Началникот на полицијата Селваџо Сари за време на првичната истрага изјавил дека Јувентус не е проблем во целата приказна, но тоа сега се сменило.
Да потсетиме, Суарез договорил трансфер во Јувентус од Барселона, но бидејќи Уругваецот не е роден во една од земјите на Европската Унија, морал да полага тест за италијанско државјанство. Покрената е истрага под сомнение дека ги добил одговорите пред да го полага тестот.
Суарез го положил испитот, но Јувентус се откажал од трансферот бидејќи постапката за добивање пасош трае половина година, па Суарез не можел да биде регистриран во Лигата на шампионите.
Уругвајскиот напаѓач потоа замина во Атлетико каде оваа сезона постигна пет гола на девет настапи.