Јавниот долг на Албанија минатата година намален за 4,4 отсто - Канал 5

Јавниот долг на Албанија минатата година намален за 4,4 отсто

 Албанското министерство за финансии и економија објави дека јавниот долг минатата година забележал намалување за 4.221 милиони лека односно за 4,4 отсто споредено со претходната година.

Јавниот долг на Албанија минатата година намален за 4,4 отсто

-Според показателите на Министерството за финансии и економија, јавниот долг достигнал 1.378.400 милиони лека, од 1.382.625 милиони во 2021 година. Тоа потврдува дека јавниот долг за првпат бележи намалување од 1995 година, јави државната агенција, АТА.

Јавниот долг во однос на Бруто домашниот производ(БДП) на крајот на 2022 година достигнал 66,97 отсто од БДП, што бележи намалување од 6,2 процентни поени, во однос на претходната година (2021 година), кога состојбата на долгот во однос на БДП изнесувал 73,16 отсто.

Надолниот тренд на нивото на јавниот долг се очекува да се забрза во наредните години и да достигне ниво од 64 отсто од БДП во 2026 година.

Оптимистички се процените и за нивото на економски раст со стапка од 2,6 отсто во 2023 година и се очекува да биде во просек околу 3,9 проценти годишно во следниот среднорочен период 2024-2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германец го тужеше „Google“ поради снимки од куќа на „Google Maps“

Германски суд пресуди дека фотографии од станбени објекти во Германија не смеат да се објавуваат на „Google Earth“ и „Google Maps“ доколку сопствениците се спротивстават. 

Германец го тужеше „Google“ поради снимки од куќа на „Google Maps“

Одлуката уследи откако сопственик на куќа во Франкфурт го тужеше „Google“ поради користење сателитски снимки од неговиот имот. Претходно, истиот сопственик успеа да издејствува заматување на фотографиите од предниот дел на неговата куќа на сервисите „Google Street View“ и „Apple Look Around“.

Сега, тој покрена постапка и во врска со снимките од воздух на „Google Earth“ и „Google Maps“. Регионалниот суд во Франкфурт повторно пресуди во негова корист, утврдувајќи дека користењето на такви снимки без негова согласност е незаконско.

„Никој не треба да биде принуден да прифати јавно дистрибуирање на снимки од воздух од неговиот имот ширум светот без негова согласност, особено кога фотографиите прикажуваат делови од имотот што не се видливи за јавноста“, се наведува во соопштението на судот. Во овој случај, снимките на „Google Earth“ и „Google Maps“ го прикажуваа и задниот дел од куќата, кој минувачите не можат да го видат од улицата.

Судот го обвини „Google“ за шпионирање

Судот го обвини „Google“ дека дошол до снимките преку шпионирање, со образложение дека сопствениците на имотите не биле однапред известени оти сателити ќе ги снимаат нивните домови. Поради тоа, тие немале можност навреме да ги покријат деловите од својот имот што не сакале да бидат јавно достапни. Судиите исто така заклучија дека „Google“ не може да го оправда ваквото однесување повикувајќи се на правото на корисниците на интернет да пристапуваат до информации.

Судот оцени дека целта на „Google“ – придонесот кон демократизацијата на знаењето и создавањето транспарентно информатичко општество – е легитимна. Сепак, заклучи дека оваа цел не го оправдува навлегувањето во приватниот простор на сопствениците на имоти. Пресудата сè уште не е правосилна, бидејќи постои можност за жалба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОКТА ја продолжи иницијативата за попуст од два денари по литар дизел гориво

ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар на горива, воведувајќи привремен попуст од два денари по литар дизел..

ОКТА ја продолжи иницијативата за попуст од два денари по литар дизел гориво

Попустот стапува во сила денеска и ќе важи до 2 ноември 2026 година.. намалувањето ќе се однесува на дизел-горивото што ОКТА АД – Скопје им го испорачува на трговците на големо и на мало. крајните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат самите трговци, согласно со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови..

Со попусот на ОКТА, цената на дизелот ќе изнесува 97 денари.. цената што вчера ја испорача регулаторна изнесуваше 99 денари за литар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица

Во Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа показна вежба за постапување при пожар, со цел проверка на подготвеноста за итни ситуации, координацијата меѓу надлежните служби и процедурите за безбедна евакуација на повозрасните лица.

Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица

Вежбата се реализираше по повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, под мотото „Отпорноста започнува дома“, со акцент на превенцијата и заштитата на граѓаните на кои им е потребна дополнителна поддршка.

Во вежбата учествуваа просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, Пожарната бригада на Град Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и СВР Скопје, заедно со раководството и персоналот на Пензионерскиот дом. На настанот присуствуваа претставници на локалните и националните институции и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја истакна важноста на практичната подготовка и заедничкото дејствување на институциите.

-Безбедноста на нашите сограѓани е приоритет, а повозрасните лица заслужуваат особено внимание и грижа. Во итни ситуации секоја секунда е важна. Со ваквите вежби ја проверуваме подготвеноста, ги унапредуваме процедурите и ја зајакнуваме координацијата меѓу службите. Благодарност до сите учесници и до УНДП за партнерството и поддршката во градењето побезбедна и поотпорна општина - порача Стојкоски.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, нагласи дека отпорноста започнува дома, но се гради заеднички.

-Затоа е важно редовно да ги проверуваме процедурите, да ја подобруваме координацијата меѓу институциите и да бидеме сигурни дека секој може навремено и безбедно да биде евакуиран - изјави Григорјан.

Повозрасните лица се меѓу најранливите категории при катастрофи. Ограничената подвижност, здравствените состојби и потребата од помош при евакуација ја нагласуваат важноста на јасните процедури, обучениот персонал и навремената интервенција.

Целта е ваквите практични вежби да станат редовна практика и да придонесат за постојано унапредување на локалниот систем за заштита и спасување, затоа што навремената подготовка и добрата координација можат да спасат животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер