазиците, но нивните забелешки никогаш не беа имплементирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook