Јавното обвинителство под мотото „Интегритет, реформи, правда“ го одбележува 31 Март - Денот на правосудството - Канал 5

Јавното обвинителство под мотото „Интегритет, реформи, правда“ го одбележува 31 Март - Денот на правосудството

Под мотото „Интегритет, реформи, правда“, Јавното обвинителство на Република Македонија и Здружението на јавните обвинители организираат свечен настан за одбележување на 31 Март – Денот на правосудството. 

Јавното обвинителство под мотото „Интегритет, реформи, правда“ го одбележува 31 Март - Денот на правосудството

На настанот во зградата на ЈОРСМ, воведни обраќања, како што е најавено ќе имаат новиот Јавен обвинител на Република Македонија, Ненад Савески; заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители, Марјана Илиеска и претседателот на Здружението на јавните обвинители, Елвин Вели.

Здружението на ЈО, на настанот, како што е најавено, ќе презентираната програма и планирани активности за 2026 година.

Во рамки на настанот, исто така, предвиден е и дел за дискусија, предлози и сугестии, како и за доделување на благодарници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија и Белгија со поддршка за Мелони против Трамп: Доста е, оставете ја на мира (ВИДЕО)

Шпанскиот премиер и белгискиот министер за одбрана ја изразија својата поддршка за италијанската премиерка Џорџија Мелони, критикувајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Шпанија и Белгија со поддршка за Мелони против Трамп: Доста е, оставете ја на мира (ВИДЕО)

„Навредите од Белата куќа мора да престанат. Тие го делат Западот и не постигнуваат ништо“, рече Тео Франкен. „И мора да ја остават Мелони на мира. Доста е!“, додаде тој.

Одделно, зборувајќи по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, шпанскиот премиер Педро Санчез изрази целосна „солидарност“ со Мелони. „Овој напад, кој не е ниту политички ниту личен, не знам ни како да го опишам“, рече тој.

Коментарите доаѓаат откако Мелони остро ги отфрли тврдењата на Трамп дека го „молела“ за фотографија за време на неодамнешниот самит на Г7.

Мелони: Изјавите на Трамп се целосно измислени

„Ме молеше да се сликам со неа. Толку многу сакаше да се слика со мене... Не би го направил тоа, но ми беше жал“, рече Трамп, според италијанската телевизиска станица La7.

„Изјавите на Доналд Трамп се целосно измислени - искрено сум запрепастена“, рече Мелони во видео објавено на социјалните мрежи. „Јас и Италија никогаш не молиме.“

Контроверзноста предизвика политичка реакција во Рим, каде што министерот за надворешни работи Антонио Тајани ја откажа планираната посета на САД, нарекувајќи ги забелешките на Трамп „сериозни и навредливи“.

Епизодата сигнализира растечки тензии меѓу италијанските и американските лидери, кои претходно одржуваа блиски врски. Мелони е единствениот европски лидер поканет на инаугурацијата на Трамп за неговиот втор мандат минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се двајца гостиварци и еден албански државјанин- дрога била пронајдена при претрес на нивниот дом

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, три лица лишени од слобода.

Уапсени се двајца гостиварци и еден албански државјанин- дрога била пронајдена при претрес на нивниот дом

На 19.06.2026 година, во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.З. (27) и А.З. (23), двајцата од Гостивар, како и Ј.М. (31) од Република Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

При преземање на службени дејствија, кај Б.З. била пронајдена бела прашкаста материја. Потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и подрумските простории, при што била пронајдена марихуана.

Трите лица се задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 68 654,00 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година изнесува 68 654,00 денари.

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 68 654,00 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јуни 2026 година изнесува 68 654,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 год. која изнесува 68 742,00 денари е намалена за 88,00 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец јуни изнесува 84 024,00 денари, објави ССМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер