СветКац: Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз војници на ИДФ и кршењето на договоротИзраелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз израелските војници во јужниот дел на Газа.Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз израелските војници во јужниот дел на Газа и за кршењето на договорот со кој требаше да се вратат телата на преостанатите загинати заложници. - Нападот на терористичката организација Хамас врз војниците на ИДФ (Израелските одбранбени сили) во Газа денеска преминува очигледна црвена линија на која ИДФ ќе одговори со голема сила. Хамас повеќекратно ќе плати за нападот врз војниците и за кршењето на договорот за враќање на загинатите заложници, нагласи Кац. Претходно денеска, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да изведе силни напади во Појасот Газа, откако ја обвини организацијата Хамас дека го прекршила примирјето постигнато со посредство на САД. „По безбедносни консултации, премиерот Нетанјаху им нареди на воените сили веднаш да нанесат силни удари во Појасот Газа“, се наведува во соопштение од неговиот кабинет. Военото крило на Хамас објави дека го одложува враќањето на телото на заложникот што беше закажано за вечерва во 20 часот. Во своето соопштение, Хамас наведува дека овој потег е одговор на „кршењето на договорот за прекин на огнот од страна на окупаторот“. Претходно, Хамас најави дека денеска ќе го предаде телото на заложник извлечен од еден од тунелите. Поминаа речиси три седмици откако Израел и Хамас се согласија на првата фаза од договорот за прекин на огнот. Планот предвидуваше ослободување на сите преостанати заложници кои ги држи милитантната група и повлекување на израелските сили од дел на Газа. Сепак, прекинот на огнот се покажа како кревок. Израел започна воздушни напади врз Газа, додека Хамас сè уште не ги вратил сите посмртни останки на починатите заложници, наведувајќи потешкотии со нивното лоцирање. Во меѓувреме, израелските медиуми пишуваат дека израелскиот премиер одлучил да ја прошири територијата под контрола на ИДФ во Појасот Газа по повторените прекршувања на договорот од страна на Хамас. Кабинетот на премиерот одбива да ги коментира овие извештаи, а според јавната телевизија „Кан“, Нетанјаху разговара со високи американски функционери за да го координира тој потег. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
СветПодигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека рано утринава во неделата, авион на НАТО соборил беспилотно летало што нелегално навлегло во романскиот воздушен простор.Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro. „Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана. Авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, кој извршуваше борбена задача во рамките на мисијата за воздушно патролирање од воздухопловната база „Михаил Когалничану“, успешно го собори дронот, а како можна локација за падот на неговите остатоци е идентификувана ненаселена област меѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галац. Според соопштението, воздушната тревога за округот Галац заврши во 5:20 часот наутро.Тагови: авиони дрон НАТО Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
БалканВидео: Хаос во Грција: Водената буица носела сè пред себе, гром удри во женаСилното невреме што во саботата попладне го зафати регионот Мани на Пелопонез предизвика поплави, а водената буица однесела автомобили и предизвикала големи штети на куќите и патиштата.Чудно лето во Грција, хсотичните пожари и пеколните денови сега во делови од државата се заменети со силни и обилни врнежи од дожд проследени со удари на гром. Според порталот „Та неа“, куќи и сместувачки капацитети биле поплавени за само неколку минути, а во градот Итило, жена била погодена од гром додека се наоѓала во својот автомобил и со брза помош била пренесена во болницата во Спарта. Исто така, се известува дека противпожарната служба примила десетици повици, а најмалку десет лица биле безбедно извлечени од нивните возила. Порталот „Алфа вита“ исто така пишува дека водата однела неколку автомобили во морето и дека биле уништени делови од патната мрежа. A powerful summer storm brought flash floods to multiple communities in eastern Mani, Peloponnese on Saturday. The Greek Fire Service responded to dozens of emergency calls, rescuing trapped drivers. Local authorities remain on high alert. Stay safe out there!#GreeceFloods… pic.twitter.com/la2LQM1tQx — Byte Brief (@Byte_brief) August 16, 2026 Големи штети настанале и во населбите Алипа, Кокала, Итилу, Лимени, Каравостаси и во други области на источен Мани. Во Алипа, на неколку места, нивото на водата се искачило до прозорците на објектите, при што биле поплавени куќи и туристички сместувачки капацитети, а водата и калта предизвикале значителна материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во ГрцијаРедно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност.Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже. Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција. Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од Зоран Заев. И така, додека Венко во друштво на Заев со луксузна јахта крстари по Егејот, неговите послушници во Македонија продолжуваат со ширење лаги, манипулации, правење насилни инциденти за да предизвикаат вознемиреност, страв и паника кај граѓаните. Посебно загрижува нивното однесување околу безбедноста на водата за пиење. Сите надлежните институции навремено ги спроведоа сите мерки и активности за целосно решавање на проблемот и според резултатите од последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење. За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитуваат официјалните резултати продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи. Слично беше и со нивните тврдења во однос на водата во Скопје, кои ги надминаа размерите на политичка пропаганда, каде што пласираните информации беа демантирани со релевантни податоци и докази. Народот не заслужува вакви политички игри од преостанатиот талог во СДС со прашања поврзани со водата за пиење, нивното здравје и безбедност. Граѓаните можат да бидат спокојни, водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност. А, на СДС и на Венко Филипче добронамерно им порачуваме, веќе е време да се соземат и што побрзо да се приберат од плажите по кои се распослани, затоа што предолгото изложување на сонцето предизвикува сончаница и носи последици по здравјето. Хаосот во кој се наоѓа и е заглавен талогот на СДС, не смее да биде причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20