Јувентус за летниот трансфер на Салах подготви 200 милиони евра

Според британски Гардијан , Јувентус за трансферот на фудбалерот Мохамед Салах од Ливерпул за летниот период подготвил 200 милиони евра.

Информацијата за трансферот на Салах во Јувентус се пренесува заедно со онаа за заминување на Пол Дибала , аргентински репрезентативец , кој даде само 2 гола во 20 натпревари и неговиот непредвидлив карактер со чести кавги со соиграчите.

Јувентус би го продал Аргентинецот , а со парите од неговата продажба би можеле да го бараат египетскиот играч од Ливерпул.

Доколку дојде до таков трансфер , Салах ќе стане втор најскап играч на сите времиња. До сега рекорд е трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сент-Жермен за 222 милиони евра , додека сегашното второ место го држи Килиан Мбапе и неговиот трансфер од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра.

Салах од Рома во 2017 се префрли во Ливерпул , каде во 86 натпревари постигна 64 гола и имаше 24 асистенции. Неговиот трансфер Ливерпул го плати околу 50 милиони евра.

Јувентус имаше рекорден трансфер минатата година кога за 100 милиони евра го донесе Кристијано Роналдо.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер