Јавното обвинителство побара документација од три институции за случајот Крпач

Основното јавното обвинителство бара информации за истрагата за смртта на Коста Крпач од Специјалното јавно обвинителство, од МВР и од Основниот суд, со цел расветлување на случајот, потврдуваат за Канал 5 од скопско обвинителство.

Оттаму додаваат и дека ги очекуваат дополнителните наоди кои ги побараа откако минатата среда во стан во скопски Капиштец беше откриено телото на 40-годишниот Коста Крпач со прострелна рана во градите.

-Извештајот од извршената обдукција не е пристигнат во Основното јавно обвинителство. Имено, по извршената обдукција, надлежен обвинител изврши координација и консултација со Институтот за судска медицина и со крим техника, по што издаде поголем број Наредби за вршење на дополнителни анализи и вештачења, велат од ОЈО.

Во станот на Крпач, како што потврдуваат и од Основниот суд Скопје 1, пред смртта бил извршен и претрес по барање на СЈО, од каде посочија дека Крпач бил нивен сведок со кого добро соработувале и дека тој доброволно се јавил како сведок. Како што вчера објавија дел од медиумите, се очекува деновиве надлежен јавен обвинител да ги повика одговорните од специјалното обвинителство кои работеле на случајот со Коста Крпач да ги образложат активностите во текот на постапката. Инаку, 40-годишниот Коста Крпач не е првиот за кого се говорело дека е жртва на тортура од страна на СЈО. Според потврдените информации досега се поднесени над 20-тина кривични пријави за малтретирање против обвинители од тимот на Катица Јанева. Во нив се тврдеше дека обвинителите преку закани се обидувале да изнудат лажни изјави од повиканите. Во однос на овие предмети кои се водат против обвинители и истражители од СЈО, од скопско обвинителство за Канал 5 велат дека сите постапки се запрени со одлуката за аболицијата на претседателот Иванов.
Од СЈО, пак се уште нема одговор – зошто наредиле претрес во домот на Коста Крпач, зошто тоа морало да се случува пред очите на неговото дете, сопругата, соседите, што нашле за време на претресот, и зошто доколку СЈО немал намера да го гони Коста Крпач би им пречело прекинувањето на постапката од страна на Претседателот Ѓорге Иванов? Останува не одговорено и прашањето поставено во дел од медиумите - зошто СЈО не побара од судот да биде издадена наредба за претрес кај Зоран Заев, кој не беше сведок, туку осомничен во случајот „Пуч“, а доцнеше со предавањето на прислушуваните материјали и дали СЈО ќе побара наредба за претрес кај Заев кој не ги предаде сите 500.000 прислушувани материјали, кои тврдеше дека ги поседува до обвинителството?

Одговор на овие прашања Канал 5 побара од СЈО, но до емитувањето на овој прилог не добивме повратен одговор.


Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер