Јелена Ѓоковиќ за гласините дека Новак има афера: Со години ме прават дворска луда - Канал 5

Јелена Ѓоковиќ за гласините дека Новак има афера: Со години ме прават дворска луда

Откако некои српски таблоиди објавија дека Новак Ѓоковиќ и актерката Марија Каран флертувале на концертот на Дино Мерлин во Црна Гора и дека Јелена бурно реагирала на сето тоа, се јави сопругата на Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.

Јелена Ѓоковиќ за гласините дека Новак има афера: Со години ме прават дворска луда

„Ако не ја негирате лагата - затоа што немате одговор на глупостите и едноставно не се занимавате со тоа - за новинарите тоа се смета како зелено светло да ве влечат низ весниците и да ве прават дворска луда “, напиша Јелена до веста со наслов„ Јелена го нападна Новак поради Марија Каран “.

„По 15 години пишување за аферите со секоја девојка од нашето заедничко опкружување, тие сега не` познаваат толку добро како двојка, што знаат дури и кога сум љубоморна без зборови и дела (затоа што наводно не можете да го видите тоа, но тие знаат зашто имаат многу „сигурни извори“), и секако кога не ја негирате глупоста, тоа автоматски станува корисна мамка за идните објави за сега веќе поранешните љубови ... Затоа што така ликот и делото на еден млад, успешен спортист од нашата земја е почитувано. Сите овие години, многу повеќе кликови носат скандалите “, напишала меѓу другото Јелена.

Марија Каран, која на домашната публика и е позната по улогата во серијата „Изборот на Лара“, не ги коментирала новинарски написи. Претходно, таа на својот профил на Инстаграм споделила фотографија на која таа и една пријателка позираат со Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски маринец загинал за време на воена вежба во Јапонија

Американски маринец починал по инцидент за време на воена вежба на јапонскиот остров Окинава.

Американски маринец загинал за време на воена вежба во Јапонија

Оваа информација денеска ја објави „Еј-Би-Си њуз“, а ја потврди и Корпусот на маринци на САД. 3-тата дивизија на маринците издаде соопштение во врска со настанот.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на еден маринец по инцидент за време на обука во кампот „Шваб“ на Окинава, што се случи на 3 ноември 2026 година“, се наведува во соопштението на дивизијата, пренесе Ројтерс.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда нема да го пушти Крис Џонс!

Старо-новиот грчки кошаркарски великан, ПАОК испрати фантастична понуда во вредност од 3.000.000 евра за плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Крис Џонс, објави грчкиот портал SDNA.

Ѕвезда нема да го пушти Крис Џонс!

Сепак, „црвено-белите“ немаат намера да се откажат од еден од своите најдобри играчи.

Џонс има важечки двегодишен договор со клубот од Мали Калемегдан и нема дозвола да го напушти тимот.

Американецот пристигна во Ѕвезда минатото лето од Хапоел Тел Авив и брзо стана еден од најважните играчи во тимот. Во Евролигата, Џонс има просек од 8,8 поени и 5,9 асистенции. Според тоа, ПАОК ќе мора да побара друго засилување на позицијата плејмејкер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Претседателот на САД,  Доналд Трамп најде нов виновник за изборниот дебакл на републиканците на американските избори на средината од мандатот–телевизиската мрежа „Фокс њуз“, која некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми сојузници.

Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Откако демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, американскиот претседател во средата остро ја нападна една конзервативна телевизиска станица, обвинувајќи ја дека придонела за поразот со тоа што редовно ги канела демократите во својата програма.

Тој беше особено разгневен од гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, кого жестоко го нападна во објава на социјалните мрежи.

„Зошто ’Фокс њуз‘ (Fox News) го држи во програма Бил де Блазио, најлошиот градоначалник во историјата на Њујорк, додека тој беснее и брбори како лудак? Тој го напушти градот со срам, а штетата што ја направи е немерлива – градот никогаш повеќе не беше ист, а сега тој ни кажува како да ја водиме Америка“, напиша Трамп.

Потоа тој директно го обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, префрлајќи ѝ на телевизијата што ги канела политичките противници во програмата.

„Fox News сноси одговорност за овие порази бидејќи постојано и упорно им дава простор на опозиционерите од редовите на ’глупократите‘ (dumbocrats) и оние уште полошите. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател во својата објава.

Инаку, Трамп претходно им честиташе на демократите за нивниот успех на меѓумандатните избори одржани во вторникот и призна дека врз поразот на републиканците влијаело и прашањето за Иран, додека демократите се подготвуваат да ја преземат контролата врз Конгресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер