Јавното појавување на Заев на синоќешната прослава на СДСМ- повод за партиски препукувања - Канал 5

Јавното појавување на Заев на синоќешната прослава на СДСМ- повод за партиски препукувања

По подолг период далеку од очите на јавноста, медиумите и јавните партиски настани, поранешниот премиер Зоран Заев за првпат синоќа се појави на роденденденската прослава на СДСМ во партискиот штаб на Бихаќка.

Јавното појавување на Заев на синоќешната прослава на СДСМ- повод за партиски препукувања

Иако пристигна на самиот крај на коктелот пред да си заминат сите гости, го привлече вниманието на присутните сопартијци кои се фотографираа со него и го дочекаа со аплауз и прегратки.

Заев не сакаше да даде изјава пред камерите со став дека останува надвор од политичките води од кои официјално се повлече на почетокот на 2022 година. Но според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, самото негово појавување на роденденот на партијата било доказ дека поранешниот лидер го има и сега главниот збор во СДСМ.

-Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека Зоран Заев е стопанот, а Филипче е чиракот во СДС. Доколку СДС сака да се реформира и да биде главна опозиција во Македонија, мора да се оградат и дистанцираат од аболицираниот криминалец Зоран Заев. Инаку, ако продолжат по истите овие стапки – тоа навистина е многу лошо за СДС, кој што како што гледаме нема намера да се промени,- Валентин Манасиевски – ВМРО-ДПМНЕ.

Пред коктел-прославата во СДСМ се одржа и свечена седница на Централниот одбор, на која се обрати претседателот Венко Филипче. Пред партискиот врв се осврна на улогата на СДСМ во креирањето на државните политики во минатото, но и ја искритикува актуелната власт дека работела спротивно на националните интереси.

-Да си ветиме политика достојна за Македонија. Тргнуваме против оваа ненародна криминална предавничка власт, одново чисти, скромни, искрени и посоцијалдемократски од кога било досега,- Венко Филипче – претседател на СДСМ (20.04.2026).

Роденденската прослава по повод 35 години од основањето на СДСМ доаѓа во период на партиски превирања и најави за формирање на иницијатива за обединување на опозицијата.

Забележливо беше тоа што не се појавија дел од актуелните пратеници, меѓу кои и Славјанка Петровска која преку социјалните мрежи порача дека ако партијата не се промени, ќе исчезне. Евидентно беше и отсуството на поранешниот лидер Бранко Црвенковски, кој во 2020та го замрзна членството во СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечки влегоа во аптека- животното е убиено, мечето е однесено само да се снаоѓа во дивина (ВИДЕО)

Службениците за заштита на природата еутанизираа женска црна мечка во Хоуп, Британска Колумбија, Канада, откако таа и нејзиното младенче влегоа во локална аптека. 

Мечки влегоа во аптека- животното е убиено, мечето е однесено само да се снаоѓа во дивина (ВИДЕО)

Мечките влегоа во аптеката Фармасејв низ автоматска врата и мирно одеа пред да излезат кон реката Фрејзер додека вработените ги евакуираа клиентите, објави ЦТВ Њуз.

Службата за заштита на природата на Британска Колумбија ја еутанизираше женската мечка бидејќи беше утврдено дека е премногу навикната на луѓе и често влегува во населени места и згради, а нејзиното младенче беше пуштено во дивината за да се грижи само за себе.

„Кога женската мечка влезе, таа отиде директно во одделот за козметика, а потоа на нашиот шалтер за парфеми“, рече вработената Кара Келсо, која ги снимаше мечките.

„Младенчето беше со неа цело време. Мајката беше многу опуштена, движејќи се низ просторот за да го добие она што ѝ требаше, додека младенчето си играше по патот. На крајот се вратија во делот од аптеката што беше отворен кон излезот“, додаде таа.

„Беше надреално“, рече асистентката во аптеката Ерин Реган. „Тие само влегоа и беа сосема мирни. Бевме многу изненадени што не сакаа веднаш да излезат, само се шетаа наоколу како да пазаруваат, како да го направиле тоа милион пати.“

Келсо остана зад шанкот и се јави на 911 за совет.

„Мечката дојде зад касата, малку ме помириса, а потоа едноставно си замина. Мечката потрча по неа, а тие свртеа десно и се упатија право кон реката Фрејзер“, рече Келсо.

Вработените во Фармасејв се надеваа дека животните ќе бидат безбедно вратени во шумата, но во понеделник, Службата за диви животни на Британска Колумбија соопшти дека откако мајката и младенчето биле успиени, мајката била решена дека е премногу навикната на луѓето и била еутанизирана. Нејзиното младенче било пуштено во дивината за да се грижи само за себе.

Службата за диви животни во соопштението наведува: „Мечките кои учат да ги поврзуваат луѓето со храната често посетуваат населени места и влегуваат во домови или продавници и не се кандидати за преместување или рехабилитација поради ризикот за јавната безбедност.“ Холи Рајснер од мрежата на црни мечки на северниот брег вели дека снимката од продавницата покажува дека мајката мечка не била заинтересирана за луѓе, туку само за храна. Рајснер се плаши дека младенчето - кое веројатно е родено во јануари или февруари и требало да остане со нејзината мајка до следното лето - нема да преживее.

„Малку е веројатно дека мечка како таа би преживеала ако биде пуштена во дивината. Тие немаат многу телесни масти.

Сега тоа младенче е сосема само да најде храна“, рече Рајснер, додавајќи: „Како таа мечка ќе најде место за хибернација без мајка да ѝ покаже како да го прави тоа?“ Таа изрази жалење што младенчето не било сместено во објект како што е „Критер Кеар“ во текот на зимата.

„Тие спасуваат мечки и на властите за заштита е да ја донесат таа одлука“, рече Рајснер. „Тие имаат можност да ѝ дадат дозвола на „Критер Кеар“ да го фати и рехабилитира тоа младенче. Но, одлуката е нивна.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју.

Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... 

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време..

Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници..

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година..

Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД..

„Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер