ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани - Канал 5

ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани

 Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство. 

ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани

За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба.

Во пожарот што се случи вчера животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство.

Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала.

Како што соопшти синоќа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, досега се сослушани над 20 лица, меѓу кои и еден од организаторите на настанот, а потврди дека на информативен разговор е повикан и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.

Според Коцевски, се работи за сложен предмет и има многу работи што треба да се испитуваат. Досега се преземени низа активности – наредби за обдукција на жртвите, наредби за преземање мерки до МВР и БЈБ за апсење на секое лице кое со своето постапување или не постапување придонело за настанот и да се испита неговата улога, наредба за анализа на одземени предмети, предлог за издавање наредба за одземање видео снимки од безбедносни камери, предлог за издавање наредба за привремено одземање документација на правниот субјект, барање за претрес во дом и други простори и барање за меѓу институционална соработка до ОЈО ГОКК.

- Лицата постапувале спротивно на прописите и техничките правила на мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и делото на луѓето од големи размери, изјави Коцевски.

[Како одговор на итното барање на македонските власти, Турција испрати два медицински авиони за евакуација.]

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница. Четири лица моментално се обезбедни во болница - два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое што ја менаџирало дискотеката.

- Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека e еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави Тошковски.

Легална лиценца за работа фирмата немала и во овој дел од истрагата Тошковски рече дека не може да открие повеќе детали, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и корупција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Српската пејачка Јелена Карлеуша го обвини својот екс сопруг , поранешниот фудбалер Душко Тошиќ дека ја нападнал неа и нејзиното момче! Таа откри и дали неговата нова девојка Нора е сè уште во брак.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Јелена Карлеуша се огласи на својот X профил, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за прв пат објави фотографија со својата нова девојка Нора.

Контроверзната Карлеуша не штедеше зборови за својот поранешен сопруг, а откри и дека Нора е сè уште во брак.

- Никогаш физички не би го нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка на начинот на кој тој нè нападна мене и моето момче иако долго време бевме разведени (претпоставувам дека ќе го стори тоа и нејзиниот сопруг).

Ако сакав да тепам проститутки, ќе почнев од Турција. Но, ги сакам новинарите кои се тркаат наоколу, ги фалат моите бивши, а воедно имаат амнезија за годините злоупотреба. Поради ова, ниту еден новинар нема да добие изјава од мене повторно. Сега нека ви ја дадат Карлеуш од Тему - напиша ЈК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Една од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. 

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите.

Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент.

Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот.

Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел.

Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца.

Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце.

На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден.

Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат.

„Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата.

Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година.

За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година.

Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер