Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина
1Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина
3Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра
СветЈоав Галант: Израел ќе ја запре војната само кога ќе бидат ослободени сите заложнициИзраелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави денеска, за време на неговата посета на САД, дека Израел нема морално право да ја запре војната во Газа додека не ги врати сите заложници во нивните домови.Галант го изјави ова пред состаноците со советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и американскиот државен секретар Ентони Блинкен по усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во Газа. САД не ставија вето на резолуцијата, како што очекуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, туку беа воздржани. „Во мојот прв состанок со советникот за национална безбедност Џејк Саливан, јасно ќе ја објаснам важноста на падот на режимот на Хамас и враќање на заложниците во нивните домови. Ќе дејствуваме против Хамас насекаде, дури и во областите во кои не сме биле. Ние ќе создадеме алтернатива на Хамас за да можат израелските одбранбени сили да ја завршат својата мисија“, рече министерот Галант, пренесоа израелските медиуми. Тој, исто така, додаде дека ако Израел не постигне „јасна и апсолутна победа во Газа“, тоа би можело да ја приближи војната на север, очигледно алудирајќи на судирите со либански Хезболах на северната граница на Израел. Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, исто така, на платформата X објави дека Израел ќе продолжи да се бори додека сите заложници не се вратат дома. „Нема да го запреме огнот. Ќе го уништиме Хамас и ќе продолжиме да се бориме додека и последниот заложник не дојде дома“, напиша Кац. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднинаНа телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија.На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија, нагласувајќи дека Владата спроведува политики и иницијативи со кои младите се ставаат во фокусот и добиваат можности за подобра иднина во сопствената држава. „Кога ја коментираме политичката состојба во Македонија клучниот збор којшто треба да го издвоиме е промени, гледаме промени во коишто пред се младиот човек не се чувствува како гостин во својата држава туку како нејзин домаќин, гледаме дека секојдневно се работат иницијативи во коишто младите се во фокусот но и другите политики коишто се спроведени, а младите имаат бенефит од истите, промените се тоа што е клучно и што ја отсликува политичката состојба во Македонија. Исто така мора да потенцираме дека политичката состојбата во оваа држава моментално е многу стабилна, имаме стабилно владино мнозинство, имаме стабилна Влада којашто програмата со којашто има излезено пред граѓаните во 2024 година ја исполнува во добар тек. Промените се случуваат, дефинитивно имаме една структура којашто работи во насока на тоа Македонија како екосистем ја направи место каде што младите ќе имаат шанса за одржлив развој и фер шанса за достоинствен живот“, рече Конески. Конески посочи и конкретни иницијативи насочени кон подобрување на студентскиот стандард, потенцирајќи дека од 13 студентски иницијативи биле прифатени 10, како и дека се разгледува нов модел за студентски оброк. „Резултатите од Реформската агенда покажуваат дека сме први со најмногу алоцирани пари од Европската Унија согласно реформските процеси, од 13 студентски иницијативи 10 се прифатени односно студентите и барањата на студентите, понудивме нов модел за студентскиот оброк којшто рековме дека прво ќе го презентираме на студентите откако ќе се произнесат ќе видиме дали истиот ќе биде прифатен или нема, премиерот понуди две нови решенија коишто директно би помогнале при решавање на проблемот со домување, директно ќе се постапи кон решавање на истиот“, дециден е Конески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СкијањеОлимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата Актуелната двократна олимписка шампионка во велеслалом и супер-Џи, Федерика Брињоне, денес објави дека ја завршила својата натпреварувачка кариера поради повреда.- По два дена на снегот, сфатив дека ногата не ми се опоравила и дека премногу ме боли. Поради оваа причина, решив да ја завршам мојата натпреварувачка кариера. Ова беше тешка одлука, и покрај сè што направив за да се вратам, сериозноста на повредата не ми дозволува. Би сакала да учествувам само во уште една, последна трка, ќе ве известам кога - рече Брињоне на Инстаграм. Италијанската скијачка се врати на патеките во вторник за прв пат по операцијата во август, кога ѝ беа вметнати плочи и завртки во левото колено по повеќекратни фрактури на ногата и скинати предни вкрстени лигаменти. Брињоне беше двократна светска шампионка во 2023 и 2025 година, а има сребро и бронза од Зимските олимписки игри во 2022 година и бронза од 2018 година.Тагови: Федерика Брињоне Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка? Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата.Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата пред да се реализираат трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и друштвото кое денес работи под името Алта осигурување. Цветков посочи дека случајот со Алта банка АД Битола отвора сериозни прашања за функционирањето на финансискиот систем, институционалната одговорност и транспарентноста на пазарот на капитал. „Станува збор за случај кој не смее да се третира само како редовна, деловна или техничка постапка за продажба на акции, особено, ако се има предвид дека станува збор за банкарска институција, чија сопственичка структура претрпе сериозни промени и дека во постапката се вклучени повеќе институции со различни надлежности и одговорности“, рече Цветков. Тој посочи дека Македонската берза има важна институционална улога во обезбедувањето законито и транспарентно функционирање на пазарот, еднакви услови за учесниците и навремено објавување информации од значење за инвеститорите. „Јавноста има право да знае како се случувале овие процеси, кој носел одлуки, врз основа на која информација и дали во секоја фаза биле почитувани принципите на законитост, транспарентност, еднаков третман и заштита на интересите на засегнатите страни“, рече Цветков. Во таа насока, Цветков побара конкретен одговор кои документи и одобренија биле доставени до Македонската берза од надлежните институции, кога биле доставени и дали Берзата е подготвена целосно да ја објави хронологијата на постапките. „Преку Македонска берза поминаа и трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и трансакциите за купување на друштвото што денес е Алта осигурување. Што конкретно провери берзата по секој од двата случаи пред да се извршат овие трансакции? Кои одобренија ѝ беа доставени од институциите и на кој датум? Дали сте подготвени да ја објавите таа хронологија?“, праша Цветков. Во дополнителното прашање, Цветков го отвори и прашањето за можните правни последици од продажбата на акциите, барајќи да се разјасни дали биле проверени овластувањата на Народната банка за нивна продажба и дали постои ризик од нова штета за граѓаните доколку следуваат тужби и меѓународна арбитража. „Проверивте ли дали Народна банка Македонија смее да ги продава тие акции, односно што доколку утре следуваат тужби и меѓународна арбитража, дали постои ризик за граѓаните на Македонија повторно да бидат оштетени?“, праша Цветков, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook