Јорданов: Петмина загинати, а четворица наши сограѓани се борат за живот - Канал 5

Јорданов: Петмина загинати, а четворица наши сограѓани се борат за живот

Петмина штипјани се загинати, а четворица се борат за живот во болниците во земјава и странство по несреќата во дискотеката во Кочани, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Јорданов: Петмина загинати, а четворица наши сограѓани се борат за живот

Петмина штипјани се загинати, а четворица се борат за живот во болниците во земјава и странство по несреќата во дискотеката во Кочани, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој воедно ја напиша и својата порака во Книгата на жалоста, која е поставена во холот на зградата на Општина Штип.

-Голема е тагата, болката и жалоста после трагичната несреќа, којашто се случи во Кочани изразувам длабоко жалење и сочувство до семејствата на сите загинати. Се слушнав со семејствата на загинатите наши сограѓани, го изразив моето жалење и сочувство, се слушнав исто така и со дел на семејствата на повредените, коишто се хоспитализирани на лекување, рече Јорданов.

Тој истакна дека молитвите се упатени кон повредените млади луѓе за нив брзо закрепнување, како и да ни се вратат живи и здрави.

-Голема е загубата за нас како држава и како општина. Она коешто мораме да си го ветиме пред нас е да се бориме и создадеме еден нов систем поинаков од овој, којшто ги зема овие жртви. Преголема е цената, којашто ја плативме. Уште еднаш изразувам сочувство од име на граѓаните на Општина Штип, она коешто денес се случува отворивме една книга на жалост во административната зграда да Општина Штип, вели Јорданов.

Прашан за четвторицата повредени, Јорданов одговори дека утрото разговарал со семејствата на дел од повредените, на кои блиските им се хоспитализирани надвор од државата, како и на Клиниките во Скопје.

-Од информациите коишто јас ги имам до овој момент, а и од она што успеав да искомуницирам, имаме наши четворица сограѓани, дел од нив се згрижени во болниците надвор од државата, а дел во болниците во државата, во зависност од степенот на повредите и изгореници и на здравствената состојба, какошто напоменав нашите молитви се со нив. Господ да ги благословили, побрзо да закрепнат и да ни се вратат, изјави Јорданов.

Посочи дека без резервна помош им е понуда на семејствата не само од општината, туку и од општествено-одговорни компании, со отворена поддршка и помош на семејствата на настраданите и на семејствата кои имаат свои блиски низ болниците.

Прашан за коментар за оставката на кочанскиот градоначалник, Љупчо Папазов, Јорданов одговори дека не би сакал да коментира коешто се случува и ќе се случува. Во едни вакви тешки моменти мораме да бидеме сплотени, да си подадеме рака, но во исто време да се бориме против овој систем, ова зло, коешто одзема животи. Сите ние сме дел од тој систем, којшто мора заеднички да го промениме. Но, за да го промениме мораме да работиме. Во таа насока е мојот коментар, изјави Јорданов.

Прашан за протестите и маршот низ штипските улици од страна на средношколците, кои загубија свои другарки и другарчиња во пожарот во дискотеката во Кочани, Јорданов вели дека со право се испраќаат овие пораки.

-Затоа што сите ние сме загрижени, за сето она коешто се случува, за сето она коешто како предизвик стои пред нас да се исправиме, да се охрабриме и да го промениме. Младите се двигатели на промените, а тој систем којшто убивал мора заедно да го промениме, рече Јорданов.

Книгата на жалост ќе биде поставена во холот на зградата на Општина Штип, како и на градскиот плоштад „Слобода“, каде што од синоќа се палат свеќи пред сликите на петминати починати од Штип.

Боинг: Кинезите поради царините на Трамп одбиваат да ги подигнат веќе нарачаните авиони

Кинеските купувачи одбиваат да ги испорачаат нарачаните авиони Боинг поради царините, потврди американскиот авијациски гигант откако третиот авион тргна кон САД.

Боинг: Кинезите поради царините на Трамп одбиваат да ги подигнат веќе нарачаните авиони

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе „реципрочни“ царини за Кина, а Кина возврати со истата мерка.

Ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина резултираше со тоа што САД ги зголемија царините за кинески увоз на 145 отсто, а кинеските царини за американските стоки на 125 отсто.

„Многу наши клиенти во Кина укажаа дека нема да ги преземат авионите поради царините“, изјави вчера извршната директорка на Боинг, Кели Ортберг.

Кина е единствената земја каде Боинг се соочува со овој проблем, нагласи Ортберг, додавајќи дека новите авиони ќе ги пренасочат кон други клиенти кои поради глобалниот недостиг сакаат да ги добијат пред договорениот рок.

Враќање на авионите во САД

Два авиони 737 MAX 8 беа пренесени во Кина во март за испорака на Xiamen Airlines, а минатата недела беа вратени во производниот центар на Боинг во Сиетл.

Третиот авион 737 MAX 8 денеска го напушти седиштето на Боинг во Zhoushan во близина на Шангај и се упати кон американската територија Гуам, според податоците за следење на летот од AirNav Radar и Flightradar24.

Авионот е произведен за авиокомпанијата „Ер Чајна“, според базата на податоци за следење на „Aviation Flights Group“.

Ер Чајна не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Кинеската влада не соопшти зошто авионите се враќаат.

Боинг бара други купувачи

Уделот на Кина во неисполнетата книга на нарачки за комерцијални авиони на Боинг е околу 10 отсто, рече финансискиот директор на Боинг, Брајан Вест.

„Боинг“ планираше да испорача околу 50 нови авиони на кинеските клиенти до крајот на годината, рече Вест. Тој додаде дека ја разгледува можноста за продажба на 41 авион на други клиенти, како на завршените така и на оние во фаза на производство.

„Во врска со деветте авиони кои се уште не се во производниот систем, разговараме со нашите клиенти за да ги дознаеме нивните намери да го преземат авионот и, доколку е потребно, можеме да ги доделиме тие позиции на други клиенти“, рече Ортберг.

„Нема да правиме авиони за клиенти кои нема да ги земат“, додаде шефот на Боинг.

Податоците за следење на Aviation Flights Group покажуваат дека 36 авиони нарачани од кинески клиенти моментално се во различни фази на производство и тестирање во американските капацитети на Боинг, вклучително и три кои се вратени, според Ројтерс.

Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината

Кинеската Национална вселенска агенција денеска објави дека ќе им позајми на САД, Јапонија, Франција, Германија, Англија и Пакистан делови од карпите што ги вратиле од Месечината за време на нивната мисија во 2020 година.

Кинеска вселенска агенција: Ќе им позајмиме на Американците карпи од Месечината

Во соопштението се нагласува дека американско-кинеската соработка во одредени области како вселената не е целосно завршена и покрај тензиите меѓу двете земји околу геополитиката и царините.

Меѓу седумте институции на кои им е дозволено да позајмуваат примероци од Месечината што Кина ги извади од Месечината во 2020 година се Универзитетот Браун и Државниот универзитет во Њујорк во Стони Брук, пренесува Ројтерс.

Со беспилотната мисија Chang'e-5 во 2020 година, Кина стана третата земја што собира камења од површината на Месечината, приклучувајќи им се на поранешниот Советски Сојуз и САД. По завршувањето на кинеската мисија Chang'e-6 во јуни минатата година, Кина стана првата земја која ги врати на Земјата карпите од страната на Месечината што не е свртена кон Земјата, таканаречената темна страна на Месечината.

Соработката меѓу САД и Кина во вселената одамна е одвраќана со американскиот закон од 2011 година, кој се обидува да обезбеди американските технологии да останат надвор од дофатот на кинеската војска, наведува Ројтерс. Според тој закон, НАСА мора да работи со ФБИ за да му потврди на Конгресот дека преговорите со Кина нема да ја загрозат националната безбедност на САД.

Тогашниот шеф на НАСА, Бил Нелсон, во октомври изјави за Ројтерс дека очекува НАСА да соработува со ФБИ за да добие уште еден сертификат за национална безбедност што ќе овозможи испорака на карпи од Месечината до американските универзитети.

Главниот дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината, Ву Веирен, рече дека САД сега се затворени за соработка, иако тоа не беше случај во минатото, кога кинеската агенција беше таа што беше затворена за соработка.

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила .

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што преземени се вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило "пајак" и 2 мерки по останати прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

притисни ентер