Јотовски и Николиќ ја минаа првата рунда во двојки на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, заедно со Србинот Милош Николиќ, го помина првото коло на ИТФ фјучерс турнирот што се игра во Хамамет, Тунис, за награден фонд од 15.000 американски долари.

Во меч од првата рунда Јотовски и Николиќ беа подобри од Шпанците Рафаел Изкуеро Луке и Николас Алварез Варона, кои ги победија со 2:0 во сетови.

Првиот сет Јотовски и Николиќ го добија експресно за 22 минути игра, притоа препуштајќи им на противниците само еден гем, односно со резултат 6-1.

Затоа, пак, во вториот беа одиграни дванаесет гема, за на крајот македонско-српската комбинација да го добие сетот со 7-5.

Во следната рунда за противници ќе ги имаат првите носители на овој турнир, Италијанците Марко Бортолоти и Џулијан Оклепо кои денеска беа подобри од сонародниците Морис Трокер и Александар Веис со 2:0 по сетови 6-2 и 6-0.

Јотовски го очекува и вториот меч во поединечна конкуренција во кој за противник во второ коло ќе го има Тунижанец Мохамед Али Белалуна./MИА

Резултати на 71,44% од гласовите: Силјановска Давкова 382.739, Пендаровски 174.538

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 73,82% од избирачките места и 71,44% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,52% од гласовите или 382.739 гласови. Стево Пендаровски освоил 174.538 гласови или 29,42%.

Пендаровски: Им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба

Стево Пендаровски вели дека резултатите се јасни и нема намера понатаму да ги образложува, тој во својата прес конференција им честиташе на победниците на овие избори.

Тој им посака успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба.

притисни ентер