Јужнокорејската централна банка ќе ги стави сите пари во карантин

Централната банка на Јужна Кореја денеска објави дека ќе воведе двонеделен карантин за банкнотите за да се отстранат трагите од коронавирус, а некои ќе бидат изгорени за да се запре ширењето на заразата што е можно поефикасно.

„Централната банка ќе ги чува сите пари испорачани од локалните банки во сеф на две недели, бидејќи вирусот обично угинува после девет дена“, изјави за Ројтерс неименуван претставник на банката.

Централната банка исто така вели дека банкнотите ќе бидат „измиени“ на висока температура пред повторно да бидат ставени во употреба.

Рутинскиот процес на „миење“ вклучува загревање на баснкнотите на 150 степени целзиусови на две до три минути. Тогаш банкнотите ќе се пакуваат и ќе се чуваат на температура од 42 степени на некое време. На тој начин парите се дезинфицирани, објаснуваат од централната банка.

Банката исто така ќе го заостри рутинскиот процес на согорување на валканите банкноти од сите делови на земјата за да се запре ширењето на болеста, изјави неименуван корејски службеник кој посака да остане анонимен, бидејќи не бил овластен да зборува со медиумите.

До утрово, Јужна Кореја потврди 196 нови случаи на инфекција со коронавирус или вкупно 6284 потврдени случаи, претежно надвор од Кина. Како резултат, скоро 100 земји воведоа ограничувања за туристите од Јужна Кореја, потсетува Ројтерс.

Според извештајот од Пекинг, Кина им наредила на заемодавците да ги дезинфицираат банкнотите и да ги чуваат на суво место седум дена, како дел од борбата против вирусот.

Претседателката на Грузија, Зурабишвили стави вето на законот за „странско влијание“

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили соопшти дека ставила вето на контроверзниот закон за „странско влијание“, кој предизвика масовни протести во земјата.

„Денес ставам вето (...) на закон кој е руски по својата суштина и е во спротивност со нашиот устав“, рече Зурабишвили откако текстот усвоен од Парламентот оваа недела беше осуден од неговите противници дека има за цел да ја одврати Грузија од нејзиниот пат кон Европа и да ја насочи кон Русија.

Таканаречениот „руски закон“, чии противници протестираат со недели против неговото усвојување, бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Критичарите на законот велат дека тој е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за пристапување во ЕУ.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која влегува во сè поостра конфронтација со грузиската владејачка партија, денеска изјави дека законот е во спротивност со Уставот на Грузија и „сите европски стандарди“, и додаде дека тој „мора да биде повлечен“. /МИА

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

притисни ентер