3Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
МакедонијаЈотова по средбата со Сиљановска Давкова- Македонија презема обврски кои мора да ги исполниМакедонија презема обврски кои мора да ги исполни - порача бугарската претседателка Илијана Јотова во првото јавно обраќање по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија. Според Јотова, преземените обврски не се однесуваат само на внесувањето на Бугарите во Уставот, туку и на целосната примена на Договорот за добрососедство и протоколите што произлегуваат од него. Пред бугарските медиуми Јотова нагласи дека меѓународните договори потпишани од Македонија се обврска, без оглед која влада ги склучила или кој е на власт во моментот. -Македонија преземала обврски и тие треба да ги исполни. Дел од тие обврски се поврзани со признавањето и впишувањето на бугарското малцинство во уставот и сите поврзани текстови, како и преговарачката рамка која го вклучува Договорот за добрососедство и протоколите. / За прв пат во целата моја работа и политичка кариера сретнувам такво тврдење дека тој Договор со Македонија е потпишан од претходна влада и претходни политичари и дека тоа не е од важност за нив. Јас мислам дека секој меѓународен договор се потпишува од државата и тој потпис си има своја тежина,- - Илијана Јотова – Претседателка на Бугарија. Дека покрај уставните измени, Бугарија има и други барања кон земјава поврзани со протоколите и работата на истроиската комисија, по средбата потврди и македонската претседателка Сиљановска Давкова. По ваквите пораки од првата средба на Јотова и Сиљановска-Давкова по формриањето на новата Влада на Радев, дел од политичките аналитичарите во земјава, сметаат дека би било наивно да се верува дека уставните измени се последно барање, но во исто време, сметаат дека нашиот источен сосед не бара ништо повеќе од исполнување на тоа што веќе е прифатено. -За нас ќе беше наивно да претпоставувавме дека уставните измени ќе бидат крајот на патот ан компромиси со Бугарија. Да беше тоа така, вториот протокол немаше да постои. Бугарија не инсистира на нешто повеќе од вториот протокол, но бара тој да примени и да се заврши. / Надежите дека Бугарија ќе замижи под притисок на другите земји –членки на вториот проток се покажаа како нетоќни и со тоа треба реално да се соочиме, но во исто време, не гледам дека Бугарија бара нови услови од тие што се во протоколот каде има заштитни механизми. Така што мислам дека треба да бидеме реални во проценката-- Петар Арсовски – Политички аналитичар . Македонската претседателка во Софија беше придружувана од шефот на дипломатијата Муцунски кој од бугарската престолника повтори дека земјава очекува предвидливост на нејзиниот евроинтегративен пат. Неговата колешка Велислава Петрова Чамова пак, ден потоа за тамошните медиуми го повтори ставот дека уставните измени остануваа клучен услов, и додаде дека барањето на механизми за промена на преговарачката рамка на земјава е непродуктивно. Тагови: Јотова Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции. „Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“. Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените. Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФПретседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.“, рече Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаКрави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба Повторно Крави се шетаат низ строгиот центар на Крива Паланка, покрај кејот на реката ,но и низ сообраќајниците.Граѓаните алармираат за својата безбедност.Според жителите станува збор за над илјада грла, но бројката не е официјално потврдена. Проблемот со неконтролираното движење на стада крави низ кривопаланечко трае со години. Иако уште во 2024 година бил извршен инспекциски надзор и биле утврдени неправилности во одгледувањето, состојбата останала нерешена. Од Општината велат дека досегашните барања до надлежните институции не дале резултат, додека штетите врз земјоделските насади и имотите продолжуваат да растат. „ Во 2024 година во месец фебруари токму АХВ има извршено вонреден инспекциски надзор на овие стада добиток пришто е константирано несовесно одгледување на самиот добиток и изречена мерка прекршочна. Овој проблем од 2024 година до ден денеска сеуште не е решен. Ние како Општина немаме надлежност за прогласување на кризна остојба и две години веќе мака мачиме со АХВ да постапат ... како краен механизам моравме да го Општинскиот Кризниот штаб.Верувајте штетите што секојдневно ги трпат нашите сограѓани односно нивните приватни земјоделски насади и култури, општинските штети што ние ги имаме како Општина се навистина од еден сериозен обем и карактер и финансиски, но и по самата површина што ја прават со самото неконтролирано движење на ниво на цела Општина“-– градоначалник на Крива Паланка. Од друга страна новиот директор на АХВ вели дека на негова иницијатива побарал средба со градоначалникот во понеделник, на која како што изјави за Канал 5, треба да се разговара за надминување на проблемот како и за чекорите кои ќе бидат превземени.. Во меѓувреме, за проблемот со кравите Општината побара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, но проблемот се влече веќе десеттина години. Случајот се актуелизираше и мината година кога мештаните реагираа за неконтролираното движење во реонот на Крива Паланка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook