Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КошаркаЈуниорската кошаркарска репрезентација на контролни средби со Бугарија Кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години продолжува со одигрување на пријателски средби во рамките на подготовките за настап на Европското Првенство во Австрија. Денеска и утре во Самоков избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ ќе одиграат две контролни средби со врсниците од Бугарија.Двете селекции минатата недела во Скопје исто така одиграа две пријателски натпревари, на првиот дуел Македонија славеше победа со 75:71, за потоа гостите да ни се реваншираат со 74:66. На контролките во Самоков нашиот стручен штаб на располагање ќе ги има сите репрезетативци. Тимот во однос на средбите во Скопје ќе биде посилен за плејмејкерот Ненад Димитријевиќ. Денешниот дуел е закажан за 18 часот, а утре средбата е од 12 часот. На Европскиот шампионат кој ќе се игра во неколку градови во Австрија од 23 јули до 2 август, македонската селекција ќе биде дел од групата Д заедно со националните тимови на Исланд, Данска, Ирска, Израел и домаќинот Австрија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕвропаПутин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 денаРускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори. „Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите. -Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена. Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија. Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог. „Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков. Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Автомобилизам„Honda Elevate“: Усовршен кросовер со пониска ценаВо 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“.Во 2023 година, во понудата на јапонскиот производител на автомобили Хонда пристигна еден достапен компактен кросовер – во Индија тој го носи името „Elevate“, додека во Латинска Америка и Јапонија е познат како „WR-V“ (да не се меша со моделот WR-V наменет за Југоисточна Азија). Сега е време за планирано освежување на дизајнот, а купувачите во Индија се првите што ќе го добијат надградениот кросовер. Додека претходно „Honda Elevate“ во Индија се нудеше со две опции за предната маска (со хоризонтални „ленти“ или вертикални шипки), сега е достапна само една – со голем мотив на саќе. Почнувајќи од средното ниво на опременост, предните светла сега се украсени со три „отвори“ кои содржат LED елементи. Амблемот на брендот е преместен од маската на ладилникот на работ од хаубата. Влошките околу светлата за магла сега се во бојата на каросеријата. Задното светло, кое се протега во една целина, сега е целосно функционално, додека претходно централниот дел не светеше. Димензиите на кросоверот наменет за индискиот пазар остануваат непроменети: должина од 4.312 мм, ширина од 1.790 мм, висина од 1.650 мм и меѓуоскино растојание од 2.650 мм. Ентериерот е освежен со нови материјали, а контролната табла вклучува портокалово амбиентално осветлување. Во таблата со инструменти е поставен 7-инчен TFT-дисплеј. Основната верзија на „Honda Elevate“ нема мултимедијален систем; тој станува достапен почнувајќи од второто ниво на опременост. Пониските нивоа на опременост доаѓаат со 8-инчен дисплеј во стил на таблет, додека повисоките нивоа располагаат со екран од 10,25 инчи и функција за автоматско прочистување на воздухот. Капацитетот на багажникот изнесува 458 литри. Подобрена опрема и напредни безбедносни системи Како и претходно, списокот на опрема вклучува електричен шибер, безжично полнење на паметен телефон, автоматска климатизација и пакетот безбедносни системи Honda Sensing (адаптивен темпомат, автоматско сопирање, систем за одржување на возилото во лента и систем за следење на мртвиот агол). Повисоките нивоа на опременост се дополнително унапредени со вентилирани кожни седишта во боја на слонова коска и подобрена камера со широк агол на гледање. Во Индија, „Honda Elevate“ и понатаму е достапна со 1,5-литарски бензински мотор со четири цилиндри и атмосферско полнење (121 КС, 145 Nm), во комбинација со 6-степен мануелен менувач или CVT-менувач. Вреди да се истакне дека моделите опремени со CVT-менувач сега имаат задни диск-кочници наместо барабан-кочници. Возилото доаѓа исклучиво со погон на предните тркала. Цената на ажурираниот кросовер Honda Elevate се движи од 1.180.000 до 1.840.000 рупии – што е еквивалентно на 21.300 до 33.250 конвертибилни марки (10700 до 16 300 евра) – пренесува Auto.ba.Тагови: Хонда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМлада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во станЕдна млада девојка купила стар училишен автобус и самата го претвори во стан, Никогаш претходно не користела ненаков алат, но создаде чудо.Без никакво искуство со алат, Даниел сама уредила функционална мини-куќа на тркала во текот на три години. Даниел од Њу Џерси немала никакво искуство со алат, но во текот на три години изградила дом на тркала со кујна, туш и соларен систем. Преуредувањето ја чинело околу 26.000 евра. Десет квадратни метри можеби звучат скромно за дом, но за Даниел тој простор значи можност да живее онака како што сака. Кога купувањето сопствен дом ѝ изгледало финансиски недостижно, дваесет и седумгодишната девојка од американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да истражи поинаков пат. Го пронајде во еден стар жолт училишен автобус. За приближно 4.600 евра, таа купила атобус „Шевролет експрес“ (Chevrolet Express) од 2007 година, со поминати околу 322.000 километри. Иако возилото веќе имало долг работен век зад себе, Даниел во него препозна простор што може да го приспособи на своите потреби. - Го избрав автобусот бидејќи има повеќе простор од комбе, а и чини помалку. Освен тоа, можев да го уредам точно онака како што замислував – објаснува таа. Поминаа три години од купувањето до завршувањето на домот. Таа е особено горда на фактот што пред тој проект немала никакво искуство со преправање и уредување, ниту пак, како што истакнува, некогаш држела алат во рацете. И покрај тоа, околу 85 отсто од работата ја завршила сама. Кујна, бања и кревет на десет квадратни метри Даниел вложи околу 26.000 евра во реновирањето на автобусот. Соларниот систем ја чинеше приближно 1.700 евра, изолацијата околу 800 евра, а фрижидерот го набави за околу 260 евра. Водоводните инсталации ги реши за приближно 350 евра. На простор од само десет квадратни метри, таа смести кревет, кујна со индукциска плоча со две рингли, како и бања со туш и компостирачки тоалет. Во просторот има и кровен прозорец. Поранешното возило за превоз на ученици постепено ги доби сите основни елементи неопходни за секојдневниот живот. Но, зад завршениот ентериер стојат месеци проучување и напорна физичка работа, а одредени моменти сериозно ја ставија на искушение нејзината упорност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook