Јорданов: Стимулативни мерки за вакцинација, а не со принуда - Канал 5

Јорданов: Стимулативни мерки за вакцинација, а не со принуда

Јорданов вели дека треба да има стимулативни мерки за вакцинација, а не да се прави тоа со принуда.

Јорданов: Стимулативни мерки за вакцинација, а не со принуда

Ги повикувам сите да се вакцинираат, но не може власта да воведува мерки со кои го ограничува правото на избор, не може да воведуваат мерки со кои го дели народот, вели Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Јорданов вели дека треба да има стимулативни мерки за вакцинација, а не да се прави тоа со принуда.

„Ако не знае власта што треба да се имплементира нека види што прават другите. Ако сакаме да се грижиме за здравјето за нашите граѓани тоа треба да го направиме на друг начин, да направиме подобро здравство", вели Јорданов.

Дебатирајќи во емисијата со градоначалникот на Штип, Сашко Николов, Јорданов јасно му посочи:

„Вие повикувате на масовна вакцинација, а не направивте основни услови во здравството, ниту ја има новата кличиничка болница во Штип, ниту модуларната е целосно опрема".

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаин

Речиси 40 кг кокаин исчезнаа од суд на Фиџи, во пакетите е пронајдено брашно.

Од суд во Фиџи исчезнале околу 40 кг. кокаин

Речиси 40 килограми кокаин, чувани како доказен материјал во Вишиот суд во Сува, главниот град на Фиџи, исчезнаа од судскиот сеф. Во преостанатите пакети веќе немаше кокаин, туку, според локалните медиуми, тие биле наполнети со брашно. Полицијата покрена истрага откако на 15 септември беше откриено дека недостасуваат седум од вкупно 39 пакети со кокаин. Подоцна, преостанатите 32 пакети беа подложени на форензичка анализа, при што беше утврдено дека ни во нив повеќе нема дрога. Исчезна целото запленето количество од речиси 40 килограми.

Полицијата соопшти дека дошло до манипулација со доказите и дека истрагата се фокусира на поединци кои биле директно одговорни за нивното чување во судската писарница на Високиот суд.

Според информациите, едно лице од интерес за истрагата се наоѓа во странство, а полицијата има намера да го испита.

Јавниот обвинител на Фиџи, Сироми Турага, го опиша случајот како шокантен и изјави дека ниту едно одговорно лице нема да биде поштедено од истрагата.

Кокаинот запленет уште во 2019 година Кокаинот бил запленет во 2019 година во случајот против Џошуа Азиз Рахман, државјанин на Фиџи кој поседува и канадско државјанство. Рахман бил осуден во 2021 година за поседување кокаин со намера за продажба, а дрогата останала во судот како доказен материјал за време на жалбената постапка.

Вредноста на исчезнатиот кокаин се проценува на околу 31 милион фиџиски долари (приближно 21 милион евра). Во последниве години, Фиџи се соочува со пораст на трговијата со кокаин и метамфетамин и стана клучна транзитна точка за шверц на дрога низ Пацификот, особено кон Австралија и Нов Зеланд.

Полицијата сега се обидува да утврди кога исчезнал кокаинот, кој имал пристап до доказите и како пакетите можеле да бидат заменети без тоа претходно да биде откриено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:

Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема

Европската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени.

СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема

За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници.

Тоа е резултатот на арамијата Мицкоски. Наместо реформи политика на изолација, лаги и празни ветувања.
Губиме време, пари, фондови, губиме генерации кои се иселуваат заради Мицкоски.
Реофрми нема. Европа бара исполнети обврски, независно судство и борба против корупцијата.
Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи.
Нападите врз опозицијата и црните кампањи не ја придвижуваат државата.
Цената ја плаќаат граѓаните. Скапо.
Од Македонија заглавена надвор од ЕУ корист имаат силите што сакаат слаб и поделен регион, отворен за влијанието на Москва.
Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ.
Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва.
Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски.
Мицкоски е руски прокси играч. Неговите сателити ја имаат истата задача.
Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-Америка.
Затоа сите сили се споија. Земјата да стои во место.
Министер во Владата, кафеански реформатори, ЗНАМ 2.0, шемаџии — сите во служба на руските интереси и интересите на Арамијата.
Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина.
Кој ги кочи реформите, го кочи европскиот пат. Кој ја држи државата заглавена, мора да понесе одговорност.

Скопје, 30.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер