Јогата ги ублажува симптомите на анксиозност и помага во контрола на стресот - Канал 5

Јогата ги ублажува симптомите на анксиозност и помага во контрола на стресот

– Еве како помага во здравјето на жената 

Јогата ги ублажува симптомите на анксиозност и помага во контрола на стресот

Едно истражување покажало интересни резултати.

Јогата е активност која својата популарност особено ја стекна во последните десет години. Многумина, сакајќи да го избегнат стресот, напнатоста и секојдневните тензични ситуации, помош побарале во практикувањето јога, а според стручњаците, таа има општо благотворно дејство на нашиот организам. Не само што ги опушта мускулите, туку помага и во урамнотежување на мислите.

Едно ново истражување дошло до интересни резултати, дошло до откритие дека јогата им помага на постарите жени кои се изложени на ризик од Алцхајмерова болест, пренесува „sciencealert.com“.

Сесиите од оваа дисциплина, според истражувачите, помагаат да се намали бројот на фактори што придонесуваат во појавата на симптомите на оваа болест.

Истражувачите од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес спровеле истражување на 79 жени на возраст над 50 години кои потенцијално имале варијантен ген што ги изложува на поголем ризик од Алцхајмерова болест, ген поврзан со зголемување на крвниот притисок.

Жените во студијата изјавиле дека имаат пад на когнитивните способности, дека земаат лекови за холестерол или имаат висок крвен притисок или дијабетес. Испитаниците за време од три месеци биле поделени во две групи. Една група посетувала Кундалини јога, а друга следела курс на стандардни вежби за помнење. Последователните прегледи покажале значително поголемо подобрување на когнитивните способности кај групата која посетувала јога, во споредба со другата група.

Оваа студија нагласува дека јогата не може да ги намали шансите за развој на Алцхајмерова болест, но кај оваа мала група волонтери најверојатно помогнала при појавата на раните симптоми поврзани со болеста.

Во групата која практикувала јога, истражувачите увиделе обновени невронски патишта, намален пад на мозочната материја и промена на некои маркери поврзани со стареењето и воспалението поврзани со Алцхајмерова болест. Кундалини јогата повеќе се фокусира на дишењето и медитацијата отколку на изведувањето на физичките пози, а други истражувања покажале дека оваа јога е ефикасна во борбата против когнитивниот пад и подигањето на расположението.

Хелен Лаврецки, психијатар од Универзитетот во Калифорнија, истакнува дека е откриено оти јогата е добра за намалување на стресот, за подобрување на здравјето на мозокот, субјективната меморија и за намалување на воспалителни процеси.

Иако вистинската причина за Алцхајмерова болест сè уште не е утврдена, научниците се поблиску се до одговорот и откриваат дека една од психичките состојби, како депресијата, може да биде поврзана со оваа болест.

И јогата и вежбите за помнење се покажале како одличен начин за одржување на виталноста во староста, бидејќи истражувачите напоменале дека и двете активности имаат позитивен ефект врз различни делови од мозокот и генерално, врз здравјето.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер