Јужна Кореја по пукотницата: 20 војници од Северна ја минаа границата, изгледа дека заскитаа

Војската на Јужна Кореја испукала предупредувачки истрели откако околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминале границата во текот на викендот, соопштија официјални лица.

Севернокорејските трупи во демилитаризираната зона што ги дели двете земји ја преминале демаркационата линија во неделата попладне, соопшти Сеул. Последниот инцидент се случува во време на неодамнешното зголемување на тензиите поради лансирањето на балони полни со ѓубре од страна на Северна Кореја кон југот, пишува Sky News.

Јужнокорејскиот полковник Ли Сунг-Џун рече дека тие не сметаат дека граничниот инцидент е намерен бидејќи областа е густо пошумена, што го отежнува гледањето на граничните ознаки. „Тие свртеа кон север веднаш по испукувањето на предупредувачките истрели на нашата армија. Немаше невообичаени движења“, рече тој.

Новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на неименуван јужнокорејски функционер, извести дека севернокорејските војници претежно носеле алатки и се чини дека биле изгубени.

Војската на Јужна Кореја претходно испукала предупредувачки истрели кон севернокорејските војници кои ја минувале границата, но повеќето такви инциденти се случија околу морската граница која што Пјонгјанг ја оспорува. Во меѓувреме, Советот за национална безбедност на Јужна Кореја викендов објави дека ќе го рестартира емитувањето на анти-севернокорејската пропаганда преку звучниците на границата.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер