Јутјуберот, кој не загуби против Мејведер, сега сака во ринг со Тајсон: Ќе го победам - Канал 5

Јутјуберот, кој не загуби против Мејведер, сега сака во ринг со Тајсон: Ќе го победам

Логан Пол има намера да се врати во рингот против некои од боксерските икони, сега дополнително охрабрен од неодамнешната борба во која не беше поразен во осум егзибициони рунди со Флојд Мејведер.

Јутјуберот, кој не загуби против Мејведер, сега сака во ринг со Тајсон: Ќе го победам

Ѕвездата на Јутјуб боксуваше пред десет дена со еден од најдобрите боксери на сите времиња во натпревар во кој судиите дозволија нокаут, но не го постигнаа, а бидејќи нокаутот не беше виден, на крајот скапо продадениот меч за плаќање по преглед, му донесе добра заработка на дуото во рингот, а на Пол и дополнителна популарност, што ќе се обиде да ја искористи што повеќе.

Мечот со Мејведер беше само втор за Логан, а во неговиот трет настап во спротивниот агол на рингот сака да го види Мајк Тајсон. И тој е убеден дека може да го победи некогаш најдобриот боксер на светот во тешка категорија, кој наскоро ќе наполни 55 години.

„Некој го спомна Мајк Тајсон. Мојот адвокат ми рече дека не е добра идеја, дека немам шанса и дека ќе ми ја откине главата. Во последно време поминав многу. Не можете да ми кажете дека не можам да го победам Мајк Тајсон. Тој е стар '', сигурен р јутјуберот кој ова го изјави во подкастот Impaulsive.

Логан бил критикуван по мечот против Мејведер, борец кој ја заврши својата кариера со 50 победи од ист број натпревари, затоа што барал премногу спас во клинчот за време на егзибицискиот натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина принцезата Астрид од Норвешка

Норвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот крал Харалд V, почина на 94-годишна возраст, соопшти кралската палата.

Почина принцезата Астрид од Норвешка

Нејзиниот брат Харалд почина минатиот месец на 89-годишна возраст, по повеќе од 35 години на тронот. Принцезата Астрид го имаше своето последно јавно појавување на неговиот погреб во среда.

Почина норвешката принцеза, сестра на кралот кој почина минатиот месец

„Принцезата Астрид го претставуваше кралското семејство на топол и совесен начин во текот на целиот нејзин долг живот“, изјави кралот Хакон VIII во соопштението.

Норвешка во среда одржа едноминутно молчење на погребот на Харалд V, современа личност која ги поврзуваше луѓето среде низа скандали што го означија крајот на неговото владеење. Значајни меѓу нив беа врските на неговата снаа Мете-Марит со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и пресудата за силување на нејзиниот син Мариус Борг Хоиби.

Харалд се качи на престолот во 1991 година и беше најдолго владејачкиот монарх во Европа до неговата смрт. Тој секогаш одбиваше да абдицира и покрај бројните здравствени проблеми и беше исклучително популарен меѓу своите сограѓани.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.

Времен режим на сообраќај на ГП „Делчево“

За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања.

Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.

Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер