ЈО:Предложен притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“ - Канал 5

ЈО:Предложен притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор.

ЈО:Предложен притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на Република Северна Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.

Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија.

Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

Ваквите мерки според обвинителството се неопходни за непречено водење на кривичната постапка.

Илјадници прославуваат во Техеран (ВИДЕО)

Иранските медиуми емитуваат снимки од голема толпа што се собрала во центарот на Техеран, за кои, според нив, изразува поддршка и благодарност за вооружените сили на земјата.

Илјадници прославуваат во Техеран (ВИДЕО)

Собирот на Плоштадот на револуцијата во Техеран го објавија државните новински агенции ИРНА, Фарс и Мехр.

Според извештаите, насобраните се заколнуваат дека ќе стојат покрај вооружените сили до крај, фалејќи го нивниот „разорен одговор на агресиите“ на Израел и САД.

Видео снимките емитувани од иранските медиуми покажаа луѓе како скандираат во поддршка на Иран, носејќи ирански знамиња и постери на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Не е јасно дали иранскиот режим го организирал собирот, објави Си-Ен-Ен.

Трамп пристигна во Холандија, ќе учествува на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва пристигна на аеродромот Шипхол во Амстердам во Холандија за да присуствува на самитот на НАТО.

Трамп пристигна во Холандија, ќе учествува на самитот на НАТО

Се очекува Трамп директно да оди во палатата Хаус тен Бош во Хаг, каде што кралот и кралицата на Холандија организираат државна вечера за 32 лидери на НАТО и нивните партнери, пренесе Индекс.

Првата дама на САД не е со него

Сепак, првата дама на САД, Меланија Трамп, не пристигна во Холандија.

Лидери на НАТО се собираат на дводневен самит на кој се очекува да се потврди зголемувањето на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година.

Трамп пристигна во Холандија откако објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран доцна синоќа.

Мисајловски од Хаг: Развивајќи ги нашите капацитети, ги зацврстуваме капацитетите на колективната одбрана во НАТО

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска на покана на министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс присуствуваше на Форумот за одбранбена индустрија кој се одржува во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг.

Мисајловски од Хаг: Развивајќи ги нашите капацитети, ги зацврстуваме капацитетите на колективната одбрана во НАТО

-Одбранбената соработка со сојузничка Холандија е на исклучително високо ниво. Развивајќи ги нашите капацитети, ги зацврстуваме капацитетите на колективната одбрана во НАТО. На Форумот уште еднаш беше потврдено дека соработката со одбранбената индустрија е исклучително важна во развојот на одбранбените капацитети на сојузничките земји, истакна тој.

Мисајловски порача дека инвестирањето во одбраната и процесот на модернизација и опремување се двете клучни алки за силна и безбедна Алијанса.

притисни ентер