Јорданов: Вредностите кои Гоце Делчев ги оставил како аманет и како темел да ги доближиме до младите генерации - Канал 5

Јорданов: Вредностите кои Гоце Делчев ги оставил како аманет и како темел да ги доближиме до младите генерации

„Делото на Гоце Делчев да го доближиме до денешните генерации затоа што колку и да е таа временска разлика присутна, 123 години изминати, околностите се различни, времето, приликите, можностите, тогаш и денес се сосема различни.“

Јорданов: Вредностите кои Гоце Делчев ги оставил како аманет и како темел да ги доближиме до младите генерации

„Делото на Гоце Делчев да го доближиме до денешните генерации затоа што колку и да е таа временска разлика присутна, 123 години изминати, околностите се различни, времето, приликите, можностите, тогаш и денес се сосема различни, но неговото дело е основата на нашата држава и наоѓа примена денес кај сегашните млади генерации“, истакна Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип на денешната трибина на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев.

Јорданов нагласи дека Штип е со богато културно, историско наследство, а Гоце Делчев е дел од тоа богато наследство и посочи дека делото на Гоце Делчев треба да го доближиме до младите генерации и оние вредности кои ги ширел Делчев да продолжиме да ги шириме и ние.

„Младите коишто се вклучени во политиката, вклучени во организациите ќе ги имаат овие вредности кои Гоце Делчев ги оставил како аманет и како темел на идната македонска држава, а денешна реалност, за да можеме продолжиме да чекориме кон иднината и да ја развиваме нашата држава“, кажа Јорданов, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги нападна Бахреин и Кувајт

Бахреин и Кувајт утринава соопштија дека биле цел на ирански напади со ракети и беспилотни летала.

Иран ги нападна Бахреин и Кувајт

Сирените за воздушна опасност беа активирани во Бахреин само неколку часа откако американската војска соопшти дека ја завршила тринаесеттата ноќ на напади врз Иран, објави Ал Џезира.

Кувајтската војска соопшти дека во текот на ноќта ја активирала противвоздушната одбрана за да се спротивстави на иранските напади со ракети и беспилотни летала.

Кувајт е една од неколкуте земји од Заливот кои се цел на ирански напади откако пред две недели повторно избија судири меѓу САД и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата за пиење во Крушево бактериолошки неисправна

Центарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.

Водата за пиење во Крушево бактериолошки неисправна

До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути.

Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Гостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Кризниот штаб информираше дека во првата фаза нема да смее да се конзумира водата, а по прочистување на системот и потврда од лабораториските испитувања што се очекува да биде завршено идната недела, водата од чешмите во гостивар би можела да биде добра и за пиење... Од Гостивар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави и дека секој кој се огрешил пред законот во случајот со водата во Гостивар, ќе одговара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер