Јужна Кореја вложува 1,8 милијарди долари за развој на автономни возила на водород

Претседателот на Јужна Кореја, Мун јае-ин изјави дека државата планира да инвестира 1,8 милијарди долари за развој на автономни возила и еколошки чисти автомобили на водороден погон.

"Во иднина, веќе нема да треба да позајмуваме идеи од другите. Конечно, имаме можност да станеме лидери во глобалната автомобилска индустрија и треба да го искористиме тоа", рече Мун Јае-ин при посетата на Центарот за истражување на Хјундаи во вторникот, јавува корејската агенција Јонхап.

Тој истакна дека јужнокорејските компании веќе ја докажаа својата конкурентност во развојот на автономни и еколошки возила. Тој како пример го наведе договорот за испорака на 1.600 корејски хидрогенски камиони во Швајцарија.

Тој додаде дека постигнувањата на јужнокорејските експерти во производство на батерии, микрочипови и ИТ ќе и помогнат на Јужна Кореја да постигне светско лидерство во автомобилската индустрија.

Погонот на гориво со водород е еколошки извор на енергија со речиси неисцрпен ресурс. Електричната енергија се создава со електрохемиска реакција, од кои единствените нуспроизводи се водената пареа и топлината. За разлика од моторите со внатрешно согорување, системите со ќелии со водородни горива немаат подвижни делови, а загубата на ефикасност за време на работата е минимална.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

притисни ентер