ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата - Канал 5

ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата

По Гостивар забренета за пиење и водата во Валандово. 

ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните -  зголемено е нивото на арсен во водата

Од јавниот комунален сервис соопштуват дека лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен и упатија итно предупредување до жителите на овој град да не ја пијат водат, туку да ја корситат само за технички потреби.

Според градоначалникот на општината Ѓоко Камчев можно е да настанала печатна грешка при објавувањето на резултатите. – тврди дека се прават нови анализи

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ван Бомел нов селектор на Белгија

Ван Бомел е новиот селектор на Белгија, започнува новата ера на „Црвените ѓаволи“!

Ван Бомел нов селектор на Белгија

Поранешниот холандски фудбалер Марк ван Бомел ја презеде функцијата селектор на белгиската репрезентација.

Марк ван Бомел е назначен за нов селектор на белгиската фудбалска репрезентација, потврди Фудбалскиот сојуз на таа земја.

Поранешниот холандски репрезентативец постигна договор за соработка до јуни 2028 година и ќе го наследи Руди Гарсија на клупата на „Црвените ѓаволи“.

Марк ван Бомел (49) ја започна својата тренерска кариера во 2018 година во ПСВ, а потоа ги водеше Волфсбург и белгискиот Антверпен, со кој во 2023 година ја освои двојната круна. Со тоа тој ќе стане вториот Холанѓанец на клупата на Белгија, откако таа репрезентација ја предводеше Дик Адвокат во периодот од 2009 до 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

In memoriam: Почина Наум Бурназ, доајенот на македонската песна

Почина Наум Бурназ – еден од најголемите гласови на македонската опера и староградската музика

In memoriam: Почина Наум Бурназ, доајенот на македонската песна

Македонската музичка сцена остана без уште еден свој голем уметник. На 86-годишна возраст, денеска во Охрид почина доајенот на македонската опера и познатиот интерпретатор на староградски и забавни песни, Наум Бурназ.

Роден на 26 јуни 1940 година, Бурназ целиот свој живот го посвети на музиката, оставајќи траен белег во македонската култура. Како долгогодишен член на Операта при Македонскиот народен театар (МНТ), тој беше препознатлив по својот моќен вокал, посветеноста кон сцената и бројните антологиски изведби.

Публиката ќе го памети и по култната песна „1762 лето“ (Песна за патрикот), создадена по текст на големиот македонски поет Григор Прличев, која остана една од неговите највпечатливи интерпретации.

Освен оперските улоги, Наум Бурназ беше познат и како еден од најистакнатите изведувачи на староградски и забавни песни, со што остави значаен придонес во зачувувањето и популаризацијата на македонската музичка традиција.

Погребот на Наум Бурназ ќе се одржи утре, 23 јули 2026 година, на Градските гробишта во Охрид, во периодот од 13:00 до 13:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Глупавата“ влада на Финска вложи во рудници и е мнозински сопственик во фирмата Терафејм

Додека „пребогатата“ Македонија ужива во „чистата“ вода во Гостивар, „глупавите“ Финци отвораат рудници а во јуни годинава, Терафејм e започна со екстракција на ураниум на својата индустриска локација во Соткамо, општина со повеќе од 10.000 жители.

„Глупавата“ влада на Финска вложи во рудници и е мнозински сопственик во фирмата Терафејм

Она што за Македонија во моментов е незамисливо , за „регресивната и глупава“ Влада на Финска е врвен приоритет за обезбедување на предиктивна енергетски независна иднина за следните поколенија.

Компанијата Терафејм која претставува заедничко вложување е основана во 2015 година и управува со голем рударски комплекс во Соткамо, Финска, каде што се наоѓаат најголемите европски резерви на никел и кобалт. Општината Соткамо има повеќе од 10.000 жители каде главниот економски двигатели се туризмот и рударството.

Финската влада со својата рударска компанија произведува батериски хемикалии наменети за електрични возила при што користи иновативна и енергетски ефикасна технологија на т.н. биолужење. Во споредба со традиционалните методи на производство, оваа технологија овозможува значително помал јаглероден остаток.

Еден од клучните фактори за стабилноста на Терафејм е силната поддршка од финската држава, која има мнозинска сопственост во компанијата. Ваквата стратешка вклученост придонесува за создавање сигурен европски синџир на снабдување со суровини и батериски материјали, што е од особено значење за агендата за зелената транзиција на Европската Унија.

Со цел да одговори на зголемената побарувачка, Терафејм продолжува да ги проширува своите производствени капацитети. Покрај постојниот рудник, наоѓалиштето Колмисопи неодамна доби статус на стратешки проект на ЕУ. Неговото отворање е планирано до 2028 година, со што би се овозможило континуирано производство сè до 2050-тите години.

Значајна улога во остварувањето на овие цели има долгогодишната соработка со врвни производители на рударска опрема и флота која постојано се обновува и денес располага со ултраголеми багери и 16 крути кипери. Истиве секојдневно успешно работат во тешките фински временски услови, долгите зими и екстремно ниските температури.

Постојаното унапредување на продуктивноста и ефикасноста дополнително ја зацврстува позицијата на Терафејм како еден од лидерите во европската индустрија за батериски материјали.

А нашата македонија се' уште спие...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер