МакедонијаЈСП со автобуси стари и по 30 години: Располага со 341 автобус, но само 185 се исправни За 10 години, ЈСП останало со 30 милиони патници помалку – ова го покажува истражувањето спроведено од Центарот за Граѓански Комуникации. Во 2015 година се возеле 52 милиони патници, додека во 2025 бројот на превезеници патници паднал на 22 милиони, кога бројката на фукционјални автобуси била намалена за двојно. -Еден запрепастувачки факт е што во последните 10 години континуирано се намалуваат бројот на автобуси, бројот на патници, бројот на исправни автобуси итн. Помалиот број автобуси и постари автобуси на еден начин ги одвраќаат луѓето од користење јавен сообраќај. Да чекаат долго време, да не стигнат на време кадешто тргнале, на работа или по било која потреба, внатре има секако гужва, стари се автобусите веќе, така што еве сега со дождот имавме и некои прокиснувања во некои автобуси. - Герман Филков – Центар за Граѓански Комуникации. На социјалните мрежи често се објавуваат видеа и слики од автобуси кои се расипуваат или имаат други дефекти.. Ваков случај имаше и утринава на социјалните мрежи, за расипан автобус во близина на Градската болница во центарот на Скопје, а граѓаните мораа да чекаат да дојде сервис-служба да го поправи. Според истражувањето ЈСП во 2025 година имал 341 автобус, што е за 89 автобуси помалку од 2015 година. Сепак, во 2025-та година не биле ставени во функција сите, туку само 185 автобуси, а на скопските улици сообраќаале 157. Во 2015 просекот на староста на автобусите бил 9,18 години а за само десет подоцна староста пораснала на 13,3, иако јавното претрпијатие има автобуси стари и по 33 години.. .. Подновување на возниот парк во последните десет години било направено во 2020 година, кога биле набавени 33 автобуси од марката МАН а во наредната 2021 година, биле отпишани постарите автобуси од марката Санос. Во однос на еколошкиот стандард, само 40 се со Еуро 6 стандард, додека останатите се со Еуро 5 и Еуро 4.Тагови: ЈСП Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24