Јотовски - Грабул меч од второто коло на фјучрсот во Скопје

На фјучрс турнирот што се игра во Скопје денеска во рамките на второто коло меч ќе одиграат двајцата најдобри македонски тенисери во моментов и Дејвис куп репрезентативци Томислав Јотовски (седми носител на турнирот) и Димитар Грабул. Ова значи дека Македонија ќе има еден сигурен четвртфиналист.



Во меѓусебните дуели на фјучрс турнирите скорот е 1:1 (Јотовски има победа во Суботица 2014 година, а Грабул има триумф во Сомбор 2008 година).

Последните мечеви на турнири и во рамките на државното првенство на Македонија завршија во корист на Грабул.

Двајцата тенисери играат во добра форма и за очекување е добар меч, кој ќе се игра на теренот број 1 на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“. Овој дуел е втор на овој терен според програмата и ќе почне по завршувањето на првиот меч на теренот меѓу првиот носител Давид Пихлер од Австрија и третиот македонски тенисер кој ќе игра во 2.коло Бесир Дургути.

Стартот на денешната програма на четирите терени е во 10 часот.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер