Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!
2Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КошаркаЈончевски го објави поширокиот список на кошаркари за февруарскиот претквалификациски прозорецСелекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, денес го објави поширокиот список со играчи на чии услуги ќе смета во пресрет на натпреварите од февруарскиот претквалификациски прозорец.На списокот на Јончевски се најдоа: 1. Бобан Стајиќ - Пелистер 2. Кристијан Николов - Torku Konyaspor B.K. 3. Андреј Магдевски - Donar Groningen 4. Војдан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром 5. Дамјан Робев - МЗТ Скопје Аеродром 6. Адем Мекиќ - BC Timisoara 7. Андреј Јакимовски - NCAA Washington State University 8. Филип Бакоч - Работнички 9. Виктор Ефремовски - Гостивар 10. Ненад Димитријевиќ - UNICS Kazan 11. Андреј Шошкиќ - Работнички 12. Андреј Митревски - Феникс 2010 13. Виктор Ташовски - ТФТ Mozzart Скопје 14. Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром 15. ТиЏеј Шортс - Telekom Baskets Bonn 16. Теодор Симиќ - Igokea 17. Амар Хот - Феникс 2010 18. Стојан Ѓуроски - Club Ourense Baloncesto SAD 19. Ваљмир Какруки - Sigal Prishtina 20. Димитар Пандев - МЗТ Скопје Аеродром 21. Лејсон Зеќири - Sigal Prishtina 22. Андреј Маслинко - Пелистер 23. Максим Митевски - Гостивар 24. Страхил Николов - ТФТ Mozzart Скопје Првиот тренинг на репрезентацијата е закажан за 20.февруари, со почеток од 10. часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. Сениорите ќе одржат неколку тренинзи во Скопје, а веќе во вторник ќе заминат за Словачка, каде во Левице ќе го одиграат првиот натпревар од овој прозорец на 23 февруари. Ден подоцна репрезентацијата ќе отпатува за Осло каде на 26 февруари против Норвешка ќе го одигра последниот натпревар во овој трет претквалификациски прозорец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минатоМинистерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра. „Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски. Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови. Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар. Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.Тагови: Клековски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!По актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со 6 - валентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето. Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор - санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со 6 - валентен хром. Но, за да се отвори можноста за финансии, потребно е Министерот да ја достави потребната документација. Рокот е краток! Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект. Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот. Доколу рокот не се испочитува, нема да има финансиска помош, а со тоа ризикот од понатамошно загадување останува!Тагови: Еко-свест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаТошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц РуфПродлабочување на полициската соработка во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување, особено во справувањето со современите безбедносни предизвици. На средбата се разговараше за борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, тероризмот и сајбер-криминалот, со посебен акцент на навремената размена на оперативни информации, координираното постапување и зајакнувањето на капацитетите на полициските служби. Министерот Тошковски ја истакна важноста на партнерството со Австрија, како значаен и доверлив партнер на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици кои ги надминуваат националните граници. Притоа, беше нагласена потребата од натамошно продлабочување на соработката преку конкретни активности, размена на искуства и унапредување на оперативните капацитети на македонската полиција. Соговорниците се осврнаа и на досегашната соработка во рамки на заедничките европски иницијативи и проекти, насочени кон јакнење на владеењето на правото, унапредување на истражните капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и подобрување на институционалните механизми за управување со миграцијата и граничната безбедност. Беше нагласено и значењето на заедничките обуки, експертската поддршка и размената на добри полициски практики. На крајот од средбата беше изразено заемно задоволство од досегашното партнерство и подготвеност за продолжување на интензивната соработка меѓу двете земји, со заедничка цел – поефикасно справување со безбедносните закани и поголема сигурност за граѓаните.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08