3Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“
ТехнологијаЈутјуберот лут на компаниите со вештачка интелигенцијаГолемите компании наводно користеле транскрипти на „YouTube“ за да обучуваат модели со вештачка интелигенција без дозвола.Некои од најголемите светски компании ги обучија своите модели со вештачка интелигенција на податоци кои вклучуваат транскрипти од повеќе од 173.000 видеа на „YouTube“ - и без дозвола. Ова го откри новата истрага на „Proof News“. Базата на податоци, создадена од непрофитна компанија наречена „EleutherAI“, содржи транскрипти на видеа од повеќе од 48.000 канали на „YouTube“ и е користена од „Apple“, „Nvidia“ и „Anthropic“, меѓу другите компании. Откритието укажува на една непријатна вистина за вештачката интелигенција: технологијата во голема мера е изградена на податоци земени од креаторите без нивна дозвола или надомест. Податоците вклучуваат и видео транскрипти од некои од најголемите Јутјубери, како што се Маркез Браунли „MKBHD“и „MrBeast“. Apple has sourced data for their AI from several companies One of them scraped tons of data/transcripts from YouTube videos, including mine Apple technically avoids "fault" here because they're not the ones scraping But this is going to be an evolving problem for a long time https://t.co/U93riaeSlY — Marques Brownlee (@MKBHD) July 16, 2024 „Apple собра податоци за својата вештачка интелигенција од неколку компании. Една од нив собра тони податоци/транскрипти од видеата на „YouTube“, вклучувајќи го и моето. Ова ќе биде тековен проблем долго време“, објави Браунли на платформата „X“. Досега, компаниите за вештачка интелигенција не беа транспарентни за тоа кои податоци ги користат за да ги обучуваат своите модели со вештачка интелигенција. На почетокот на овој месец, уметниците и фотографите го критикуваа „Apple“ за необјавување на изворите користени за обука на „Apple Intelligence“ системот. „YouTube“ го претставува најголемото складиште на видео содржини во светот и е вистински рудник за злато не само за транскрипти, туку и за аудио, видео, слики, што ја прави платформата совршен извор за обука на модели со вештачка интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаИзненадување во Градскиот парк-Кипар подобар од МакедонијаМакедонската сениорска репрезентација го претрпе првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година.Во салата „Лазар Лечиќ“, Кипар одигра квалитетен натпревар, ја искористи послабата одбранбена реакција на нашиот национален тим во завршницата и забележа победа МАКЕДОНИЈА – КИПАР 75:85 Избраниците на Жозеп Марија Берокал не успеаја да ја наметнат посакуваната контрола врз играта. Иако Македонија имаше свои добри периоди, гостите покажаа поголема сигурност во клучните моменти и заслужено стигнаа до триумфот. Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во македонскиот состав со 30 поени и шест асистенции, додека Стојан Ѓуроски постигна 11 поени. Кај гостите се истакна Филипос Тигкас со 25 поени. По победата над Австрија во првото коло, Македонија го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Евробаскетот 2029. Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот од Кипар (75:85). Шпанскиот стратег посочи на големиот пад во играта во последната четвртина, зголемениот број грешки и непочитувањето на основните кошаркарски принципи како клучни причини за негативниот резултат. Сепак, повика на заедништво, извлекување поуки и подготовка за февруарскиот прозорец, во кој Македонија ќе има уште две можности да ја оствари целта. „Мечот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период, но во последните десет минути покажавме една друга игра. Се зголемија грешките, промашувавме, но мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно. Овој меч не беше како што го посакувавме, но во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата“, истакна Берокал. Селекторот особено го потенцираше непочитувањето на основните кошаркарски правила, кои според него мора да бидат присутни без оглед на противникот и важноста на натпреварот. „Мора да ги почитуваме сите репрезентации и да ја почитуваме кошарката. Едноставните правила од кошарката. Денес не го правевме тоа, не почитувавме да вадиме топка надвор, играта еден на еден, да не губиме топки, протокот на топка... А Кипар одигра добар меч. Тажен сум, но ќе мислиме на следниот прозорец и мечевите кои ни следат“, објасни селекторот. Берокал направи разлика меѓу промашените шутеви, кои се составен дел од играта, и грешките што се резултат на недоволна концентрација и контрола врз сопствените постапки. „Да промашиш шутеви можам да разберам, но другите нешта кои се во твои раце и не ги контролираш, тоа не го разбирам. Шутот за три можеби е и клучен на крајот, но готово е сега. Мора да останеме оптимисти, да размислуваме за натпреварите и да се подготвиме за она што ни следи“, порача Берокал. Македонија го завршува овој ноемвриски прозорец со победа над Австрија и пораз од Кипар. Следниот предизвик е февруарскиот циклус, во кој националниот тим ќе мора да покаже поинакво лице и да ја продолжи борбата за пласман на Евробаскетот 2029.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче ПетровВработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата. Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка. Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот. „Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој. Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.Тагови: ЈСП Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар ЧупиќДенеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова .Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Процесот Брдо-Бриони е регионална дипломатска иницијатива започнува во 2013 година од Словенија и Хрватска, со цела европска интеграција на Западен Балкан и зајакнување на регионалната соработка. Синоќа се одржа и неформална вечера во организација на претседателката Сиљановска -Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони. Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. -Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион,, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39