ФудбалЈувентус е исфрлен од европските натпреварувања Јувентус и официјално е исфрлен од европските натпреварувања за сезоната 2023/2024.Поради тоа, италијанскиот гигант нема да игра оваа сезона во Конференциската лига, но мора да плати и парична казна од 10 милиони евра. Можно е казната да достигне и до 20 милиони евра доколку клубот не го задоволи финансискиот фер-плеј во следните три години. Своето место во Конференциската лига ѝ го отстапува на Фиорентина. За потсетување, минатата сезона Јувентус заврши на седмото место во Серија А откако му беа одземени десет бода поради трансфер измами. Да не беше овој пенал, Јувентус од третото место ќе се пласираше во Лигата на шампионите, додека вака се пласираше во плејофот на Конференциската лига. Во последните недели УЕФА размислуваше за казна за Јувентус поради претходно прекршување на финансискиот фер-плеј, но самиот клуб од Торино изјави дека оваа казна би била исфрлање од Конференциската лига, натпреварување кое италијанскиот гигант воопшто не го игра оваа сезона. . УЕФА сега го прифати овој предлог. Челниците на Јувентус некако се договорија со УЕФА за да избегнат понатамошни и построги казни, како исфрлање од Лигата на шампионите следната сезона доколку клубот се избори за ова натпреварување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно, претпладне со сончеви периодиСпоред Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Берово, 9 Маврови Анови, 10 Попова Шапка, Битола, Охрид, Демир Капија, 11 Крива Паланка, Претор, 12 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија, 14 Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18
ХороскопДневен хороскоп за 10. октомври 2о26 година Дневен хороскоп за сабота, 10. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Можете да очекувате ден исполнет со задоволства , што ќе доаѓаат поради низата идеи , што ќе ги следите со саканата личност. Кариера Ќе верувате во својата храброст и високиот морал , така што лесно ќе ги решите малите деловни грижи , за кои само вие знаете. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да се сомневате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можеби ќе се изненадите кога саканата личност ќе ве повика да излезете на едно сосема невообичаено место. Кариера Кога денеска накусо ќе помислите за она што ве очекува , ќе бидете безгрижни. На некои би можело да им се јави шефот за дополнителни задолженија. Здравје и совет Уживајте во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Внимание и нежност ќе ви бидат главни преокупации , кога станува збор за љубовниот живот. Ќе знаете како на другите да им се вовлечете под кожа. Кариера Сите оние чија работа е поврзана со уметност , денеска ќе имаат инспирација за вистински мали ремек дела. Здравје и совет Следете ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Емоции , убавина, хедонизам и страст денеска ќе се спојат во складна целина на взаемно задоволство. Кариера Дури и оние кои вредно работат, денеска ќе одмораат , зашто нивните желби ќе бидат насочени кон уживање. Здравје и совет Не претерувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето и топењето на разликите меѓу вас и другата страна денеска ќе оди преку еротика и секс. Ќе чувствувате олеснување. Кариера Ве очекува средба со многу дарежлив спонзор и инвеститор кој е сериозен. Некој ќе ви се јави за да се подготвите за тоа. Здравје и совет Соработувајте со другите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сите карти ќе бидат во рацете на вашата најдрага личност , која ќе биде многу расположена за нежности. Не прашувајте зошто. Кариера Во мислите ќе ги анализирате вестите поврзани за работата и ќе ви се чини дека сосема добро се снаоѓате. Здравје и совет Немојте да се прејадете. Овен 21.3-20.4. Љубов Се повеќе ситуации се вртат во ваша корист , а вие станувате почувствителни . Другата страна ќе знае тоа да го цени. Кариера Денеска ќе настојувате што повеќе да ги истакнете своите заслуги во работата. Здравје и совет Обновете си го хобито. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои добра забава со пријателите и саканата личност , низ содржини што имаат нешто мистично во себе. Кариера Уметниците меѓу вас денеска ќе зрачат многу повеќе од вообичаено , а другите ќе ги имитираат и ќе ги следат. Здравје и совет Бидете уште поотворени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Наеднаш би можело да ви падне на памет необична идеја со која ќе си го збогатите својот и сексуалниот живот на партнерот. Овој пат сте во право. Кариера Вашата интуација денеска ќе ви даде одговори на многу прашања. Само добро слушајте и се ќе ви биде јасно. Здравје и совет Престанете да анализирате. Рак 22.6-22.7. Љубов Би можеле да наидете на личност со која работите и која би можела да ве наведе на емотивни изливи. Размислувате за оваа личност. Кариера Додека полека минува работното време, вие се повеќе ќе размислувате за пари и како да ги заработите на страна. Замислувате необични начини. Здравје и совет Останете во реалноста и помалку фантазирајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Плима од емоции ќе ве наведе да посакате што повеќе време да минете со саканата личност. Ќе се потрудите околу тоа. Кариера Работната недела покажа дека успеавте да покажете што знаете за својата професија. Тоа ви носи задоволство. Здравје и совет На некој начин денеска ќе блескате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот љубовен живот квалитетнио се одвива, а вашата самодоверба расте од ден за ден. Самците ќе бидат успешни во додворувањето. Кариера Ќе им се препуштите на чувствата и на приватниот живот и ќе заборавите на работните обврски. Занете дека сте силни и џдека напредувате. Здравје и совет Одете во природа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЕва Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жениПо повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло. Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката. View this post on Instagram A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.Тагови: Ева Лонгорија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter