ЈП Лајка: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел - Канал 5

ЈП Лајка: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел

Јавното претпријатие ЛАЈКА алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел. 

ЈП Лајка: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел

Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат.

Оваа појава, покрај тоа што претставува суровост кон животните, сериозно го нарушува и јавното здравје, безбедноста на граѓаните, како и функционирањето на објектите од јавен интерес на таа територија. Напуштените кучиња, често нестерилизирани, се размножуваат, гравитираат низ поширокото градско подрачје и го усложнуваат предизвикот на контрола на популацијата на бездомни животни.

ЈП ЛАЈКА апелира до граѓаните:

Да не напуштаат животни – тоа е казниво дело согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.

Да пријавуваат вакви случаи до надлежните институции, со можност за доставување видео или фото докази.

Да се информираат за можностите за вдомување, стерилизација и одговорно сопствеништво.

Истовремено, ЈП ЛАЈКА во соработка со инспекциските служби ќе ги засили контролите и ќе поднесе пријави против сите лица кои ќе бидат фатени во ваков прекршок.

Одговорното сопствеништво започнува дома – секое животно заслужува грижа, а не да биде оставено на улица. Само со заедничка одговорност можеме да изградиме хумано и безбедно општество.

ЈП Лајка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса!

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека мала група поранешни партиски функционери, заедно со претставници на други партии, дејствуваат за ослабување на СДСМ по налог на Мицкоски.

Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса!

„Сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија“, рече Филипче.

Тој посочи дека поранешни функционери на СДСМ седат на иста маса со луѓе од партија Левица која истакнувала пораки против НАТО, која е проруска партија а истовремено бараат промени во СДСМ.

„Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве со кои седаа пучистите вчера. Еве со овие луѓе и со претставници на други партии бараат промена во СДСМ“, рече Филипче.

Претседателот Филипче го постави прашањето зошто оваа група настапува токму сега, во период кога рејтингот на ВМРО се намалува, а СДСМ се консолидира и бележи раст на поддршката.

„Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги. Се поставува прашањето зошто сега, во овој момент така силно излегоа во јавноста?“, рече тој.

Целта е да се одземе вниманието од важните прашања што ги отвора СДСМ: плановите за дата-центри и нови рудници, задолжувањето, состојбата во земјоделството, минималната плата и пензиите.

Претседателот на СДСМ нагласи дека партијата продолжува со консолидацијата и со подготовката на политики во интерес на граѓаните.

„СДСМ вчера се покажа и се докажа дека е единствената партија којашто може да биде и е носител на опозициското движење и да ја канализира целата опозициска енергија во земјата“, истакна Филипче.

„Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ“, порача Филипче, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Михаел Шумахер живее далеку од светот на Формула 1- шампионка е во јавање коњи (ФОТО)

Џина Марија Шумахер порасна со едно од најпознатите презимиња во историјата на спортот, но наместо да го следи патот на нејзиниот татко, таа тргна во сосема друга насока. 

Ќерката на Михаел Шумахер живее далеку од светот на Формула 1- шампионка е во јавање коњи (ФОТО)

Единствената ќерка на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер денес е успешна во коњичките спортови, а вниманието на јавноста го привлекува со големата физичка сличност со својот славен татко.

Кариера во вестерн јавање

Џина Марија денес има 29 години. Иако пораснала опкружена со автомобили, нејзината најголема љубов станале коњите.

Таа со години професионално се занимава со вестерн јавање и особено се истакна во дисциплината заузда. Тоа е напорен спорт во кој јавачот и коњот мора да покажат исклучителна координација додека изведуваат брзи вртења, промени на кантер и ненадејни застанувања. Во текот на кариерата постигна голем број забележителни резултати и освои светски и европски титули.

Љубовта кон коњите ја споделува со својата мајка Корина Шумахер, која исто така долги години се занимава со коњички спортови. Семејството поседува и ранч во Тексас, каде Џина поминува многу време.

Свадба и семеен живот

Покрај спортските успеси, во последните години се случија и големи промени во нејзиниот личен живот. Во септември 2024 година, Џина се омажи за нејзиниот долгогодишен партнер Иан Бетке, кого го запозна преку нивната заедничка страст за коњите. Иан претходно беше скокач на шоу и парот беше во врска околу седум години пред да се венча.

Венчавката се одржа на Мајорка, во семејната вила на Шумахер, без присуство на јавноста. Церемонијата беше приватна, во склад со начинот на кој семејството со години ја штити нивната приватност. Неколку месеци подоцна, кон крајот на 2024 година, Џина објави дека таа и Иаин го очекуваат своето прво дете. Таа ја откри својата бременост со фотографија со розови балони, ситни каубојски чизми и бебешка јакна. Двојката подоцна добила девојче, Мили.

Иако нејзиното презиме останува трајно поврзано со Формула 1 и кариерата на Михаел Шумахер, Џина успеа да изгради сопствен идентитет во сосема поинаков спорт. Денес, нејзиното секојдневие го обележуваат коњите, животот на ранчот и нејзиното семејство, а фотографиите кои повремено ги објавува сè уште привлекуваат внимание поради нејзината неверојатна сличност со нејзиниот татко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски: Не бегаме од одговорноста, излегуваме пред граѓаните со отчет

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

Максим Димитриевски: Не бегаме од одговорноста, излегуваме пред граѓаните со отчет

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото 'Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија', на кои пред јавноста го презентира сработеното во изминатите две години на своите именувани и избрани функционери и отвора директен разговор за она што е направено и постигнато за Македонија.

Пред граѓаните во Гевгелија, претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, порача дека ЗНАМ не бега од одговорноста, туку напротив, застанува пред граѓаните со отчет за сработеното и јасна визија за периодот што следува.

„Ние сме единствената политичка партија која на половина мандат излегува пред граѓаните и кажува што сме ветиле, што сме направиле и што останува да направиме. Затоа што знаеме кои сме, знаеме зошто сме влезени во политиката, знаеме што сме сработиле, знаеме што сме постигнале и знаеме каде одиме. Не бегаме од одговорноста и не се плашиме од отчетот пред граѓаните“ порача Димитриевски.

Оттука, од ЗНАМ посочуваат дека политичката одговорност не завршува со изборите. Довербата не се бара само во моментот кога се гласа, таа се оправдува со работа, со резултати и со подготвеност јавно да се застане зад донесените одлуки и преземените обврски.

Димитриевски истакна дека најважно е граѓаните сами да можат да го видат резултатот од преземената одговорност и да препознаат што е направено во изминатиот период.

„Не бараме од граѓаните да ни веруваат само затоа што сме кажале дека ќе направиме нешто. Сакаме граѓаните да видат што е направено, да го почувствуваат резултатот и самите да оценат дали сме ја оправдале довербата што ни ја дадоа. Пред нас има уште работа, уште многу предизвици, но имаме јасна цел и знаеме по кој пат треба да продолжиме.“ потенцираше Димитриевски.

На панел-дискусијата свои обраќања имаа и координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, проф. Бобан Карапејовски, државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Надица Џерковска, и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски. Тие говореа за конкретните резултати од работата во Собранието и Владата, за донесените законски решенија, поддршката за земјоделството и македонскиот земјоделец, како и за мерките и активностите за унапредување на безбедноста на граѓаните.

По две години работа, ЗНАМ продолжува со истата обврска, да работи, да испорачува резултати и да биде меѓу граѓаните. Со јасна цел, со одговорност и со верба во Македонија.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер