ЈП Градски паркинг работи на решавање на хаосот со паркирањето на Клинички Центар

В.Д. директорот на ЈП Градски – Скопје, Бојан Христовски беше во работна посета на Клиничкиот центар каде има долгогодишен проблем со гужви на паркинг просторот. 

Проблемот е засилен поради пандемијата со Ковид 19, што во изминатиот период им создава дополнителни проблеми на граѓаните.

Директорот Христовски оствари средба со вработените на ова паркиралиште кои му ги истакнаа своите секојдневни проблеми, но поразговара и со корисниците на паркинг просторот. Беа посочени клучните проблеми и се изнајдоа првичните решенија за решавање на проблемот.

Уште од понеделник на влезот на парлиралиштето на Клинички Центар ќе бидат дополнително распоредени тројца вработени во ЈП Градски Паркинг – Скопје, кои во координација со постојните вработени ќе ги пренасочуваат граѓаните кои влегуваат на паркиралиштето за тоа каде и дали има слободни паркинг места.

Апелираме до граѓаните, паркинг просторот да се користи доколку е навистина неопходно поради користење на услуги од Клиничкиот центар Мајка Тереза, а на располагање е и алтернативниот превоз преку автобуските линии. Во овие моменти на пандемија, претеран метеж на паркингот се создава дополнителни тешкотии и за здравствените работници.

Во исто време, апелираме да се користат паркоматите за плаќање, за да се избегне гужвата пред пунктовите за наплата.

Потребно е долгорочно решение на кое продолжуваме да работиме со кое би се зголемил бројот на паркинг места, нешто за што ќе биде потребна заедничка иницијатива со град Скопје и со Клиничкиот Центар.

Во периодот што следува ЈП Градски Паркинг ќе постави и дополнителни патокази за известувања со цел подобра организација на паркинг просторот. Ќе следува и иницијатива за средба со раководството на Клинички Центар за заеднички да се изберат најдобрите решенија за паркингот.

Јавното паркиралиште „Клинички центар" располага со 832, паркинг места, 5 паркинг места за лица со попреченост и 4 паркинг места резервирани за мајки со дете. Во моментов се издадени околу 2200 паркинг дозволи за категорија ВРАБОТЕН во правен субјект.

Имајќи предвид дека работното време на клиничкиот центар се одвива во три смени, вработените кои се стекнале со дозвола за паркирање не ги користат услугите во исто време.

Бидејќи се работи за јавно паркиралиште, во склоп на клинички центар, истото е наменето за потребите на пациентите кои користат здраствени услуги на клиниките, влезот на бројот на возила не е возможно да се регулира според капацитетот на паркиралиштето и заради тоа не може да се ограничи бројот за влез на возила како на другите јавни паркиралишта.

На јавното паркиралиште во клиничкиот центар ЈП Градски паркинг Скопје има распределено вработени со работно време од понеделник до петок од 08 до 15 часот задолжени исклучиво за регулирање на сообраќајот внатре на паркиралиштето и на сервисните улици.

ЈП Градски паркинг Скопје, на јавното паркиралиште во склоп на клинички центар има поставено 2 пункта за наплата од кои едниот работи 24/7 и од него се врши мониториг на влезно-излезни терминали. Исто така претпријатието има поставено и 2 паркомати на различни локации кои се видно обележани, со упатство за користење на три јазици.

ЈП Градски Паркинг -Скопје

Србија со рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата

Србија денеска достигна нов рекорд по бројот на заразени со коронавирус - 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци се потврдени во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. 

Од скоро 40.000 тестирани, 45,3 отсто од примероците биле позитивни, што значи дека речиси секој втор тестиран бил заразен со корона.

Србија на почетокот на годината имаше нешто повеќе од 2.000 заразени на дневна основа, но бројот на заразени почна нагло да расте, што експертите го поврзуваат со масовните собири за прославата на Нова година. Брнабиќ утринава гостувајќи на ТВ Прва изјави дека според податоците од осум часот ќе се постигне нов негативен и неславен рекорд по бројот на новозаразени.

„Бројките од осум наутро се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги“, рече Брнабиќ. Таа потсети дека се во сила голем број антиепидемиски мерки и рече дека ситуацијата би била постабилна доколку се почитуваат мерките.

Во Србија во изминатите 24 часа од инфекцијата починале 26 лица, а со 18.000 нови случаи на инфекција, вкупниот број на потврдени случаи од почетокот на пандемијата надминал 1,4 милиони. Официјално се пријавени вкупно 13.124 смртни случаи. Денеска во болниците има 2.559 пациенти, од кои 109 се на респиратор.

Шаќири: Приоритет на МОН е градење квалитетен национален образовен систем

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа состаноци со раководителите од сите сектори во Министерството за да се запознае со тековното работење и заради заедничко планирање и реализирање на натамошните активности.

Како што информира МОН, Шаќири предочи дека ќе го води Министерството како прв човек на зеднички тим и очекува дека секој вработен ќе даде целосен придонес, раководејќи се од начелата на професионалност, стручност и мотивација.

– Со целото Министерство за образование и наука, во периодот што претстои, ќе продолжиме да го градиме националниот образовен систем како столб на општеството. Тоа е наш приоритет. Само преку квалитетно основно, средно и висoко образование, како и натамошни вложувања во наука, можеме да ја оствариме целта за создавање подобро општество за сите, нагласи министерот Шаќири.

Британски виролог: Влегуваме во нова фаза на пандемијата, вирусот се менува

Иако во светот расте бројот на новозаразени, па многу земји воведуваат построги мерки кои предизвикуваат незадоволство кај луѓето, експертите велат дека крајот на пандемијата конечно е видлив.

Питер Пиот, виролог од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, смета дека омикронот и вакцината се добри за колективниот имунитет.

„Влегуваме во нова фаза на пандемијата бидејќи вирусот се менува. Дека тоа го прави често доказ е оваа последна варијанта, омикрон, која побрзо предизвикува зараза, но нејзинити последици се полесни“, изјави Пиот за ХРТ.

Тој вели и дека благодарение на вакцината паѓа смртноста.

„Навистина мислам дека се движиме во насока на постигнување колективен имунитет. Имаме уште многу да научиме, но најважно е да го намалиме ризикот од инфекција“, вели тој.

притисни ентер