ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии - Канал 5

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. 

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644.

Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето

По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол",

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето

По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол", со цел подигнување на свесноста за превенција од кардиоваскуларни заболувања.

Годинава Светскиот ден на срцето се одбележува под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“. Фокусот е на препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон обезбедување универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи.

На пунктот на ИЈЗ граѓаните имаа можност бесплатно да ги измерaт нивото на крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, како и висината и телесната тежина, со што се овозможи пресметување на индексот на телесна маса (BMI) – еден од индикаторите за ризик од срцеви заболувања.

Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија, и доколку има потреба да се зема терапија пропишана од доктор, само на тој начин ќе го заштитиме здравјето, посочи министерот Клековски.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска истакна дека целта на оваа теренска активност е подигнување на свесноста за кардиоваскуларните заболувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“

Како што објави СДК, Македониумот во Крушево бил изнајмен за околу 500 евра за снимање на спотот „Секси мама“, на косовскиот рапер Дон Џони.

Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“

Директорот на споменикот Македониум во Крушево изјавил дека продукцијата побарала дозвола и тие дале.

„Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука да може просторот да се отстапува со соодветна цена, се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати“, ни изјави Миха Оџаклиески за СДК.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Северна Кореја се подготвува да испрати уште 10 000 војници во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека на руска територија се наоѓаат повеќе од 8 000 севернокорејски војници и дека се во тек подготовки за распоредување на уште 10 000 војници.

Зеленски: Северна Кореја се подготвува да испрати уште 10 000 војници во Русија

Повикувајќи се на „нови податоци“ за распоредувањето на севернокорејски војници во Русија, Зеленски во објава на платформата Икс наведе дека тие „Се избираат за обука и последователно распоредување во Русија“. Украинскиот претседател минатиот месец рече дека до 50 000 севернокорејски војници би можеле да бидат испратени да се борат за Русија.

Според украинските и независните проценки, Пјонгјанг, исто така, ја снабдил Русија со милиони артилериски и минофрлачки гранати, како и со балистички ракети, артилериски системи со голем дострел и повеќецевни ракетни системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер